Спорт
Барди кариерата ја продолжува во Бодрум

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, го напушти Трабзон, но ќе остане во Турција. Барди потпиша договор со Бодрум.
Барди за Трабзон последниот меч го одигра кон крајот на октомври минатата година. Во ноември, тренерот Шенол Ѓунеш нему и на уште тројца играчи им забрани да тренираат со првиот тим.
Изборот на клубот претставува изненадување, бидејќи Барди се поврзуваше со враќање во Шпанија (Ваљадолид“ и Хајдук Сплит.
Бодрум до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок. Клубот забележа само четири победи во првите 19 натпревари. Бодрум се наоѓа на 16.место на табелата со 16 бода, четири помалку од првиот тим кој се наоѓа во безбедната зона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Салах и Ѓокереш во трка за „Златната копачка“

Крајот на сезоната се ближи во повеќето европски национални шампионати, а трката за „Златната копачка“, влегува во неизвесен финиш.
Мохамед Салах беше и стрелец синоќа во победата на Ливерпул над Тотенхем (5:1). Салах го постигна 28. гол сезонава. Кога бројот на постигнати голови ќе се помножи со коефициентот „2“, се доаѓа до бројката 56.
Лидер на листата е Швеѓанецот од Спортинг, Виктор Ѓокерес постигна четири гола против Боависта. Ѓокереш дојде до бројката од 38 гола во сезоната, со коефициент од 1,5 напаѓачот на Спортинг Лисабон моментално ја предводи трката за „Златната копачка“ со 57 бода.
На третото место е Роберт Левандовски кој е повреден и прашањето е дали ќе може да се вмеша во ваа трка. Тој е на 50 поени. Хари Кејн и Матео Ретеги имаат 48 поени.
Како што сега стојат работите во последните три рунди, за „Златната копачка“ ќе се борат Салах и Ѓокерес.
Спорт
(Видео) Ридигер му се извини на судијата Де Бургос за дивјачкото однесување

Фудбалерот на Реал, Антонио Ридигер, јавно им се извини на судијата и навивачите за своето однесување во финишот, поради што доби црвен картон во финалето на Купот на Кралот и поразот. Купот го освои Барселона со победата 3.2, остварена во 116.минута.
Германскиот репрезентативец, незадоволен од една одлука на Де Бургос, фрли пластично шише кон судијата, а потоа се обид и да влезе на теренот за да се пресмета со нег.
Шпанските медиуми објавија дека тој се соочува со суспензија од четири до 12 натпревари.
„Дефинитивно нема оправдување за моето однесување. Многу ми е жал. Одигравме многу добар натпревар од второто полувреме, по 111. минута повеќе не можев да му помогнам на мојот тим, а пред последниот свиреж направив грешка. Уште еднаш им се извинувам на судијата и на сите што ги разочарав“, напиша 32-годишниот Ридигер на социјалната мрежа „X“.
Antonio Rudiger is sent off the pitch! 🟥 pic.twitter.com/wUsZXlPGDi
— Running Rüdiger (@RudigerRunning) April 26, 2025
Спорт
(Видео) Алкалоид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот – Последните минути од драмата во Норвешка

Фото/ rkalkaloid.mk
Алкалоид го оствари најголемиот успех во клупската историја со пласманот во финалето во ЕХФ Европскиот куп. Против Рунард Сандефјор, Алкалоид ја доби пенал драмата. откако реваншот во 60 минути заврши со 34:29 за норвешкиот тим. Со иста разлика Алкалоид победи во Скопје пред една недела.
Еден од хероите на Алкалоид секако е голманот Иван Галевски, во последните секунди од натпреварот со брилијантна интервенција го одбрани голот и спречи елиминација на Алкалоид.
Алкалоид во финалето ќе игра против АЕК. Финалните натпревари ќе се играат на 17/18 мај и 24/25 мај.