Контакт

Спорт

Барса подготвиле необичен договор за Дембеле

Објавено пред

Усман Дембеле сака да го продолжи договорт со Барселона. Неговиот договор истекува по завршувањето на сезоната. Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандез, им наложил на клупските ченици да му го продолжат договорот на Дембеле.

Усман Дембеле, од доаѓањето во Барселона, во 2017 година, се мачи со повредите. За речиси четири сезони, Дембеле одиграл само 119 натпревари, 81 од нив во Ла Лига.

Шпанските медиуми, тврдат, дека планот на Барселона е да го плаќа Дембеле според учинокот, односно според бројот на одиграни натпревари. Прашање е дали францускиот репрезентативец ќе прифати ваков договор.

Дембеле, од почетокот на сезоната, има одиграно само неколу миниути, неодамна против Динамо во Киев, кога ја обнови повредата. Претходно се лечеше од повредата пет месеци.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Чикаго Булс во ерата на Џордан – најдобра династија во историјата на НБА

Објавено пред

Екипата на Чикаго Булс, која од 1995 до 1998 година трипати беше НБА-шампион, е прогласена за најдобра династија во историјата на лигата.

Во гласањето на европските новинари, влијателни и познати личности и навивачи одлучено е дека немало подобри од оние кошаркари штп ги предводеше феноменалниот Мајкл Џордан.

„Биковите“ тогаш стигнаа до триплета, втора во историјата на клубот, но овој пат творецот беше тренерот Фил Џексон, но и Џордан, Пипен, Родман…

Во сезоната 1995/1996 го поставија тогашниот рекорд со 72 победи и само 10 порази. Тој беше во сила сѐ до 2016 година кога Голден Стејт стигна до 73 победи и само 9 порази.

Стартната петорка на оваа славна генерација кошаркари ја сочинуваа: Џордан, Пипен, Харпер, Кукоч и Родман.

Ова се резултатите од гласањето:

1. 1995-1998 Чикаго Булс 46 %
2. 1958-1969 Бостон Селтикс 24 %
3. 2015-2018 Голден Стејт Вориорс 15 %
4. 1979-1989 Лос Анџелес Лејкерс 12 %
5. 1980-1987 Бостон Селтикс 3 %

Прикажи повеќе...

Спорт

Пјаниќ пак се повреди, третпат за 2 месеца

Објавено пред

Докторите на турскиот фудбалски клуб Бешикташ му дијагностицираа воспаление на горниот лев бутен мускул на репрезентативецот на БиХ – Миралем Пјаниќ. Раководството на турскиот клуб на службената страница соопшти дека Пјаниќ почувствувал болка во мускулот во текот на последниот тренинг и затоа отишол на снимање со магнетна резонанција.

„Кај Миралем Пјаниќ откриен е тендинитис во пределот на горниот дел од мускулот на ногата, па нашиот лекарски тим почна со процесот на лекување“, се наведува во соопштението.

Оваа информација не беше баш најдобро примена од фановите на клубот од Истанбул, кои полека го губат трпението затоа што ова е трета повреда за Пјаниќ во последните 2 месеца.

Пјаниќ во Бешикташ игра како позајмен фудбалер на Барселона, а до сега има 11 настапи, на кои запиша 4 асистенции.

Прикажи повеќе...

Спорт

Умтити во клинч со навивачите на Барселона, ќе ги прегазеше

Објавено пред

Фудбалерот на Барселона Самуел Умтити неодамна во интервју истакна дека никогаш не бил во подобра форма.

Францускиот фудбалер вели дека не бил толку силен ниту кога пристигнал во редовите на Барселона, но сепак тренерите не гледаат така на целата ситуација.

Најпрво тој беше во немилост кај тренерот Роналд Куман, а сега не заигра ниту под водство на Чави.

Тоа очигледно предизвикува гнев кај навивачите, со оглед на тоа што Умтити не сака да го напушти клубот во кој заработува плата од 12 милиони евра.

Неколкумина фанови на клубот од „Ноу Камп“ успеаја да го испровоцираат на улица во Барселона кога застанаа пред неговата кола. Тој успеа некако да помине, се закани дури и дека ќе ги прегази па по неколку метри застана да се разбере со нив.

Се чини дека момците само сакаа да дојдат до автограм и селфи од фудбалерот

Фудбалерот беше видно изнервиран, но набрзо страстите се смирија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Во СДСМ и во Алтернативата неделава партиски консултации за преговорите помеѓу Заев и Гаши

Се очекува до крајот на оваа недела да се обезбеди усогласување за влез на Алтернативата во Владата. Партиските тела на...

Македонија2 часа

(Видео) Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на...

Македонија4 часа

Нови 410 заразени со Ковид-19, починале 11 луѓе

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 2.674 тестирања,...

Свет5 часа

СЗО со прва проценка за омикрон – заразените се со благи симптоми

Раните индикации сугерираат дека повеќето случаи на омикрон имаат благи симптоми, изјави претставник на Светската здравствена организација. Зборувајќи во име...

Македонија6 часа

Владата предлага да се продолжи кризната состојба за уште 6 месеци

Владата го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба во снабдувањето со...

Македонија7 часа

Ковачевски ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ – побара поддршка од членството и граѓаните

Заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски, поднесе кандидатура за претседател на СДСМ. Тој кажа дека поднел и програма која се базира...

Македонија8 часа

Филипче: Не се исклучува задолжителна вакцинација доколку не помогнат апелите на матичните лекари

Само со апели од матичните доктори, без дополнителни мерки ќе се стимулира вакцинацијата и спречувањето на ширење на коронавирусот. Ова...

Македонија9 часа

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ

Поранешната пратеничка Фросина Ременски се кандидираше за претседател на СДСМ. Таа кажа дека Димитар Ковачевски има поддршка во кандидатурата од...

Свет10 часа

Eксперти: Новиот сој на коронавирус омикрон може да биде најава за крај на пандемијата

Новиот сој на коронавирус омикрон е откриен во Јужна Африка, а потоа следат повеќе информации од оваа земја во кои...

Македонија11 час

Утрово два земјотреса во Кичево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија...

Македонија11 час

Стартува забраната за бесплатни пластични кеси

Од денеска стапува на сила обврската за наплата на кесите за носење стоки. Пластичните кеси ќе чинат 15 денари за...

Европа11 час

Со третата доза на „Фајзер“ над 80 проценти заштита од коронавирус

Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе...

Македонија23 часа

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија1 ден

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион1 ден

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет1 ден

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија1 ден

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија1 ден

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ1 ден

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија1 ден

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Досие