Контакт

Спорт

Барса преговара со Гасол

Објавено пред

Марк Гасол би можел да се врати во Барселона. Тим-менаџерот на кошаркарската секција на „Балуграна“, Хуан Карлос Наваро, потврдил дека клубот преговара со искусниот играч.

dobivaj vesti na viber

„Преговараме со Гасол, договор сѐ уште не сме постигнале. Тој знае за нашиот интерес, ние сме подготвени да му понудиме договор. Сепак, тој го има последниот збор. Нема да лажам и тој сака да дојде кај нас“, рекол Наваро.

Марк Гасол, НБА-шампион со Торонто Репторс, минатата сезона играше во Лос Анџелес Лејекрс. Неговиот постар брат, Пау, во дресот на Барселона ја заврши кариерата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Се повреди клучниот дефанзивец на Арсенал

Објавено пред

Рeпрезентативната пауза донесе лоши вести за Арсенал. Габриел Магаљаеш, стопер кој е еден од клучните играчи на актуелниот лидер во Премиер лигата, се повреди на натпреварот со Сенегал, кој Бразил го доби со 2:0.

dobivaj vesti na viber

„Габриел го повреди бутниот мускул и првите информации укажуваат дека би можел да отсуствува од четири до осум недеали“, објавува новинарот Дејвид Орнштајн.

Габриел ќе направи дополнителни тестови кои уште подобро ќе покажат за каква повреда станува збор и колку време ќе трае закрепнувањето, но ова би можело да биде тежок удар за Арсенал.

Покрај неговиот одличен дефанзивен придонес, Габриел има и два гола и три асистенции во 17 настапи оваа сезона.

Заедно со него, дефанзивците на Арсенал, Јуриен Тимбер и Рикардо Калафиори, исто така имаа проблеми со повреди во текот на овој репрезентативен циклус, но се чини дека нивните повреди не сериозни.

Габриел е во Арсенал од 2020 година и стана еден од најдобрите играчи во тимот на Микел Артета. Во Арсенал пристигна од Лил за сума од 26 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Спорт

Хамилтон откри – го напушта Ферари?

Објавено пред

Луис Хамилтон им откри на медиумите дека нема да го обнови договорот со тимот на Ферари во Формула 1.

dobivaj vesti na viber

Луис Хамилтон јавно кажа што им е на ум на повеќето фанови на Формула 1, ќе го напушти Ферари кога ќе му истече договорот со италијанскиот тим.

Кога седумкратниот шампион во Формула 1 пристигна во Ферари, никој не го оспори потегот, но немаше потврда дека станува збор за повеќегодишен договор.

Се шпекулираше дека Хамилтон потпишал почетен двегодишен договор, кој логично би ја вклучил првата година од новите правила во 2026 година.

Хамилтон навистина се мачи оваа сезона и за прв пат во својата кариера нема ниту еден подиум.

„Имам договор. Под нормални услови, започнувате преговори за нов договор најмалку една година претходно. Далеку сум од тоа во моментов“, рече Луис.

Кога го прашаа дали ќе преговара со Ферари следната година, тој кратко рече:

„Не“.

Во овој период младиот Оливер Берман, возач од академијата на Ферари, покажа импресивен талент и се очекува да добие шанса во Ферари при првата можност.

„Тој е одличен возач и многу сум среќен за него. Погледнете колку се подобри од првата трка. Тој е одличен човек“, го пофали Хамилтон.

Прикажи повеќе...

Спорт

Пауновиќ го наплати отказот во Овиедо, сега нема пречки да ја преземе Србија

Објавено пред

Реал Овиедо и Вељко Пауновиќ постигнаа договор за раскинување на договорот, со што избегнаа судска постапка, со која повеќе од еден месец се соочуваше клубот.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од „Ла Нуева Еспања“, шпанската членот на Примера ќе му исплати 1,7 милиони евра на српскиот тренер и неговите помошници, кои имаа договори до крајот на тековната сезона.

Со тоа, беа отстранети сите пречки Пауновиќ да потпише повеќегодишен договор со Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) и официјално да стане главен тренер националниот тим.

Тој лично го соопшти ова во понеделник вечерта со порака на социјалните мрежи.

