Спорт
Барселона го потврди доаѓањето на Мартинез

Ињиго Мартинез е нов играч на Барселона, потврди клубот на својата интернет страница. Шпанскиот репрезентативец пристигна во клубот како слободен играч откако му истече договорот со Атлетик Билбао.
Мартинез договор на две години, а шпанскиот шампион го заштити со клаузула од 400 милиони евра.
Играјќи за Реал Сосиедад (2011-2018) и Атлетик Билбао (2018-2023), Мартинез има собрано повеќе од 350 настапи во Ла Лига. Постигна 22 гола и седум пати асистираше. Мартинез е најскапиот играч во историјата на Атлетик Билбао. Во 2018 година клубот од „Сан Мамес“ за него плати 32.000.000 евра.
За Шпанија има одиграно 20 натпревари.
Ињиго Мартинез е второто засилување за Барселона во актуелниот преоден рок. Претходно, исто така како слободен играч, во Барселона се пресели Илкај Гундоган.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Матео Францозо (25) почина во Чиле

Италијанскиот скијач Матео Францозо трагично го загуби животот еден ден пред неговиот 26-ти роденден откако падна за време на тренинг во Чиле.
Несреќата се случи два дена претходно на патеката во Ла Парва, од каде што беше префрлен со хеликоптер во Сантијаго, главниот град на јужноамериканската земја.
Момчето од Џенова помина два дена во индуцирана кома пред лекарите да го прогласат за мртов. Немаше начин да се спаси по бројните и тешки повреди на главата.
Францозо се натпреваруваше во најопасните дисциплини на алпско скијање – спуст и супер велеслалом.
Во својата кариера, тој забележа една победа во Европскиот куп, во супер велеслалом во Чинал, Швајцарија, додека две години подоцна стана шампион на Италија во алпска комбинација.
Двапати заврши меѓу првите 30 на трките од Светскиот куп – беше 28-ми во 2023 година во Кортина д’Ампецо и минатиот февруари во Кранс-Монтана, Швајцарија, каде што заврши 30-ти – двата пати во супер велеслалом.
Скијачкиот свет се збогува со Матео. Во соопштението на Светската скијачка федерација се огласија бројни скијачи од самиот светски врв.
„Моите мисли и емоции се со семејството на Матео, пријателите, тимот и целата наша заедница“, напиша Микаела Шифрин, а слични коментари оставија и Феликс Нојретер, Кјетл Јансруд, Александар Амодт Килде, Марко Шварц, Дидие Куше, Аксел Лунд Свиндал…
Но, покрај изразувањето сочувство, многу стручњаци и фанови повикуваат на зголемена безбедност.
„Оваа трагедија сега бара достоинствено молчење поради тагата на неговото семејство, пријателите и колегите во големото скијачко семејство. Сепак ќе биде потребно посилно да се справиме со прашањето за безбедноста, патеките со несериозна заштита или со лошо одржување. Сериозни проценки, одлуки, акции. Нека сеќавањето на Матео, кој утре ќе наполнеше 26 години, биде поттик за спречување на други слични трагедии“, рече италијанската новинарка Лиа Капици.
Спорт
Арсенал без капитенот во Шпанија

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегар, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Атлетик Билбао во првото коло од Лигата на шампионите поради повреда.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека Едегор не е со тимот во Шпанија, откако се повреди во саботата на натпреварот против Нотингем Форест (3:0) во Премиер лигата.
„Габриел Жезус, Каи Хаверц, Бен Вајт и Мартин Одегар се отсутни, за жал“, рече Артета, за „Скај Спортс“.
Одегар го напушти натпреварот во 17-та минута откако падна на десното рамо по дуелот со Морган Гибс-Вајт.
Ни Одегар ниту Букајо Сака, кој има проблеми со повреда на тетивата, не тренираа со тимот пред мечот во Билбао.
Сака се повреди против Лидс на 23 август и ги пропушти последните два натпревари, а Артета рече дека нема информации за враќањето на англискиот репрезентативец во составот.
„Мислам дека сè уште има многу работи што треба да се поминат. Прерано е да се знае за кој натпревар ќе биде достапен, но сигурно ќе се обиде да го направи што е можно поскоро“, додаде шпанскиот тренер.
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијамс Салиба, кој го пропушти натпреварот против Форест, тренираше со соиграчите. денес.
Натпреварот од првото коло на Лигата на шампионите помеѓу Арсенал и Атлетик ќе се игра во вечерва во 18:45 часот во Билбао.
Спорт
Јувентус одбил 70 милиони евра за Јилдиз

Челзи имаше амбиции да го ангажира Кенан Јилдиз, но ЈУвентус ја одби понудата од „Стенфорд Бриџ“.
Клубот од Лондон беше активен во преодниот рок, не штедеше пари, а Кенан Јилдиз исто така беше во плановите на „сините“.
Еден од најдобрите играчи на Јувентус беше мета на Челзи, во Торино стигнала понуда од 70.000.000 евра, пишува „Калкомеркато“.
„Старата дама“, ги одби тие пари и покажа дека смета на турскиот ас на долг рок, а извештајот го покажува и планот за продолжување на неговиот договор до 2030 година, со зголемување на платата.
Откако беше промовиран во првиот тим на Јувентус, Јилдиз брзо се етаблираше и стана незаменлив член на стартната постава.
Foto/ EPA