Спорт
Барса може да го добие Димитриевски за 6.000.000 евра

Столе Димитриевски би можел кариерата да ја продолжи во Барселона. „Ел Чирингито“, објави дека Каталонците сериозно биле заинтересирани за македонскиот репрезентативец.
Димитриевски има одлична сезона, тој е еден од најзаслужните за одличните резултати што ги постигнува Рајо Ваљекано. Македонецот е најдобро оценет голман во Примера, а Барселона во неговите квалитети можеше да се увери во меѓусебниот дуел.
Рајо пред околу два месеци победи 1:0, а Димитиревски во вториот дел му одбрани пенал на Депај. По овој пораз Роналд Куман доби отказ.
Димитиревски има договор со Рајо Ваљекано до јуни 2024 година. Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 6.000.000 евра. Значи доколку Барселона ја активира клаузулата, тогаш голманот може да го напушти клубот.
Прашање е што е подобро за Димитриевски, да брани во Рајо или да у биде резерва на Тер Штеген во Барселона. Јасно е дека Германецот е број 1 и покрај тоа што ова му е најслабата сезона во Барселона, а во клубот е од 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Финикс го избраа Вогел за нов тренер

Финикс санс го избраа поранешниот шампионски тренер Френк Вогел како замена за Монти Вилијамс, објавуваат „Асошиејтед прес“ и „ЕСПН“.
40-годишниот Вогел беше тренер на Индијана пејсерс, Орландо меџик и Лос Анџелес лејкерс, со кои освои титула во 2020 година за време на пандемијата на КОВИД. Тој ќе се обиде да изгради шампионски тим во Аризона, каде што ја чекаат првата титула во 55-годишната историја на клубот.
Санси го отпуштија Вилијамс во мај и покрај четирите успешни сезони, вклучувајќи пласман во НБА финалето во 2021 и наградата за најдобар тренер во лигата во 2022. Ова дојде по две засрамувачки порази во плејофот.
Спорт
„Кварадона“ најдобар играч, Спалети најдобар тренер во Серија А

Сосема очекувано, грузискиот плејмејкер на Наполи, Квича Кварацхелија е избран за најдобар фудбалер во Серија А оваа сезона, додека тренерот Лучано Спалети е најдобриот тренер откако по 33 години донесоа скудето за „партенопеи“.
Тој иронично не е беше вклучен во најдобриот тим на сезоната, бидејќи тој се утврдува според статистиката, а тој не е ниту во класата на напаѓач, ниту класично крило. Најдобар голман е Иван Проведел од Лацио, најдобар дефанзивец соиграчот на Кварацхелија, Ким Мин-Џеј, во одбраната најмногу се покажал Николо Барела од Интер, додека Виктор Осимен е најдобар стрелец.
Кварацхелија ја завршува сезоната во Италија со 12 гола и 13 асиситенции во 33 меча.
🔵 #SerieA💎 #TOTS pic.twitter.com/HzQq9LoWz9
— Lega Serie A (@SerieA_EN) June 2, 2023
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ ја доби битката со француската публика и со Давидович Фокина

Новак Ѓоковиќ влезе во осминафиналето на Ролан Гарос, победувајќи го во три супер-забавни сета Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 7:6(4)/7:6(5)/6:2, во кои повторно имаше конфликт со публиката во Париз, која честопати е позната по тоа што секогаш има свое мислење.
И покрај тоа што мечот беше решен во три сета, Ѓоковиќ дефинитивно немаше лесна работа против 23-годишниот Давидович Фокина, 34. на АТП листата, одигрувајќи два фантастични сета со многу промени на водството. Следен за Србинот ќе биде подобриот од мечот помеѓу Полјакот Хуберт Хуркач и Перуанецот Хуан Пабло Варилјас.
Во првиот сет, Давидович Фокина прв дојде во предност правејќи брејк за 2:3 водство, но Ѓоковиќ врати експресно, за потоа во тесниот тај-брејк да победи со 7:4. Вториот сет беше уште понеизвесен, со вкупно шест брејка, по три за двајцата тенисери, и откако Ѓоковиќ го доби, прво бурно реагираше пред публиката, која јасно беше на страна на Шпанецот. Веднаш потоа, тој побара медицински тајмаут, по што доби дополнителни свирежи, за што саркастично реагираше.
На крајот, во третиот сет, Ѓоковиќ направи брејк за 2:0 водство, за со уште еден брејк за 4:1 да ја запечати победата по 3 и пол часа игра.
— OvoOno (@OvoOnoX) June 2, 2023
Dok se Novaku ukazuje pomoć, publika zviždi… #Djokovic im ironično vraća pic.twitter.com/qNfZK2yQgI
— sportsscandals (@sportsscandals1) June 2, 2023