Спорт
Барнли го доби дербито на давениците, Норич испаднаа од Премиер лигата

Барнли заблежа важна победа во борбата за опстанок, во Премиер лигата. Барнли славеа победа, со пресврт, кај директниот конкурент Вотфорд. Вотфорд заедно со Норич веќе немаат шанси да изборат опстанок.
Барнли, во финишот на натпреварот во Вотфорд, забележаа значајна победа. Два гола постигнаа играчите на Барнли во 83. и 86.минута преку Корк и Браухил. Претходно Вотфорд водеа со авто-голот на Тарковски.
Норич гостуваа во Бирмингем кај Астон Вила, доживеаја минимален пораз. Оли Воткинс го постигна единствениот гол во 41.минута.
Брајтон забележаа убедлива победа кај Вулверхемптон. Мекалистер, Тросар и Бисума ги постигнаа головите во победата 3:0.
Гостинска победа запиша и Кристал Палас. Со голот на Заха во 94.минута, Палас славеа над Саутемптон со 2:1.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Македонија Ѓорче Петров е освојувач на Купот на Македонија, Стевковски херој на „лавовите“

Македонија Ѓорче Петров вторпат ја освои титулата од Купот на Македонија кога во финалето, по изведувањето пенали, беше поуспешен од Силекс со 4:3 по завршувањето на мечот без голови во регуларниот дел.
До вториот трофеј по тој во 2006 година, „лавовите“ стигнаа благодарение на голманот Христијан Стевковски, кој не само што во второто полувреме имаше неколку клучни одбрани за да го сопре Силекс туку и во пенал-рулетот одбрани два удара.
Македонија имаше поофанзивен почеток на мечот, но во второто полувреме најдобри шанси имаше токму пред нивниот гол по што во продолженијата немаше големи шанси на двете страни. Стевковски во првиот пенал го прочита Бурхан Алији за во третата серија да го одбрани и обидот на Благоја Спирковски. На другата страна Попзлатанов не успеа со „паненка“ да го измами Божиновски за со Сефер Емини да го постигне победничкиот гол за 4:3.
Титулата за тимот на Муарем Бајрами значи и пласман во Европа, а Силекс не успеа да стигне до својата четврта куп-титула и ќе се задоволи со враќање во Првата лига следната сезона.
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк
Спорт
Шефот на ИОЦ инсистира: Суспензиите се за доброто на руските спортисти!

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ), Томас Бах, тврди дека санкциите што се поставени на руските спортисти се за нивно добро и во исто време ги предупреди спористите да не даваат поддршка на сопствената држава во војната во Украина.
На сесијата на ИОЦ во Швајцарија, Бах повтори дека ИОЦ бил принуден да советува суспензија на руските и на белоруските спортисти бидејќи Москва го прекршила олимпиското примирје, но и дека со суспензијата се помага за безбедноста на спортистите од овие две земји.
„Нашите активности имаат две цели – санкции, од една страна, и заштитни мерки, од друга. Моравме да го заштитиме интегритетот на меѓународните натпреварувња и да препорачаме руските и белоруските спортисти и официјални лица да не учествуваат на нив или барем да учествуваат како неутрални, без својата националност. Ова се заштитни мерки, а не санкции. Безбедноста на руските и белоруските спортисти не можеше да се гарантира поради длабоките антируски и антибелоруски чувства во многу земји“, објаснува Германецот.
Тој исто објасни зошто слични мерки не се повеле против други земји во минатото.
„Зошто реагиравме на оваа војна поинаку отколку на многуте други војни во светот? Има два одговора. Првиот е дека војната во Украина е поинаква бидејќи е очигледно прекршување на олимпиското примирје. Вториот одговор се наоѓа во политичките, социјалните и во економските последици на војната, кои ја прават како пресвртница во светската историја“, додава Бах.
Рускиот олимписки шампион во пливање, Евгениј Рилов, доби деветмесечна суспензија по присуството на концерт во Москва за одбележување на обединувањето на Русија и Крим со Z на својата јакна, а рускиот гимнастичар Иван Кулијак доби едногодишен суспензија за носење Z при натпреварувањето во Катар во март.
„Ги следиме детаљно оние што ја поддржуваат оваа војна и нивните изјави или активности ќе донесат потребни последици. Ова беше докажано од ФИНА и ФИГ со своите суспензии“, предупреди Бах.
Спорт
Медведев нема да оди на суд за да игра на Вимблдон

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев, вели дека не планира да бара правда пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС) откако Вимблдон им забрани на руските и на белоруските тенисери да настапат на елитниот гренд слем турнир.
Одлуката на Вимблдон беше критикувана од АТП и ВТА-турнејата, како и од повеќе индивиуални тенисери, а се најавува дека ако не се смени одлуката, турнирот нема да носи рејтинг-поени како казна од федерациите. Шампионот од САД опен, Медведев, вели дека се направиле многу грешки за забраната и дека чека АТП да реагира.
„Јас не сум адвокат. Ако не можам да играм, нема да одам на суд за ова, тоа е сигурно“, изјави Медведев пред почетокот на „Ролан Гарос“ во Париз.