Спорт
Барса првпат по пет години победи во Атина, Ефес не сопира! (видео)
Барселона со одличен пресврт успеа да стигне до 92:81 победа над Панатинаикос во „ОАКА арената“ во важен дуел во 25. коло од Евролигата, додека Анадолу Ефес продолжува да „гази“ во елитното европско натпреварување со триумф над Баерн на гости.
Панатинаикос имаше водство и од 11 поени, но тимот на Светислав Пешиќ се врати предводен од Алекс Абринес посебно во последната четвртина. Миротиќ со 20 поени беше најефикасен кај Каталонците, Хигинс додаде 17, а Абринес 13.
Анадолу Ефес, пак, и без Шејн Ларкин е недопорлив, стигнувајќи до 88:63 победа на гости кај Баерн Минхен. Црвена звезда имаше израмнето прво полувреме против моќната ЦСКА Москва, но на крајот потклекна во третата четвритна за „Армејците“ да слават 86:81.
ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО
Армани Милано – Химки 69:78 (16:21, 22:18, 13:20, 18:19)
Басконија – Жалгирис Каунас 60:74 (17:13, 18:17, 10:21, 15:23)
Црвена звезда – ЦСКА Москва 81:86 (17:16, 20:20, 16:24, 28:26)
Баерн Минхен – Анадолу Ефес 63:88 (17:19, 8:18, 23:25, 15:26)
Панатинаикос – Барселона 81:92 (23:20, 22:18, 24:29, 12:25)
Валенсија – Макаби Тел Авив 82:85 (19:18, 19:15, 23:25, 21:27)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?
Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги објави кандидатите за наградата „Најдобар (The Best)“, која ја доделува на најдобриот играч во светот.
ФИФА воведе една голема промена кога станува збор за гласањето.
Досега во изборот учествуваа капитените и селекторите на сите светски репрезентации, но и новинари, а сега можност да гласаат за еден од 11-те кандидати ќе имаат и навивачите.
Најмногу играчи на спискот има Реал Мадрид, дури шестмина: Дани Карвахал, Федерико Валверде, Џуд Белингем, Тони Крос, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Во конкуренција се и Родри и Ерлинг Халанд од Манчестер сити, односно Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Ламин Јамал (Барселона). Изненадување е што на листата се наоѓа и Лионел Меси кој минатата година осми пат во кариерата ја доби оваа награда.
Ќе биде интересно да се види одлуката на ФИФА, со оглед на скандалозната реакција на Реал Мадрид, кога клупската делегација го бојкотираше доделувањето на Златната топка, кога дознаа дека лауреат ќе биде Родри, а не Винисиус Жуниор.
Во конкуренција за најдобар тренер се Карло Анчелоти (Реал Мадрид), Лионел Скалони (Аргентина), Луис де ла. Фуенте (Шпанија), Пеп Гвардиола (Манчестер сити) и Чаби Алонсо (Баер Леверкузен).
Исто така, ќе бидат наградени и најдобрата фудбалерка, најдобар женски тренер во светот, односно ќе бидат доделени награди за најдобар голман, дефанзивец, фудбалер(ка) од редот за врска и напаѓач во двете конкуренции.
Заедно со наградата „Пушкаш“ за најдобар голт во машка конкуренција, во женска конкуренција за првпат во историјата ќе биде доделена наградата „Марта“.
Гласањето на навивачите на веб-страницата на ФИФА ќе трае до 10. декември, а доделувањето на наградите ќе се одржи на почетокот на следната година.
Спорт
Анчелоти: Реал ќе игра во финалето на Лигата на шампионите
Ливерпул во средата на „Енфилд“ го победи Реал Мадрид со 2:0 во петтото коло од Лигата на шампионите. Алексис Мек Алистер ги доведе Англичаните во водство во 52. минута, а Коди Гакпо во 76. минута го постави конечниот резултат.
Реал можеше да се врати во игра во 61. минута, но пеналот на Килијан Мбапе го одбрани голманот на Ливепул, Келехер.
Пенал имаа и домашните, но ударот на Мохамед Салах заврши на левата статива од голот на Тибо Куртоа.
Реал Мадрид моментално е 24-та екипа во Лигата на шампионите и го држи последното место кое води во плеј-офот во нокаут фазата. Во следните три натпревари Реал гостува кај Аталанта, ќе го пречека Салцбург и ќе гостува кај Брест.
На тие натпревари избраниците на Карло Анчелоти ќе бидат под притисок да обезбедат пласман во следната фаза, но тренерот на Реал е сигурен дека неговиот тим ќе оди далеку во Лигата на шампионите.
Во изјава за „Ел Ларгуеро“, Италијанецот рече: „Најважно е што Реал ќе биде во финалето на Лигата на шампионите“.
Анчелоти е најуспешниот тренер во историјата на Лигата на шампионите со пет титули, две освои со Милан, три со Реал.
Спорт
Погба ќе замине во клуб „каде што нема да чувствува притисок“
Пол Погба, од првиот ден на 2025 година може да им се враи на тренинзите, а од март ќе може и да игра. Повеќе не е играч на Јувентус, а се шпекулира дека би можел да се пресели во Фулам.
Некогаш еден од најдобрите играчи за врска во светот, падна на допинг тестото во август минатата година, по натпреварот со Удинезе.
Фулам е заинтересиран за поранешниот француски репрезентативец. Клубот од Премиер лигата во Погба гледа играч кој би можел да придонесе, а на Французинот наводно би прифатл да се пресели на „Крејвен Котиџ“.
Според англиските медиуми, Погба би сакал да потпише за клуб „каде нема преголем притисок“.
Погба неодамна го раскина договорот со Јувентус и сега е слободен агент. Во кариерата настапуваше и за Манчестер јунајтед, а го поврзуваа и со преселба во Саудиска Арабија.