Спорт
Барселона бара 100 милиони евра за Араухо
Претседателот на Барселона, Џоан лапорта, наводно е подготвен да го продаде Роналдо Араухо.
На Каталонците очајно им требаат пари од продажба на играчи за да се засилат во летниот преоден рок, а Френки де Јонг по којзнае кој пат одбива да го напушти клубот.
Барселона е подготвена да го продаде Рафиња, но заминувањето на Бразилецот нема да биде доволно за да се обезбедат дополнителни пари за трансфери.
Наводно, одлуката да биде продаден Араухо, била донесена бидејќи од неговата продажба клубот може да инкасира околу 100 милиони евра. Голем интерес во јануарскиот преоден рок за Араухо покажа Баерн Минхен. Тогаш баварците нуде 70 милиони евра за Уругваецот.
Од евентуалните продажби на Араухо и Рафиња, Барселона планира да заработи помеѓу 150 и 180 милиони евра.
Тогаш клубот може да почне да ги реализира плановите на тренерот Чави, односно да се насочи кон трансферите на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао и фудбалерите на Лајпциг Дани Олмо и Чави Симонс.
Во одбраната, никој не би го заменил Араухо, бидејќи наводно клубот верува дека таа позиција е добро покриена кога Жил Кунде ќе се врати во срцето на одбраната, заедно со Кристенсен, Кубарси, Иниго Мартинез и повратникот Ерик Гарсија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шешко во 96-та минута спречи пораз на Јунајтед
Словенецот Бенјамин Шешко, во 96-та минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. ЈУнајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.
Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50-тата минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1:1.
Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.
Спорт
(Видео) Лидс освои бод кај Челзи, Њукасл победи кај Тотенхем
Фудбалерите на Борнмут и Њукасл остварија триумфи во натпреварите од 26-то коло од Премиер лигата, додека Челзи испушти предност од два гола и ремизираше против Лидс.
Фудбалерите на Лидс Јунајтед, на „Стенфорд Бриџ“ надоместија негатива од два гола и на крајот освоија бод голем „како куќа“.
Лидс јунајтед ја потврдија одличната форма со само два порази во последните 13 натпревари во Премиер лигата.
Челзи поведе во 24-та минута преку Жоао Педро,тоа беше неговиот шести гол во последните 30 дена.
Во продолжението, домашните ја дуплираа својата предност, Палмер постигна гол од пенал.
Сепак, Лидс не се предаде. Лукас Нмеча го намали резултатот од пенал, а потоа во 73-тата минута му асистираше на Ноа Окафор, кој ја искористи лошата реакција на одбраната на домашниот тим и го постави конечниот резултат 2:2.
Челзи имаше шанса за победа до крајот, но Палмер не успеа да постигне гол.
Бортнмут со головите на Рајан и Адли победи кај Евертон 2:1, а со истиот резултат Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем. Чау и Ремзи во 88-та минута погодија за Њукасл, стрелец за Тотенхем во 64-та минута беше Греј. Тптенхем нема победа во Премиер лигата на последните осум натпревари.
Foto/ EPA
Спорт
Арне Слот: Ова е најтешката сезона во мојата кариера
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, изјави дека тековната сезона е најтешката во неговата тренерска кариера и дека би бил незадоволен ако тимот не обезбеди место во Лигата на шампионите.
„Фер е да се каже дека ова е најтешката сезона што сум ја имал, досега. Сите други сезони беа претежно позитивни, не мислам дека некогаш сум изгубил два натпревари по ред. Ова е исклучок за мене оваа сезона, како и за играчите, бидејќи не се навикнати да губат многу или да имаат многу нерешени резултати. Ни јас не сум навикнат на тоа“, рече Слот.
Актуелните англиски шампиони се на шестото место со 39 бода, пет бода помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед, кој е на последното место што води директно во Лигата на шампионите.
Во среда, Ливерпул гостува кај тимот на Сандерленд, во натпреварот од 26-то коло од Премиер лигата, а во претходната рунда беа поразени дома од Манчестер Сити (1:2).
Foto/ depositphotos.

