Спорт
Барди стрелец, Македонија води (0:1) против Гибралтар на полувреме
Топспорт во Гибралтар,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија води (0:1) на гостински терен против Гибралтар на гости, во вториот натпревар од Лигата на нации. Стрелец на голот беше капитенот Енис Барди во 21.минута од мечот.
Нашиот националелн тим имаше доминација, а во осмата минута Милан Ристовски со удар од 14 метри ја погоди гредата од голот на Гибралтар.
Десет минути одлична шанса имаше и Гибралтар. Висар Муслиу направи грешка, сакаше да ја врати топката назад кон голманот Дени Илиев, а го проигра Валарино. Сепак, тој не успеа да погоди од изгледна позиција.
Македонија поведе со голот на Енис Барди во 21.минута. По корнерот од левата страна, Барди се одлучи на шут од 12 метри го совлада голманот на Гибралтар.
Во 40.минута, Стефан Спировски упати силен удар од далечина, но домашниот голман одбрани.
— Thahsg (@Thahsg2) June 5, 2022
ГИБРАЛТАР – МАКЕДОНИЈА 0:1 (0:1)
Стадион „Викторија“ во Гибралтар. Гледачи: 1.500. Судија: Алан Дуро (Луксембург). Стрелци: Барди 21′ (Македонија).
ГИБРАЛТАР: Колеинг, Џоли, Вајсман, Брито, Торилја, Лопес, Анесли, Оливеро, Вокер, Валарино, Стич.
МАКЕДОНИЈА: Илиев, Тодороски, Муслиу, Серафимов, Алиоски, Барди, Спировски, Николов, Елмас, Трајковски, М. Ристовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Баскиското дерби му припадна на Реал Сосиедад

Реал Сосиедад го доби дербито на Баскија и го скокна Атлетик Билбао на табелата. Во Сан Себастијан, Сосиедад го победи Атлетик со 3:0.
Баскиското дерби донесе динамичен фудбал, а победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси.
Серијата ја отвори дефанзивецот Ле Норман во 29.минута, кога добро реагираше по центашутот на Меднез.
Вториот дел започна со шансата за Атлетик, која не ја реалзиира Ињаки Вилијамс. Казната следуваше во наредниот напад. Таке Кубо зголеми на 2:0 со својот петти гол оваа сезона.
Точка на натреварот стави Ојерзабал, по одличното додавање на Зубименди.
Сосиедад се искачи на четвртото место со 15 поени, еден повеќе од Атлетик.
Спорт
(Видео) Лаутаро шоу во Салерно – Покер голови на Аргентинецот

Лаутаро Мартинез го врати Интер на делба на првата позиција во Серија А. Аргентинецот го предводеше Интер до шестата победа во седмиот натпревар сезонава. Ги постигна головите во триумфот на Интер кај Салернитана со 4:0 (0:0).
За првиот покер голови во кариерата на Лаутаро Мартинез му беа потребни 27.минути во последната третина од натпреварот. Аргентинецот натпреварот го почна како резерва, на теренот влезе во 54.минута и го започна своето шоу.
Првиот гол го постигна во 62. минута на асистенција на Тирам, а потоа го удвои водството во 77. минута кога Барела му ја додаде топката.
Тој постигна хет-трик во 85. минута кога реализираше пенал, за конечните 4:0 да ги постави во 89. минута кога му асистираше Карлос Аугусто.
Спорт
Хаџиевски го напушти Вардар се враќа во Саудиска Арабија

Ѓоко Хаџиевски не се задржа многу на функцијата спортски директор на Вардар. По само неколку недели ја напушти функцијата која ја извршуваше волонтерски и се врати во Саудиска Арабија.
Познатиот македонски тренер ја прифати понудата од вторлигашот Хаџер. На клупата тој го наследи Родион Гачанин.
Хаџер на социјалните мрежи потври дека Хаџиевски е нов тренер.
✍🏻 || المقدوني "جوكيكا" يقود #هجر مجدداً وانضمام "الجنوبي" للجهاز الفني 🔗⏬️https://t.co/sVcxIYEVXI pic.twitter.com/d7ZxfzITrP
— نادي هجر السعودي (@HajerClub) September 30, 2023