Спорт
Балканците се хит во НБА (видео)
Играчите од просторите на поранешна Југославија, Лука Дончиќ, Бојан Богдановиќ, Богдан Богдановиќ и Јусуф Нуркиќ, синоќа блескаа во НБА-лигата.
Далас Маверикс забележа победа над Индијана Пејсерс 110:101. Дончиќ погоди две тројки во финишот со кои го реши победникот, а мечот го заврши со 26 поени, 10 скока и 7 асистенции. Индијана ја предводеше Хрватот Богдановиќ со 22 поена.
Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ беше најдобриот играч на Сакраменто Кингс во драматичниот пораз од најдобриот тим во лигата Милвоки Бакс.
Во поразот 141:140 Богдановиќ забележа 28 поени и по осум скока и асистенции. Кај Милвоки се истакна Ерик Бледсо со петтиот трипл-дабл во кариерата (26 поени, 12 скока и 13 асистенции).
Портланд Трејлблејзерс победи во Бостон 97:92. Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ, мечот го заврши со 16 поени, шест скока и три асистенции. Демијан Лилард за победниците постигна 33 поени, а Кајри Ирвинг во четвртиот последователен пораз на Селтикс реализира 31 поен.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Хјустон Рокетс 113:118
Атланта Хокс-Минесота Тимбервулфс 131:123
Бруклин Нетс-Вашингтон Визардс 116:125
Мемфис Гризлис-Чикаго Булс 107:109
Сан Антонио Спарс-Детроит Пистонс 105:93
Јута Џез-ЛА Клиперс 111:105
ЛА Лејкерс-Њу Орлеанс Пеликанс 125:119
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
МВП на Евролигата во Милвоки, Јанис нема да ги напушти Бакс
Јанис Адетокумбо, како шо сега стојат работите ќе остане во Милвоки најмалку до крајот на сезоната.
Според новинарот на „ESPN“, Шамс Чаранија, Кол Ентони и Амир Кофи се селат во Феникс, додека Ник Ричардс и Најџел Хејс-Дејвис ќе ги продолжат своите кариери во Милвоки.
Со овој потег, Бакс дополнително ја зајакнуваат ротацијата под кошот, со оглед на тоа што Ричардс носи физичко присуство и дефанзивна стабилност на центарската позиција, додека Хејс-Дејвис е играч кој може да придонесе енергија и ширина на ротацијата на крилата.
Од друга страна, Санс добиваат дополнителна длабочина во надворешната линија. Кол Ентони треба да преземе позначајна улога во организацијата на играта, како „бек-ап“ плејмејкер, додека Амир Кофи носи дефанзивна флексибилност и можност за покривање на повеќе позиции.
Официјална потврда за размената се очекува наскоро, откако двата тима ќе ги завршат сите административни детали.
Foto/ EPA
Спорт
Баерн го задржа Серж Гнабри
Фудбалерот на Баерн, Серж Гнабри, го продолжи договорот со клубот од Минхен до 30 јуни 2028 година, објави најтрофејниот германски клуб.
Во соопштението не се наведени финансиски детали за договорот.
„Воодушевен сум што ќе можам да играм за Баерн уште неколку години. Причините за продолжување на договорот се тимот, тренерите, целиот клуб, навивачите, градот, околината… Се чувствувам многу удобно во Баерн“, рече Гнабри, објави веб-страницата на клубот.
Гнабри (30) пристигна во Баерн во 2017 година од Вердер Бремен. Тој одигра 311 натпревари за клубот од Минхен и постигна 100 гола, а освои 15 трофеи со Баерн.
Foto/ depositphotos
Спорт
Четворица се враќаат, но Реал ќе биде сериозно ослабен во Валенсија
Во недела, Реал Мадрид ќе игра без Винисиус Жуниор и Џуд Белингам на гостувањето кај Валенсија во 23-то коло од шпанската Ла Лига.
Винисиус го пропушта натпреварот поради пет жолти картони, додека Белингам нема да игра поради повреда на тетивата. Не е прецизиран датум за неговото враќање, но се очекува да отсуствува до шест недели.
Реал Мадрид има шест победи по ред во првенството, но сепак е втор на табелата со 54 бода, еден помалку од лидерот Барселона.
Добри вести за тренерот Арвало Арбелоа е дека за место во тимот ќе конкурираат: Трент Александар-Арнолд, Антонио Ридигер, Дани Карвахал и Ферланд Менди.
Foto/ depositphotos

