Спорт
Барса го декласираше Реал во евролигашкото „Ел класико“
Барселона имаше неверојатна прва четвртина сред Мадрид за на крајот да стигне до убедлива 86:68 победа над Реал Мадрид во кошаркарското „Ел класико“ во 26. коло од Евролигата.
Блауграна стигна до својата шеста победа во последните шест меча против Реал во Мадрид откако имаа фантастичен старт – Николас Лапровитола постигна 12 поени во пет минути за првата четвртина да заврши со 28:8 предност на гостите. Барселона отиде на полувреме со 52:31 предност, откако Реал имаа 0-од-7 за тројки и вкупно четири асистенции.
Иако во второто полувреме, Реал се обиде да направи камбек, на крајот остана доминантната победа на каталонскиот клуб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грозоморно убиство на боксер ја потресе Америка, брутално ликвидиран на улица со седум куршуми
Трагична вест доаѓа од Лос Анџелес, каде професионалниот боксер Мајлик Бирдсонг почина на 31-годишна возраст откако беше застрелан.
Се здобил со седум прострелни рани во горниот дел од телото додека стоел пред автомобилот со својата девојка.
Напаѓачите пукале од друго возило, а боксерот се обидел да побегне кон неговата куќа, но осомничените излегле од автомобилот и продолжиле да пукаат во него.
Бирдсонг беше прогласен за мртов по пристигнувањето во болницата, а мотивите за нападот се уште не се познати.
Се шпекулира дека тој бил поврзан со озлогласена банда во јужниот централен Лос Анџелес, но полицијата не ја потврди оваа информација.
Сторителите се уште се во бегство, а тој требаше да се пресмета со Гор Јерцијан на крајот на октомври.
Спорт
По 50 години Рено заминува од Формула 1
Францускиот производител на автомобили Рено објави дека ќе стави крај на својата програма за производство и развој на мотори во Формула 1 од 2026 година.
Рено ги објави плановите за таканаречен проект за трансформација „Хипертек“ кој вклучува затворање на одделот за развој на мотори во Формула 1.
Фабриката на Рено во која се произведуваат Формула 1 мотори ќе биде посветена на развојот на електричните мотори и батерии, како и на преостанатите активности во моторспортот на Рено.
Тоа ќе биде крај на 50-годишната традиција.
Рено беше пионер во развојот на Формула 1 турбо мотори почнувајќи од 1977 година.
Оттогаш, Рено континуирано произведува мотори за болидите на Формула 1, со пауза од 1998 до 2000 година.
Во тековната сезона моторот на Рено го вози болидот на тимот Алпин кој на 18 трки освои 13 поени.
Тимот се уште не објави чии мотори ќе користат од 2026 година, се шпекулира дека од 2026 година Алпин ќе ги користи моторите на Мерцедес.
Спорт
Ако замине Ноер Баерн ќе го донесе Алисон
Фудбалскиот клуб Баерн е заинтересиран да го ангажира голманот на Ливерпул Алисон Бекер, пренесуваат германските медиуми.
Според медиумите, кои се повикуваат на добро упатени извори, Алисон на крајот на сезоната во клубот од Минхен би требало да го замени ветеранот Мануел Ноер.
Германските медиуми потсетуваат дека Ноер има договор со Баерн до 30 јуни следната година, а во случај да не ја продолжи соработката со Баерн, клубот ќе го ангажира Алисон, кој на крајот од сезоната ќе го напушти „Енфилд“.
Алисон има договор со Ливерпул до јуни 2027 година, а во славниот англиски клуб пристигна пред осум години и досега одигра 269 натпревари.
Медиумите во Германија потсетуваат дека Ливерпул веќе најде замена за Алисон, во летниот преоден рок „црвените“ потпишаа договор со голманот на грузиската репрезентација Георги Мамардашвили и го оставија на позајмица во Валенсија.