Спорт
Барса на ел класико ќе го носи логото на „Ролинг стоунс“
Легендарниот англиски рок-бенд „Ролинг стоунс“ ќе се појави на дресот на Барселона на следното ел класико, пренесува Радио Монте Карло 1. „Ролинг стоунс“ на тој начин ќе го замени логото на музичката апликација „Спотифај“ со која Барселона потпиша спонзорски договор и ги продаде правата на името на стадионот.
Натпреварот е закажан за 29 октомври, а изборот на логото на „Ролинг стоунс“ е мотивиран од објавувањето на новиот албум на познатата рок-група, прв по 18 години, поточно од 2005 година.
Албумот се вика Hackney Diamonds, а овој проект го најавија членовите на бендот – Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд на гостувањето во телевизиското шоу на Џими Фалон.
Тоа ќе биде трето лого со музичка порака на дресот на Барселона во ел класико. Претходно, на дресот Барселона го имаше бувот на пејачот Дрејк и Мотомами, логото на албумот на пејачката Розалија.
Судејќи по првите реакции на социјалните мрежи, фановите се поделени. Додека едни нагласуваат дека дресот ќе стане дел од историјата како вреден сувенир, други ги исмеваат алчноста и желбата за профит на Барселона.
🚨 Barcelona will play the next Clasico with the Rolling Stones logo on its shirt as part of their sponsorship deal with Spotify. 🎸
The match, scheduled for October 29, will take place a few days after the release of the British band’s new album. 🎵
(📸 @Footy_Headlines) pic.twitter.com/aVfzpqqBmZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 13, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Конор Галагер во Тотенхем
Конор Галагер го официјализира трансферот од Атлетико Мадрид во Тотенхем. Со клубот од Лондон тој потпиша пет ипол годишен договор.
Галагер пред 18 месеци пристигна од Челзи за во Атлетико за 42 милиони евра. „Јорганџиите“ успеаја да ги вратат сите пари што ги вложија во него, откако Тотенхем се согласи да плати 40 милиони евра.
Галагер играше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата. Тој одигра 77 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања и постигна седум гола.
Тотенхем го донесе откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.
„Среќен сум и возбуден што сум тука, што го правам следниот чекор во мојата кариера во неверојатен клуб. Знам колку се одлични навивачите и навистина сум среќен што сум дел од оваа приказна, сакам заедно да создаваме посебни моменти и спомени“, рече Галагер.
Досега, тој одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Англија, но играше само еднаш за тренерот Томас Тухел.
Спорт
(Видео) Мане повторно подобар од Салах – Сенегал ќе се бори за трофејот на Африканскиот куп
Сенегал го победи Египет со 1:0 и се пласира во финалето на Африканскиот куп на нации. За втората титула во историјата на земјата Сенегал ќе игра против победникот од натпреварот Мароко-Нигерија.
Сенеглаците заслужено ќе се борат за трофејот на Африканскиот куп, откако го надиграа Египет во првото полуфинале. Египет, излезе со јасна цел, да го одбрани својот гол, колку беа инфериорни Египѓаните говори и податокот дека во првите 70 минути не упатија ниту еден удар во хголот на противникот.
Сенегал го контролирае поседот, константно се обидуваше да нападне, а наградата за таквиот пристап дојде во 78-та минута, кога Садио Мане прецизно шутираше од 20 метри и го совлада Ел Шарави.
Foto/ EPA
Спорт
Заедно за Македонија! Почнува ЕУРО 2026 – да навиваме како едно срце!
Утре во Шведска започнува едно од најголемите спортски случувања во Европа – Европското првенство во ракомет ЕУРО 2026, а македонската ракометна репрезентација повторно излегува на терен со срце, борбеност и гордост да ја претставува Македонија.
Како официјален партнер на Ракометната федерација на Македонија, компанијата Гранд Ауто, заедно со брендот CHERY – официјален партнер, упатуваат силен и гласен повик до сите навивачи:
Да бидеме заедно, да навиваме гласно и да ја испратиме нашата енергија до Шведска!
Репрезентацијата секогаш црпела сила од поддршката на навивачите, а сега, повеќе од кога било, е време да покажеме дека Македонија знае да стои зад своите херои – без разлика каде играат.
🎉 Навивај и добиј!
За да ја засилиме навивачката енергија и да ја споделиме радоста со фановите, CHERY подготви специјални подароци:
🎽 оригинални и потпишани дресови од македонската репрезентација
🤾♂️ официјални ракометни топки
Овие подароци се симбол на заедништвото, страста и вербата во нови победи на ЕУРО 2026 а ќе се делат преку официјалните канали на социјалните мрежи на CHERY:
Да навиваме со срце, да бодриме со гордост и да покажеме дека кога Македонија игра – сите сме на теренот!
Со среќа, момци!
Македонија е со вас!
ПР

