Спорт
Бањаја доминираше во Австрија
Пеко Бањаја направи уште еден голем чекор кон шампионската титула во „кралската класа“, во Мото ГП шампионатот. Актуелниот шампион, во една здодевна трка, ја освои Големата награда на Австрија.
Бањаја, вчера победи во спринт трката, а супериорноста ја потврди и попладнево на главната трка за Големата награда на Австрија. Бањаја стартуваше од пол-позиицијата, наметна жесток ритам, кој во првите три круга успеа да го следи само Бред Биндер на КТМ.
Јужноафриканецот го освои второто место, а трет заврши Марко Бецеки од ВР46. Успехот на тимот на Валентино Роси го надополни Лука Марини со четвртото место.
Пласман меѓу првите десет изборија Алекс Маркез, Вињалес, Мартин, Квартараро, Алеиш Еспаргаро, Бастијанини.
Во генралниот пласман Бањаја има 251 бод, 62 повеќе од возачот на Прамак Дукати Хорхе Мартин, трет е Бецеки со 183.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина во 16-то коло ја запиша првата победа
Звучи неверојатно, но славниот клуб од Фиренца токму овој викенд ја забележа својата прва победа во италијанското првенство.
Во претпоследниот натпревар од 16-то коло од Серија А, Фиорентина го победи Удинезе со 5:1 (3:0).
Фиорентина имаше предност од три гола по првите 45 минути, а разликата меѓу двата клуба ја црвениот картон на гостинскиот голман Мадука Окоје, кој беше исклучен во осмата минута.
Фиорентина знаеше како да го искористи играчот плус на теренот и постигна три гола пред паузата. Стрелци беа Роландо Мандрагора, Алберт Гудмундсон и Шер Ндур.
Во второто полувреме, домашните постигнаа уште два гола, двата во режија на Моизие Кен, а почесниот гол за гостите, го постигна Умар Соле.
Интересно е што ова е прва победа за Фиорентина од последното коло од минатата сезона кога славеа против истиот ривал (3:2 во Удине).
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Ножичките на Ел Каби го отворија Африканскиот куп
Мароканската фудбалска репрезентација го отвори 35-от Африкански куп на нации со победа. Домаќинот на турнирот ја победи селекцијата на Коморските Острови со 2:0.
Натпреварот на стадионот „Принцот Мулај Абделах“ во Рабат, го обележа спектакуларниот гол на Ел Каби. Напаѓачот на Олимпијакос од Атина, пред година и пол најдобар стрелец на Конференцијата на Лигата на УЕФА, влезе во игра во 65-та минута, а само девет минути подоцна ја разубави и ја завери победата на својата селекција на отворањето на првенството со спектакуларни ножички.
Мароко претходно поведе во 55-та минута со голот на играчот на Реал Мадрид, Брахим Диаз, на асистенција на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Мазрауи.
Рахими можеше да го доведе Мароко во водство во 11-та минута, но неговиот удар од пенал, го одбрани голманот Јаник Пандор.
Мароко беше шампион на Африка само еднаш, во 1976 година, и затоа овој пат како домаќин на турнирот, ќе биде под голем притисок да ја освои титулата и во исто време да го оправда. четврто место од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Во второто коло, во петок, 26 декември, Мароко ќе игра против Мали, додека Коморите ќе се соочат со Замбија истиот ден.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Барселона ја потопи „жолтата подморница“
Фудбалерите на Барселона лесно го победија Виљареал во 17-то коло од Примера (2:0), со што ја забележаа својата осма последователна победа во шпанската елита.
Избраниците на Ханси Флик, во Виљареал, го отворија резултаот во 12-та минута, кога Рафиња погоди од пенал.
Потоа следуваше шоуто на Ламин Јамал. Прво, Ренато Веига доби директен црвен картон во 39-та минута за наивен старт врз суперталентираниот 18-годишник, а пота Јамал во 63-та минута го постави конечниот резултат.
Јамал го постигна својот седми гол во 14-от лигашки натпревар, има и седум асистенции.
Од неуспехот во Ел Класико, Каталонците имаат само победи, со импресивна гол-разлика од 26:8. Во следниот натпревар, тие ќе гостуваат кај нивниот голем ривал Еспањол.
Барселона е на чело на табелата со 46 бода, четири повеќе од Реал Мадрид, Венаш зад водечката двојка е Атлетико, додека „жолтата подморница“ го зазема четвртото место.
Foto/ depositphotos

