Спорт
Барди станува „топчија“, тврдат во Шпанија

Арсенал дале понуда за македонскиот репрезентативец на Леванте, Енис Барди јавува шпанското радио „Онда серо“, но додава дека и Фиорентина се заинтересирани за фантастичниот фудбалер од средниот ред.
25-годишниот Барди пристигна во Леванте од Ујпешт за 1.5 милиони евра пред три години, а денеска уште еднаш го покажа талентот со постигнување на прекрасен гол при 4:2 победата на Леванте над Реал Бетис.
Понудата од Арсенал засега е единствена за Барди, но радиото додава дека постои интерес и од Фиорентина и од засега неименуван клуб од Бундеслигата.
Барди постигна 16 гола во три сезони со клубот и оваа сезона е еден од најпостојаните во тимот на Пако Лопез, каде што игра на левото крило. Барди има 3 гола и 4 асистенции во 27 меча во 2019/20.
El @Arsenal ha presentado una importante oferta por @enisbardhi10
➡️@acffiorentina y un equipo de la Bundesliga también están detrás del macedonio pic.twitter.com/3WDr6ewnxN
— ONDA DEPORTIVA (@ODValencia) June 28, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Клучен натпревар за двете репрезентации – Србија ќе ја пречека Албанија во Лесковац

Фудбалерите на Србија нема да ја пречекаат Албанија во Белград во квалификациите за Светското првенство што ќе се игра во 2026 година.
На веб-страницата на УЕФА се појави официјална информација дека Србија нема да биде домаќин на албанските фудбалери во Белград, наведено е дека натпреварот ќе се одигра на стадионот „Дубочица“ во Лесковац. Капацитетот на овој стадион е околу 8.000 места.
Првично беше планирано натпреварот да се игра во Белград, но потоа Фудбалскиот сојуз на Србија побара да се премести во Лесковац, што и УЕФА го прифати и потврди, како што објавија и Албанците.
„По средбата со Англија во Белград, одлуката за промена на локацијата беше донесена врз основа на детални анализи на сите аспекти поврзани со организацијата на спортски настан со висок ризик како што е претстојниот дуел со Албанија.
Клучната причина е безбедноста. Не само публиката, туку пред сè играчите и сите други актери во играта. Ваквата средба носи највисок степен на ризик и бара целосна контрола со цел да се спречат инциденти како што веќе имавме можност да видиме во дуелите на овие два тима. Сите добро ги паметиме настаните и последиците од Белград во 2014 година“, се вели меѓудругото во соопштението што го објави Фудбалскиот сојуз на Србија.
Овој натпревар ќе се игра на 11 октомври.
foto/ EPA
Спорт
(Видео) Дуплантис повторно го сруши светскиот рекорд

Арманд „Мондо“ Дуплантис повторно постави светскиот рекорд во скок со стап на планетарното првенство во Токио. Најголемата ѕвезда на светската атлетика прелета 6,30 метри во својот трет обид и за еден сантиметар го надмина својот личен и планетарен рекорд поставен во Будимпешта пред нешто повеќе од еден месец. Ова е 14-ти пат во неговата кариера да го подобри најдобриот резултат на планетата.
„Мондо“, исто така, собра дополнителни 100.000 долари, кои се доделуваат на натпреварувачот кој ќе го постави светски рекорд.
Пред светскиот рекорд, неверојатниот Швеѓанец ги прелета сите височини од прва. Го обезбеди златото со 6,15, а потоа следеше она на што сите се надеваа на преполниот Олимписки стадион во јапонската престолнина. Ова е негова четврта последователна титула светски шампион.
ARMAND DUPLANTIS : PREMIER HOMME DE L’HISTOIRE À PASSER LA BARRE DES 6M30. 😳#Tokyo2025 #WCHTokyo25 pic.twitter.com/A6RogMtyeZ
— Le Stade (@le_stade) September 15, 2025
Во сенка на чудесниот „Мондо“, до среброто стигна Гркот Емануел Каралис, кој скокна точно 6 метри, додека на најниската скала на подиумот се искачи Австралиецот Куртис Маршал со 5,95 метри.
Foto/ EPA
Спорт
Сензација на 3.000 метри „стипл-чез“, Бимиш во солзи го остави фаворитот Ел Бакали

Георди Биниш од Нов Зеланд забележа сензационална победа на 3.000 метри „стипл-чез“ на Светското првенство во Токио.
Биниш во спектакуларен финиш, во последните пет метри успеа да го победи Софијан Ел Бакали, инаку двократнен олимписки и трикратен светски шампион.
Делуваше дека Ел Бакали ќе забележи лесна победа. Како и многу пати во кариерата, тој беше на задните редови, па полека забрза. На 150 метри пред целта, се проби на првото место и се чинеше дека ќе ја одбрани титулата.
Бимиш не мислеше така, кој неверојатно забрза и почна да се приближува до Мароканецот. На крајот, го помина и славеше со време од 8:33.88.
Бакали беше во апсолутен шок по трката. Легна на патеката и плачеше. Никој не можеше да го утеши за златото што му избега за пет стотинки.
Кениецот Едмунд Серем успеа да ја освои бронзата во втор план со 8:34.56.
Немаше изненадувања во финалето на фрлање кладиво за жени. Олимписката и светска шампионка Камрин Роџерс рутински ја одбрани својата круна.
Го фрли кладивото најдалеку оваа сезона 80,51, а нејзините втори и трети најдобри резултати беа повредни од постигнувањето на второпласираната Кинеска Жао (77,60) метри. Третата беше уште една репрезентатвка на Кина Жанг со 77,10.
Foto/ EPA