Спорт
Барса ја доби пенал-драмата со Бетис, закажа „Ел класико“ во финалето на Суперкупот
Барселона, слично како лутиот ривал Реал Мадрид, дури по изведувањето на пенали влезе во финалето на Шпанската Суперкопа во Саудиска Арабија, откако Марк-Андре Тер Штеген беше џокерот на тимот на Чави Ернандез по 2:2 ремито по 120 минути против Реал Бетис.
Роберт Левандовски, кој не е суспендиран за мечевите од Суперкопа, во 40. минута ги донесе Барса в водство откако голот на Педри 17 минути претходно беше поништен поради офсајд. Сепак, тимот на Маурицио Пелегрини се покажа како опасен противник и Набил Фекир во 77. минута успеа заслужено да израмни.
Овој резултат остана до крајот на 90-те минути, за во продолжението, Барса да дојде во водство во 93. минута со голот на Ансу Фати. Бетис одговори во 101. минута со голот на Лорен Морон за 2:2 и пенал-серија. Таму Тер-Штеген беше подобар од Хуанми и Карваљо за 4:2 победа на пенали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Мастерсот во Шангај доби сензационален полуфиналист
Валентин Вашеро, 211-от тенисер во светот кој игра под знамето на Монако, се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Шангај.
Иако целосен аутсајдер, Вашеро го победи Холгер Руне во три сета, со 2:6, 7:6, 6:4.
Мечот беше решен откако поради грчевите Данецот не можеше да стои, а во последните поени беше целосно беспомошен.
Вашеро го искористи тоа и стигна до најголемиот успех во својата кариера, но секако мора да му се оддаде признание за она што го направи претходно.
Во вториот сет беше на работ на пораз, но играше феноменално во тај-брејкот и спречи елиминација, а подоцна, со грчевите на Руне, успеа да слави.
Инаку, ова беше негов шести меч во Шангај, од кои еден доби кога Махач му го предаде мечот, а во другите пет, внимавајте, победи откако го губеше првиот сет, а потоа успеваше слави по пресврт.
Во борбата за финалето во Шангај, негов ривал ќе биде победникот мечот меѓу Белгиецот Зизу Бергс и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Foto/ EPA
Спорт
Мајката на Мбапе се жали дека нејзиниот син ја плаќа цената на славата
Фаиза Ламари, мајката на Килијан Мбапе, откри детали од приватниот живот на својот син, еден од најдобрите играчи на денешницата.
Во вторникот, во Париз се одржа настанот „Demain le Sport“, каде што таа зборуваше за тоа колку е тежок животот на ѕвездата на Реал Мадрид.
„Разговарав со него минатата година, кога работите не одеа добро. Го прашав дали сака да има девојка, а тој одговори: „Дали во овој хаос има место за некоја жена?““, рече Фаиза Ламари.
Таа истакна дека нејзиниот син понекогаш само сака да избега од сè.
„Знаете, некогаш се вози во Пежо 206 само за да види како изгледа нормалниот живот. Тој повеќе не може да оди по улицата како нормален човек. Тоа ме прави тажна.“
Таа се осврна и на истрагата за наводниот сексуален напад за кој Килијан Мбапе беше обвинет минатата година во Шведска.
„Му верував на Килијан, но го прашав директно: „Дали го направи тоа?“ Тој одговори: „Дали си луда?“ Тоа беше единственото патување што не го организиравме ние… и затоа ја плативме цената.“
Фото/ Принтскрин
Спорт
Американците го преместија натпреварот нао Аргентина во друг град
Пријателскиот натпревар меѓу Аргентина и Порторико во Соединетите Американски Држави е преместен од Чикаго во Форт Лодердејл и одложен за вторник поради безбедносни и логистички проблеми, соопштија организаторите.
Натпреварот, кој првично беше закажан да се игра во понеделник на „Солдер Филд“, сега ќе се одржи ден подоцна на стадионот „Чејс“ во Флорида, домот на капитенот на Интер Мајами, Лионел Меси.
Според медиумите, локацијата е променета поради протестите во Чикаго против американската имиграциска политика, што го отежна гарантирањето на безбедноста на настанот.
Светскиот шампион Аргентина, која веќе го обезбеди своето место на Светското првенство следната година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, ќе игра и против Венецуела пријателски натпревар, во петок на стадионот „Хард Рок“ во Мајами.

