Спорт
Барса го потврди трансферот на Тринкао

Фудбалскиот клуб Барселона го потврди трансферот на младиот Португалец од Спортинг Брага, Франциско Тринкао.
Тринкао има 20 години, може да игра на сите позиции во нападот, иако најдобро се снаоѓа како десно крило. Барселона за трансферот издвоиле 32 милиони евра, а во договорот што го потпишале со фудбалерот откупната клаузула изнесува 500 милиони евра.
Тринкао до крајот на сезоната ќе остане во Брага, а официјално играч на Барселона ќе стане на 1.јули.
Сезонава крилниот напаѓач има одиграно 22 натпревари на кои постигнал три гола и забележал шест асистенции.
? Francisco Trincão
Acuerdo con el @SCBragaOficial para el traspaso del portugués.
Será azulgrana en julio del 2020.— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) January 31, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Луис Енрике го засили Интер

Бразилецот Луис Енрике (23) и Интер постигнаа договор, клубовите исто така се согласија, што значи дека поранешниот крилен напаѓач на Олимпик Марсеј ќе му биде на располагање на Симоне Инзаги за Светското клупско првенство.
Потврдено е дека Енрике наскоро ќе стане нов играч на „нероазурите“, и прво засилување за следната сезона, која практично започнува кон средината на јуни кога ќе стартува клупскиот Мундијал во САД.
Олимпик ќе добие 23 милиони евра за играчот, со бонуси, таа сума може да достигне 25 милиони, објавија италијанските медиуми.
Луис Енрике треба да биде алтернативна опција на позицијата што ја покрива Дензел Дамфрис, но Бразилецот може добро да одговори и на други места во тимот. Бразилецот потпишал пет годишен договор.
Неговата разноврсност го направи и привлечна опција за Интер.
Во својата кариера, пред Марсеј, Бразилецот двапати играше за Ботафого, во еден период од Марсеј се врати на позајмица во клубот од Рио де Жанеиро.
🚨⚫️🔵 EXCL: Luis Henrique to Inter, here we go! Verbal agreement in place for Brazilian winger to join from OM.
Presidents Marotta and Longoria got deal done today for €25m package, waiting to get sorted payment terms.
Luis will sign 5 year deal, ready for Club World Cup. pic.twitter.com/1ihHPT9Ntm
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2025
Спорт
Руд елиминиран од 41. на АТП листата, Циципас поразен од квалификант

Две шокантни елиминации донесе третиот ден на Ролан Гарос. Вториот Гренд слем турнир во сезоната заврши за осмиот носител Каспер Руд и поранешниот финалист, Стефанос Циципас.
Матео Гиганте, мораше да игра квалификации за пласман на главнио турнир. Во втората рунда тој го победи Стефанос Циципас со 3-1 во сетови.
Гркот моментално е 20-тиот играч на планетата, во кариерата има едо финале на Ролан Гарос,од Италијанецот загуби со 6:4, 5:7, 6:2, 6:4.
Гиганте ќе игра против Американецот Бен Шелтон во третото коло.
Вистински шок претставува и елиминацијата на Каспер Руд. Осмиот носител, кој играл два пати финале на овој турнир, загуби од Нуно Борхес со 3-1 во сетови.
Руд го доби првиот сет со резултат од 6:2, а потоа Норвежанецот едноставно „исчезна“ од теренот.
До крајот на мечот, тој освои само пет гема, а Борхес со 2:6, 6:4, 6:1, 6:0 избори пласман во третото коло каде што го чека Австралиецот Попирин.
Спорт
Финалистот во Лигата на шампиони на шопинг во Белград

Во пресрет на финалето на Лигата на шампионите ПСЖ – Интер, фокусот на француските медиуми е на големиот талент на Црвена звезда Андрија Максимовиќ.
Бројни новинари од Франција во средата напишаа дека ПСЖ работи на трансферот на Максимовиќ и дека раководството на францускиот шампион сака што поскоро да го заврши трансферот и да ја победи конкуренцијата од Германија и Англија.
Максимовиќ ќе наполни 18 години на крајот од следната недела, на 5. јуни, и нема сомнение дека ќе го заврши трансферот откако ќе стане полнолетен.
Французите пишуваат дека е „екстраталентиран“ и дека го нарекуваат „Српскиот Меси“, а тврдат дека купопродажбата ќе изнесува 15.000.000 евра.
Црвена звезда има намера да го продаде Максимовиќ и веројатно клубот би ја прифатил оваа сума.