Спорт
Бањаја во фото-финиш го победи Бастијанини во Мизано за историска победа

Франческо Бањаја стана првиот возач на Дукати во историјата кој стигнал до четири победи во низа, откако во епската трка во Мизано во фото-финиш го совлада италијанскиот сонародник, Енеаа Бастијанини.
Џек Милер стартуваше од пол-позицијата првпат по четири години, за да ги остави зад себе Бастијанини и колегата од Дукати, Франческо Бањаја, додека зад нив имаше хаос – Бред Биндер го „закачи“ Жоан Зарко, кој пак се удри во Микеле Пиро и Пол Еспархаро.
Веќе во вториот круг во аут беше и лидерот Милер, а лошите вести за Дукати дојдоа и кога Марко Бецеки падна во истот круг. Напред, Бастијанини беше лидер, пред Бањаја да го помине во третиот круг, но да направи грешка и да дозволи Маверик Вињалес да го преземе водството. Сепак, Бањаја бргу во врати водството, за потоа и Бастијанини да го помине Вињалес за во интересен финиш, Бастијанини да успее да се доближи до Бањаја и на крајот да ја загуби трката за само 0.034 секунди.
Бидејќи светскиот шампион Фабио Квартараро беше само петти зад Лука Марини, иако остана лидер во генерален пласман со 211 поени, Бањаја сега заостанува само 30 поени.
San Marino GP: Francesco Bagnaia & Enea Bastianini was SO CLOSE ???? on the finish line until it needed a photo-finish.
Pecco pulled through, but Enea had the fastest lap. Amazing.
???? @MotoGP via @SPOTV_Indonesia (fan documentation & upload)pic.twitter.com/svBQCvdwGs
— stateofsport21 // raz (she/her) (@eretzsport022) September 4, 2022
There's nothing sweeter than winning at home! ❤️#SanMarinoGP ???????? pic.twitter.com/RMu5jaVozI
— MotoGP™???? (@MotoGP) September 4, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Средба која се чека со години: Ана Ивановиќ и Ѓоковиќ повторно заедно?

Ана Ивановиќ и Новак Ѓоковиќ би можеле повторно да се сретнат за прв пат по долго време.
На турнирот во Женева, најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ќе ги направи последните подготовки за Ролан Гарос, а се очекува да пристигне и некогашната српска тенисерка Ана Ивановиќ во својство на почесна гостинка и поранешна шампионка, пренесуваат српските медиуми.
Нивната средба би можела да се случи во многу деликатен момент за двајцата.
Имено, се повеќе се шпекулира дека Ана поминува низ брачна криза со Бастијан Швајнштајгер и дека развод е на повидок.
Од друга страна, Новак поминува низ чуден период. Од почетокот на годината, тој е далеку од препознатливо ниво, се откажа од мастерсот во Рим без конкретна причина, а се повеќе се шпекулира за крајот на неговата кариера.
Турнирот во Женева е закажан од 17 до 24 мај.
Спорт
Алонсо се збогуваше со Леверкузен: „Разговарав со играчите“
Веќе нема никаква дилема, Чаби Алонсо јавно потврди дека ја напушта клупата на Баер Леверкузен и дека ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.
Официјална потврда дојде и од главниот актер.
На прес-конференцијата пред натпреварот од Бундеслигата против Борусија Дортмунд, Алонсо откри пред јавноста дека веќе разговарал со играчите и дека ќе се збогува со клубот во преостанатите два натпревари од сезоната.
„Оваа недела, клубот и јас се согласивме дека ова ќе бидат моите последни два натпревари во Леверкузен. Ова е вистинско време да го објавам тоа бидејќи секогаш имавме добра комуникација. Мораме да уживаме во овој момент со измешани емоции. Разговарав со играчите и персоналот, не беше лесно. Имавме одличен однос и тоа беше клучот. Тие веруваа во мене и ме следеа. Сакам да се збогувам на вистински начин овој викенд“, рече Алонсо.
Алонсо, поранешен шпански репрезентативец, играше за Реал Мадрид од 2009 до 2014 година за време на својата играчка кариера и освои бројни трофеи со Реал, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите во 2014 година.
Спорт
Мекалистер прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Мекалистер постигна два гола и имаше една асистенција во пет натпревари од Премиер лигата во април, со што за прв пат ја освои наградата за играч на месецот во Премиер лигата.
Ливерпул забележа четири победи и еден пораз во тој период, а исто така ја обезбеди и титулата откако изгради непобедлива предност пред Арсенал.
Менаџерот на Вулверхемптон Вондерерс, Витор Переира, е прогласен за менаџер на месец април во Премиер лигата.
Переира за прв пат ја освои наградата за најдобар тренер на месецот во Премиер лигата.
Вулверхемптон минатиот месец забележа пет победи од исто толку натпревари и го обезбеди опстанокот во Премиер лигата.