Спорт
Барди мајсторски го прекина „постот“ за Леванте за голема победа над Сосиедад! (обновено) (видео)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/EIJbQ7HWwAAvfL1.jpg)
Енис Барди, конечно, по 11 кола постигна гол за Леванте во шпанската Ла лига, користејќи ја шансата да биде во стартниот тим на клубот од Валенсија за да го постигне водечкиот гол на тешкото гостување кај Реал Сосиедад и да биде клучниот човек при 1:2 победата над тимот кој можеше да стане прв со победа во овој меч.
По една убава асистенција на Мелеро во 24. минута од мечот, Барди успеа да го лобува голманот на Сосиедад, Ремиро за водство на својот тим.
Борха Мајорал во 42. минута зголеми на 2:0, добивајќи ја топката по еден прекрасен удар на Барди од далечина, кој заврши во гредата.
Барди поголемиот дел од стартот на сезоната ја помина во аут со повреда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Неста се врати во Монца
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1734969506-GettyImages-2191096933.jpg)
Алесандро Неста се врати во Монца, откако клубот очекувано му врачи отказ на Салваторе Бокети, по шест порази во седум натпревари.
Шефот на клубот Адријано Галијани веднаш реагираше и реши на тренерската позиција да го врати Алесандро Неста со кого во декември го раскина договорот по поразот од Јувентус.
„Монца објавува дека го отповика отказот за Алесандро Неста, кој ја продолжува својата улога како тренер на првиот тим“, се вели во соопштението на ФК Монца.
Неста го предводеше тимот на 17 натпревари оваа сезона, со една победа, седум нерешени и девет порази. Монца моментално има само 13 бода, осум помалку од Емполи кој е на 17. место во зоната за опстанок во Серија А.
Спорт
Конте: Кога дојдов, не ми рекоа дека целта е шампионската титула
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/antonio-conte-1739177713881-600x340-1.jpg)
Тренерот на Наполи, Антонио Конте се обидува да ги смири емоциите по ремито со Удинезе. Наполитанците синоќа одиграа 1.1 со Удинезе на домашен терен, што во италијанските медиуми е преставено како неуспех.
Навивачите на Наполи вечат дека ова е кикс кон патот до шампионската титула, додека тренерот се обидува да објасни дека тоа не било ни во план.
„Ремито со Удинезе не е катастрофа. Ова е добар тим со добри играчи. Ова не е пропуштена шанса. Да не бегаме од реалноста. Во следните 14 натпревари треба да обезбедиме пласман во европските купови. Тоа беше барањето на клубот кога пристигнав. Ова ги вклучува Лига Европа и Конференциската лига. Сега сме во позиција каде што секој би сакал да биде, но колку сте поблиску до врвот, толку ветровите се посилни. Во последните девет натпревари имаме седум победи и две нерешени, а израмнувачкиот гол против Рома го примивме во 93. минута“, изјави тренерот на Наполи, Антонио Конте.
Тој смета дека неговите фудбалери постигнуваат резултати над сите очекувања.
Спорт
Дурент се чувствува изневерен од Феникс Санс, подготвен е да го напушти клубот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/34466_nuggets-suns-basketball_f.jpg)
Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА, Кевин Дурент, се налутил кога дознал дека клубот преговара со Голден стејт за размена на играчи, во кој требало да биде главната ѕвезда.
Според некои медиуми, Дурент и неговиот менаџер дури на 31. јануари дознале за можноста искусниот кошаркар да се врати во Сан Франциско, а повеќе детали дознал од поранешниот соиграч Стеф Кари по натпреварот кој Вориорс и Санс го одиграа на 1.февруари.
Инаку, претходно Дурент одби трејд во Сан Фрннциско, што имаше врска со неговата претходна историја со Вориорс, Голден Стејт се надеваше дека ќе се постигне договор.
Бидејќи не беше воспоставена соработка, Вориорс го ангажираа Џими Батлер од Мајами Хит, кој првично беше планиран како опција од Санс во случај Дурент да си замине.
Бидејќи Дурент, како што споменавме, се чувствува изневерен од Санс, не е исклучено да се реши да го напушти клубот по завршувањето на сезоната и покрај тоа што има договор до 2026 година.