Спорт
Барса без Фати ќе гостува во Минхен
Барселона в среда, со императив на победа, ќе гостува во Минхен во последното коло во Лигата на шампионите. Ова тешко гостување ќе го пропушти крилниот напаѓач Ансу Фати.
Лекарскиот тим не му даде дозвола на Фати да настапи против Баерн. Ансу Фати од лани има проблем со повредите, трипати го оперира десното колено, а откога се врати на терените оваа сезона, има проблем со бутниот мускул.
Барселона мора да победи во Минхен доколку не сака да зависи од Бенфика. Во пресрет на последното коло Барса има два бода повеќе од Бенфика. Математиката е јасна, Бенфика има подобар меѓусебен скор и со победа над Динамо Киев и евентуално реми на Барселона ќе се пласира во осмина-финалето. Тоа ќе се случи и доколку Бенфика победи, а Барселона доживее пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорнер: Ред Бул не е заинтересиран за Хамилтон

Шефот на тимот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, беше категоричен дека во таборот на „биковите“ немаат интерес да го привлечат седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон.
Како што е познато, Британецот не е многу задоволен од моментната форма на тимот на Мерцедес, со кој освои шест од седумте титули.
Договорот на Хамилтон со „црните стрели“ истекува на крајот на оваа година, а доколку тимот на Мерцедес не покаже напредок во текот на сезоната, сосема е можно Хамилтон да бара алтернативен развој на кариерата.
„Она што Луис го постигна во Формула 1 е непобитно, но ние сме среќни со возачите што ги имаме сега. Тие имаат договори не само за оваа година, туку и за следната, така што немаме каде да го вклучиме Луис. Сигурен сум дека тие ќе ги решат нивните проблеми – ние сигурно сè уште не сме го отпишале Мерцедес. Слушаме работи за нивните подобрувања и сигурен сум дека ниту Ферари не се задоволни со нивната моментална позиција. Очекуваме силите да се израмнат кога ќе се вратиме во Европа“, изјави Хорнер.
Спорт
ФК Работнички се гордее со академијата: 16 фудбалери се дел од националните селекции на Македонија

Пауза во првенството поради настапот на репрезентацијата на Македонија во квалификациите за ЕВРО 2024. Фудбалскиот клуб Работнички истакна дека е горд што има претставник во А-тимот, преку голманот Игор Алексовски, а во моментот има дури 16 фудбалери од различни возрасни категории кои се дел од националните селекции на Македонија.
Во составот на Драги Канатларовски во репрезентацијата на Македонија до 21 година, Работнички е претставен од капитенот Димитар Тодоровски, Стефан Деспотовски и Матеј Ангелов.
Во моментот повикани се и поголем број фудбалери во селекциите на Македонија до 18, 17 и 16 години.
„Секако дека сме горди на оваа голема бројка репрезентативци. Работнички отсекогаш бил расадник на фудбалери кои играле во националните селекции, и сега во А-тимот има многу интернационалци кои во минатото беа дел од клубот, а наша посебна гордост е младинската академија која редовно ‘произведува’ нови репрезентативци“, изјави шефот на стручниот штаб, Милан Илиевски за официјалниот сајт на клубот.
Спорт
УЕФА им забрани, но Унгарците ќе дозволат знамиња на Голема Унгарија на трибините

УЕФА им забрани на унгарските навивачи да носат знаме и ознаки на Голема Унгарија, поранешната државна творба која заедно со Унгарија вклучуваше делови од Австрија, Хрватска, Србија, Словенија, Словачка, Романија и Украина. Сепак, унгарскиот фудбалски сојуз тврди дека Европската фудбалска организација нема право да им забрани да ги носат тие симболи на натпреварите и дека нивните навивачи, доколку сакаат, можат да продолжат да ги истакнуваат.
„Се работи за историската карта на Унгарија која едноставно беше погрешно протолкувана. Има несигурности и недоразбирања за тие симболи, а за сѐ се виновни медиумите. Затоа сметаме дека е потребно да го повториме нашето објаснување. Одлуката да ги носиме тие знамиња ја донесе нашата федерација, која ќе дозволи нивен влез на стадионите во следните два натпревари. Романскиот фудбалски сојуз очигледно погрешно ги протолкувал тие симболи. Продолжуваме да се бориме против сите форми на расизам и дискриминација, но знамињата ќе ги дозволиме и за тоа не треба да не обвинуваат за расизам“, се вели во соопштението на Унгарскиот фудбалски сојуз.
УЕФА објави дека ќе ги казни Унгарците ако на трибините има знамиња на Голема Унгарија.
The Romanian Football Federation contradicts the Hungarian one and says that UEFA did not authorize the use of flags with Great Hungary pic.twitter.com/PqMOJhRzHy
— RoINTEL (@RoINTEL) March 22, 2023