Спорт
Барселона го потврди трансферот на Белерин
Шпанскиот фудбалер Хектор Белерин е нов играч на Барселона, соопшти каталонскиот клуб. Десниот бек претходно ја раскина соработката со Арсенал, а во Барселона ќе игра до јуни 2023 година.
Белерин (27) ќе го замени Сержињо Дест, кој пред два дена се пресели на позајмица во Милан до крајот на сезоната.
По настапот во помладите категории на Барселона, Белерин се пресели во Арсенал во 2011 година.
Тој двапати беше позајмен во Ватфорд и минатата сезона во Бетис, со кој го освои Купот на Кралот.
За шпанската репрезентација има одиграно четири натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фенербахче експресно најде замена за Вилбекин
Американскиот кошаркар Сабен Ли стана нов член на Фенербахче.
Скоти Вилбекин, синоќа ги скина предните вкрстени лигаменти на првиот натпревар од новата сезона во Евролигата кога Фенербахче пред своите навивачи го победи Олимпијакос со 82:71.
Како што пренесуваат Арис Баркас и порталот „Јурохупс“, челниците на Фенербахче веднаш стапиле во контакт со колегите од Маниса и го договориле трансферот на Сејбен Ли.
Поранешниот НБА играч на Детроит, Филаделфија и Феникс блесна на првиот натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА во дресот на Маниса и забележа 36 поени и по шест скока и асистенции во победата над Мурсија 103:97.
Ли е поранешен судент на универзитетот Вандербилт. Инаку, неговиот братучед Трент Форест моментално е член на Басконија.
Спорт
Ѓоковиќ спаси две сет топки, во два тај-брејка го победи Микелсон
Новак Ѓоковиќ потешко од очекувањата победи на стартот на Мастерсот во Шангај. Српскиот тенисер во два тај-брејка го победи 43. играч на АТП листата, Американецот Алекс Микелсон.
Новак Ѓоковиќ по пет години пауза се врати на Мастерсот во Шангај, беше пречекан со овации од публиката, но малдиот Микелсон не беше импресиониран, ниту од величината на противникот, ниту од атмосферата.
Двата сета имаа ист тек, во првиот Микелсон во раната фаза направи брејк, водеше со 3:0, Ѓоковиќ успеа да се врати, а во тај-брејкот пресуди неговото искуство.
Во вториот, Ѓоковиќ прв стигна до брејк и кога се очекуваше рутински да го заврши мечот, му дозволи на Микелсон да се врати. Тај-брејкот беше драматичен Ѓоковиќ спаси две сет топки, а ја искорсити својата трета меч топка за триумф.
Во третото коло Ѓоковиќ ќе игра против Вавринка или Коболи.
Спорт
Се продава најстариот фудбалски клуб во Италија
Фудбалскиот клуб Џенова е ставен на продажба, објави извршниот директор Андрес Бласкез.
Членот на Серија А е во сопственост на американски инвеститори (групата 777 Пантерс), тие го купија клубот пред три години и го вратија во елитните редови по испаѓањето во Серија Б.
Бласкез не можеше да им вети на навивачите дека нема да има продажба на играчи, но тврди дека клубот ќе остане финансиски стабилен и покрај промената на сопственичката структура.
Џенова е основана во 1893 година и е најстариот клуб во Италија кој сè уште постои. Во текот на нивната долга историја девет пати биле шампиони, а последен пат пред точно 100 години.
Сезонава под палката на Алберто Џилардин се на 17. место во Серија А.