Спорт
Барнли и Чурлинов новата сезона ќе ја отворат против Манчестер сити

Фудбалерите на Манчестер сити, трикратниот последователен шампион на Англија, ќе ја отворат новата сезона со гостување кај повратникот во лигата, Барнли на 11 август.
Со овој натпртевар од 21 част ќе биде отворена новата сезона во Премиер лигата.
Следниот ден, Арсенал го пречекува Нотингем Форест, Фулам гостува кај Евертон, додека Њукасл ја чека Астон Вила…
Во недела (13 август) се игра дерби коло помеѓу Челзи и Ливерпул, додека првото коло го затвора Манчестер јунајтед против Вулверхемптон во понеделник.
Од распоредот за останатите кола, треба да се истакне дека Сити на 7 октомври гостува кај Арсенал (осмо коло), додека на 28 октомври ќе игра против градскиот ривал Манчестер јунајтед.
Ливерпул и Евертон на 21 октомври ќе го одиграат првото градско дерби во новата сезона, а клубот од „Енфилд“ ќе биде домаќин на актуелниот шампион на 25 ноември.
📣 #PLFixtures for the 2023/24 season have arrived!
— Premier League (@premierleague) June 15, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сити го прегази Јувентус

Фудбалерите на Манчестер сити го декласираа Јувентус во Орландо (5:2) и ја освоија првата позиција во Групата Г на Светското клупско првенство. .
Џереми Доку постигна гол за „граѓаните“ во деветтата минута, Пизедначи Теун Копмајнерс две минути подцна, а потоа следувше канонада кон голот на Јувентус.
Мрежата на „старата дама“ ја погодија Пјер Калулу (автогол) во 26-та минута, Ерлинг Халанд во 52-та, Фил Фоден во 69-та минута и Савињо во 75-та минута. Вториот гол за Јуве го постигна Душан Влаховиќ во 84-та минута.
Сити и Јувентус од оваа група се пласираа во осминафиналето.
Спорт
Младинците на Холандија го освоија Европското првенство

Холандската фудбалска репрезентација ја победи Шпанија со 1:0 во финалето на Европското првенство во фудбалери до 19 години, кое се одржа во Романија.
Шпанците не успеаја да слават по 13-ти пат, за среќа на Холанѓаните, кои за прв пат станаа европски шампиони во оваа категорија.
Двата тима внимателно влегоа во финалето, а клучниот момент се случи во 63-та минута кога шпанскиот репрезентативец Раул Хименез си постигна автогол, кој подоцна ќе се покаже како одлучувачки.
Залудно, до крајот на натпреварот, Шпанија се обидуваше да го промени резултатот, и покрај нападите, реализацијата изостана, а титулата европски шампион отиде во рацете на Холандија.
Спорт
Европско првенство во џудо за кадети од денес во Скопје

Отворено е Европското првенство (ЕП) во џудо за кадети, во организација на Европската џудо-унија (ЕЏУ), кое од денес до недела ќе се одржи во Скопје
Под мотото „Младите ѕвезди на иднината“, овој престижен настан ќе ги собере најдобрите млади џудисти од целиот континент, кои ќе се натпреваруваат за европските медали и ќе ги покажат својата сила, техника и спортски дух.
Македонија за првпат е организатор на Европско првенство во џудо, а по тој повод на отворањето на настанот се обрати министерот Панче Тошковски кој рече дека чест и задоволство е што државата ги пречекуваме младите џудисти и нивните поддржувачи од цела Европа.
„Џудото нè обликува преку дисциплина, почит и стремеж кон извонредност – вредности што силно ги цениме. Ова првенство е вистинска манифестација на младешкиот дух, истрајноста и светлата иднина на овој благороден спорт.“, потенцираше министерот.
Претходно беше потпишан Мемнорандум за разбирање помеѓу Министерството за внатрешни работи, Европската џудо федерација и Националната џудо федерација на Македонија. Целта е соработка на проекти за промоција и џудото Македонија, со посебен фокус на едукација на полициски службеници во областа на џудо спортот и самоодбраната. Планирани се програми за физичка обука базирани на џудо за полициски службеници за подобрување на самоодбраната, техниките на ограничување на движењето и целокупната физичка подготвеност и соработка во многу други активности кои го промовираат спортот, дисциплината и здравото живеење на младите.