Спорт
Барса ја освои Москва, Фенербахче го „уништи“ ПАО

Барселона и покрај тоа што во тимот ги немаше Никола Миротиќ и Брендон Дејвис, стигна до фантастична 88:75 победа над ЦСКА Москва во Русија во битката на првопласираниот и второпласираниот тим во Евролигата.
Кори Хигинс постигна 25 поени против поранешниот клуб, а Алекс Абринес имаше 19 поени, а Ник Калатес додаде 13 поени, 7 асистенции и 6 скока за тимот на Шарунас Јасикевичиус, кој се врати од 12 поени негатива во втората четвртина за 40:42 на полувреме, за ЦСКА потоа да се мачи со играта од поле 21-од-50 за два поени и 4-од-21 за три поени.
Мајк Џејмс заврши со 18 поени за ЦСКА, Никола Милутинов имаше 15 и 6 скока, додека Торнике Шенгелија имаше 10 поени и 7 скока.
Фенербахче, пак, го продолжи патот кон плејофот со огромна 100:74 победа над Панатинаикос во дебито на новиот тренер на грчкиот тим, Израелецот Одед Каташ. Тимот на Игор Кокошков имаше фантастичен почеток и со серија од 18:0 ја доби првата четвртина со 31:12, предност која не ја загуби до крајот.
Марко Гудуриќ заврши со 18 поени, Јан Весели имаше 12, за петта победа во низа на Фенер и подобрување на скорот на 10-10. Од другата страна, Немања Недовиќ беше ограничен на 6 поени, а Арон Вајт со само 13 беше најдобриот стрелец.
ЕВРОЛИГА, 20.КОЛО
ЦСКА Москва – Барселона 75:88 (25:20, 16:22, 15:22, 19:24)
Фенербахче – Панатинаикос 100:74 (31:12, 17:22, 26:21, 26:19)
Зенит Санкт Петерсбург – Жалгирис 77:65 (17:14, 19:22, 20:13, 21:16)
Баерн Минхен – Реал Мадрид 76:81 (15:23, 19:16, 16:12, 22:21, 4:9)
Олимпијакос – Асвел 63:69 (17:17, 16:17, 9:17, 21:18)
Валенсија – Црвена звезда 91:71 (27:15, 22:27, 19:15, 23:14)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Адутот на Сузуки за новата сезона „GSX-RR“

Актуелниот шампион во „кралската класа“, Џоан Мир и неговиот колега Алекс Ринс, го открија новиот дизајн на Сузуки за претстојната сезона.
Сузуки, последни го покажаа својот адут за сезоната 2021. Моторот, со кој Мир ќе се обиде да ја одбрани титулата ја носи ознаката „GSX-RR“.
Сузуки во новата сезона влегува со новиот спонзор Монстер Енерџи.
Возачите на Сузуки во новата сезона ќе имаат тешка задача да ги повторат резултатите од 2020 година, кога Мир ја освои титулата, а Ринс заврши на третото место во генералниот пласман.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне на 28.март, со трката за Големата награда на Катар.
Спорт
Последно делче во шампионскиот мозаик – Грифин во Бруклин Нетс

Кошаркарот на Детроит Пистонс, Блејк Грифн, се наоѓа пред трансфер во Бруклин Нетс. Грифин го раскина договорот со Пистонс и стана ограничено слободен агент, негова цел е да потпише за тим кој ќе се бори за шампионскиот прстен.
Американските медиуми се сигурно дека крилниот-центар ќе потпише договор со Бруклин Нетс. Потписот на шесткратниот учесник на Ол стар натпреварите ќе ги промовира Нетс во најголеми фаворити за титулата.
Од оваа сезона заедно во Бруклин се супер-ѕвездите Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг.
Грифин игра во НБА лигата од 2009 година, кога како прв пик на драфтот го избраа Лос Анџелес Клиперс. Девет години играше во Лос Анџелес, а потоа се пресели во Детроит.
Спорт
Ибрахимовиќ повторно ќе игра за Шведска

Златан Ибрахимовиќ повторно ќе игра за репрезентацијата на Шведска. Информацијата ја објави „Фудбол Директ“, повикувајќи се на повеќе извори.
„Фудбол Дикрект“, тврди дека името на Ибрахимовиќ ќе се најде на спискот, на селекторот Јане Андерсон, за претстојните квалификациски натпревар, за пласман на Светското првенство во Катар.
На крајот од овој месец Шведска ќе одигра три натпревари, против Грузија, Косово и Естонија.
Ибрахимовиќ последен пат за Шведска настапи на ЕУРО 2016 во Франција. Во кариерата за Шведска одиграл 116 натпревари. Со 62 гола е рекордер во националниот тим.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија3 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“