На 9 октомври, Пауновиќ стана четвртиот тренер отпуштен од Реал Овиедо откако мексиканската Група Пачука го презеде клубот во 2022 година.

Со неговото заминување, вкупните трошоци за отпремнини за четири тренери се искачија на близу 4 милиони евра. Пред Пауновиќ, откази добија Џон Перез Боло, Алваро Сервера и Луис Карион.

Овиедо, откако се раздели со Пауновиќ, го врати на клупата Луис Карион.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Само еден месец по отворањето, Штип го издава Дино паркот под ќирија на 15 години

Еден месец откако беше промовиран, Дино паркот во Штип, со одлука на Советот на општината ќе биде даден под ќирија...

Македонија2 часа

100 дена протести во Љубојно: Жителите бараат запирање на сечата на шумата

Жителите на преспанското село Љубојно информираа дека во среда, 19 ноември, ќе се навршат 100 дена откако секое утро одат...

Македонија6 часа

(Видео) Мециновиќ за „Пулс“: На почетокот на декември ќе биде свикана анкетна комисија, да утврдиме каде потфрлиле институциите

На денешната прес-конференција пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, информираше дека на почетокот на декември ќе биде свикана седница на Постојаната...

Македонија8 часа

ЦУК предупредува: Поради интензивни врнежи од дожд, во делови од Западна Македонија се создадоа водни површини под подвозниците и надвозниците

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми...

Македонија9 часа

Утре почнува судењето за пожарот во „Пулс“, Обвинителството со тим од 15 обвинители

Судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што се случи на 16 март, а во кој животот...

Македонија9 часа

23-годишник од Волково принудувал петгодишно девојче на полови дејства, поднесено обвинение

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија...

Македонија10 часа

Филипче слепо ја следи агендата на Заев и ја игнорира потребата од реформи во партијата, смета ВМРО-ДПМНЕ

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги...

Македонија10 часа

Почна пријавувањето за набавка на електронски уреди, 55.000 студенти добиваат по 15.300 денари, информира Владата

„Ветеното, го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или...

Регион11 часа

(Видео) Облакодерот во Загреб гори со часови, паѓаат делови од фасадата: штетата е тотална

Облакодерот на Славонска авенија во Загреб, во кој вчера избувна пожар малку пред полноќ, утрово сè уште гори, делови од...

Европа12 часа

(Видео) Нападнати термоелектраните во Донецк: многу населби без струја

Денис Пушилин, прорускиот лидер на регионот Донецк, објави на апликацијата Телеграм дека украинските сили оштетиле две тамошни електрани во ноќен...

Регион12 часа

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати...

Свет12 часа

(Видео) Трамп: Ќе објавиме сè за Епштајн, но сепак нема да биде доволно

Американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите документи за покојниот финансиер и осуден педофил Џефри Епштајн, но...

Свет13 часа

(Видео) Израелците нападнаа Палестинци во близина на Витлеем; Нетанјаху: Ќе се справам со тоа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека итно ќе свика состанок на кабинетот за да се осигури дека Израелците што...

Регион13 часа

(Видео) Гори облакодерот „Вјесник“ во Загреб, снимките драматични

Малку пред полноќ во понеделник навечер, во небодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се...

Македонија23 часа

Два авиони наместо во Скопје пренасочени во Приштина поради силен ветер

Два вечерни лета кои требаше да слетаат на скопскиот аеродром, се пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Директорот...

Македонија1 ден

Градиме брза железница и автопати од Албанија до Бугарија, најави Николоски во Виена

Македонија ги реализира најкрупните капитални проекти за патна и железничка инфраструктура на транспортните Коридори 8 и 10, истакна вицепремиерот Александар...

Регион1 ден

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот преговарачки кластер со ЕУ

Албанија со торта во Брисел го прослави отворањето на последниот од вкупно шест преговарачки кластери со ЕУ. „Го отворивме последното...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Делчево и Виница

Денес околу 15:48 часот беше почувствуван земјотрес во делови на североисточна Македонија, најмногу во Делчево, Виница и околните места. Според...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова: ЕУ сè уште нема јасна стратегија за нашата европска интеграција и практикува двојни стандарди

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја“ за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана...

Македонија1 ден

Министерот Тошковски опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска бил опериран во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тој вели дека следи...