Спорт
Бања Лука со фешта го пречека Новак Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ синоќа пристигна во Бања Лука каде ќе учествува на новиот турнир во овој град.
Ѓоковиќ во главниот град на Република Српска пристигна околу 19. 30 часот, а стотици луѓе го чекаа на аеродромот и пред хотелот во кој ќе престојува.
Српскиот тенисер беше видно расположен и не му беше тешко да разговара и да се фотографира со фановите. Беа запалени факели во чест на Новак Ѓоковиќ, а тој сигурно ќе сака да освои трофејот во Бања Лука и да го придодаде на богатата колекција.
„Бања Лука со години успешно организира челенџери, а сега е тоа АТП турнир 250 и единствена можност за мене да играм во Бања Лука“, изјави Ѓоковиќ.
The #Djokovic frenzy in Banjaluka has begun.#SrpskaOpen
📽️: Atv Banja Luka pic.twitter.com/P8E1lr2IFe
— Luka Nikolić (@luksie1) April 16, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Инциденти на „Пољуд“ и низ улиците во Сплит

Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук.
„Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти.
Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше.
„Далматински Портал“ пишува дека на улиците околу „Пољуд“ во тек се масовни тепачки меѓу навивачите и полицајците.
Полицијата со кратко соопштение објави дека „по завршувањето на фудбалскиот натпревар, за време на полициските акции надвор од стадионот, поголема група луѓе ги нападнала полицајците“, беше наведено и додадено:
„Јавниот ред и мир се воспоставени. Полициската акција на терен и апсењето на лицата се во тек“.
Хајдук претрпе тежок пораз пред 32.111 навивачи против најголемиот ривал Динамо (1:3), кој по седум месеци повторно е лидер во хрватскиот шампионат.
Спорт
(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари.
Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката.
Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното возило, спринтот конечно започна.
Charles Leclerc hits the wall!! 😱
With rain falling heavily, Leclerc sustains heavy damage on his way to the grid after contact with the wall#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/XGiaxPPuBq
— Formula 1 (@F1) May 3, 2025
Кими Антонели ја загуби првата позиција во првиот свиок. Оскар Пјастри нападна агресивно, практично принудувајќи го Антонели да помине широко, па освојувачот на пол-позицијата веќе беше зад двата Мекларена и Макс Ферстапен.
Во 13-от круг возачите почнаа да влегуваат во боксот за да менуваат гуми.
Прво, Ферстапен го удри Антонели при излегување од местото за менување гуми, поради што беше и казнет, а остана и без предно крило. Ферстапен беше казнет со 10 секунди.
Лиам Лосон направи грешка и таа грешка го чинеше Фернандо Алонсо, кој оштети својот автомобил. Карлос Саинц остана без тркало…
Општиот хаос во Мајами го дополни Пјастри кој пресече дел од патеката во 13-от круг, направи грешка и на крајот го загуби првото место во борбата со својот клупски колега Ландо Норис.
Како што започна, со безбедносно возило, спринтерската трка заврши поради остатоци на патеката.
Четвртото место му припадна на Албон, петтото на Расел.
Строл се најде на седмото место, а по него следуваа Лосон, Берман, Цунода кој стартуваше од последното место и Антонели.
Макс Ферстапен беше четврти, но поради казната заврши последен, 17-ти.
Квалификациите за трката во недела се закажани за 22 часот.
Спорт
Вардар ја продолжи серијата без пораз, во Чаир го победи Шкупи

Фото/ facebookFKVardarSkopje
Фудбалерите на Вардар во Чаир го победија Шкупи со 2:0, во првиот натпревар од 30.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Вардар под водство на Гоце Седлоски (доби црвен картон во првото полувреме) ја продолжи пролтената ренесанса, најтрофејниот македонски клуб нема пораз на последните 14 натпревари, а успеа по пауза од шест години да победи на теренот на Шкупи.
Головите за Вардар ги постигнаа Роџерс Мато во 45. минута и Мислав Матиќ во 70. минута.
Вардар сега се наоѓа на шестото место на табелата со 38 бода и веројатно до крајот на сезоната ќе успее да го мине Гостивар кој сега е петти.