Спорт
Барса на Пике му должи 50 милиони евра

Барселона на фудбалерот Џерард Пике му должи неверојатна сума пари. Според договорот што го имале двете страни, клубот треба да го подмири долгот по откако фудбалерот ќе ја заврши кариерата.
Браса неуспешно ја заврши првата сезона без Лионел Меси. Аргентинецот мораше да си замине поради финансиските проблеми со кои е соочен клубот.
И сето тоа не се случи случајно. Тоа беше предизвикано, секако, од финансиски проблеми, врв беше периодот на пандемијата предизвикана од коронавирусот, кога клубот остана без планираниот прилив на средства.
Решението беше намалување на платите, на што се согласија играчите во Барселона.. Според еден од најреномираните шпански новинари, Џерар Ромеро, најмногу настрадал неговиот имењак Џерар Пике.
Тврди дека Барселона му должи на Пике неверојатни 50 милиони евра! А договорот е Каталонците да им платат на фудбалерите откако ќе го напуштат клубот. Проблемот на клубот е што се Пике е блиску до крајот на кариерата. Ќе ја одигра уште оваа сезона, а потоа ќе се пензионира.
Пике е „дете на Барса“. Започна да игра во помладите категории на оваа екипа, а по ангажманот во Манчестер Јунајтед и Сарагоса, во 2008 година се врати на „Камп Ноу“.
За Барселона има 606 натпревари и постигна 52 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Работнички ги почна подготовките со новиот тренер Љупчо Марковски, Елиф Елмас не го заборава својот клуб (ФОТО)

Работнички ги стартуваше подготовките за новата сезона во Првата лига. Со нов шеф на стручниот штаб, Љупчо Марковски Калц, и со амбиции да се остварат многу подобри резултати од минатогодишните, „романтичарите“ означија почеток на подготовките.
Спортскиот директор Горан Станковски им посака многу здравје на фудбалерите, а тренерот Љупчо Марковски потенцираше дека единствено мерило ќе биде напорната работа и квалитетот на секој поединец, втемелен во тимскиот дух.
Тренингот на „романтичарите“ го следеше и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сегашна ѕвезда на Наполи, кој не заборави од каде потекнува, токму од Работнички.
Работнички засега се засили со тројца нови фудбалери, голманот Игор Алексовски од Ренова, Филип Бошковски од Пелистер и Иво Јанакиевски од Скопје.
Спорт
Интер мора да се ослободи од Џеко и од Санчез за да го доведе Дибала

Италијанскиот вицепрвак Интер и понатаму е во преговори со Пауло Дибала, но мора да се ослободи место во тимот за да може да го комплетира неговиот трансфер на „Џузепе Меаца“.
Един Џеко и Алексис Санчез мора да го напуштат Интер за да дојде Пауло Дибала, пишува „Газета дело Спорт“.
Белгиецот Ромелу Лукаку исто така се враќа во Интер како позајмен играч, па тренерот Симоне Инзаги и раководството на клубот ќе мора да продадат дел од фудбалерите за да можат да доведат и нови имиња.
Спорт
Георгиевски и Заборска македонски знаменосци на отворањето на Медитеранските Игри

На свеченото отворање на Медитеранските игри во Оран, Алжир 2022, знаменосци на делегацијата на Македонија ќе бидат Дејан Георгиевски (таеквондо) и Симона Заборска (карате).
Стартот е закажан за 21 часот по локално време.
Нашата делегација на игрите брои 114 членови што е најмногу во историјата на Македонија на Медитеранските игри.