Спорт
Барселона го сака Де Хеа на „Камп Ноу“

Шпанскиот репрезентативец Давид де Хеа да пристигне на „Камп Ноу“. Тоа е најновата мисија на раководството на Барселона, откриваат шпанските медиуми.
Де Хеа има договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година и е најплатен фудбалер во тимот, па „црвените ѓаволи“ би сакале да се ослободат од неговата висока плата. Јунајтед верува дека може да најде адекватна замена и е подготвен да ги слушне понудите за него ова лето.
Тренерот Чави побарал од раководството на клубот со сите сили да тргне по Де Хеа, но и тој ќе мора да се согласи на намалување на сегашната плата од „Олф Трафорд“ доколку сака да се пресели на „Камп Ноу“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спортска новинарка настрада од безбол топче со брзина од 153 км/час

Американската спортска новинарка Кесли Вингер настрада на безбол мечот меѓу Сан Франциско и Колорадо, откако ја удри топче со брзина од 153 км/час. Потоа објави фотографија како изгледа во моментот и глетката е страшна.
Играчот на Сан Франциско, Остин Слејтер, силно го удри топчето, а тоа заврши во главата на новинарката.
Откако и била укажана помош, прегледите покажале дека нема други сериозни последици освен дека на некој начин ќе настрада нејзината убавина.
Checking in – Monday, I took a 95 MPH line drive to my head.
The @Rockies & @ATTSportsNetRM have treated me like family. Getting me treatment & to the best hospital ASAP. I was at hospital for 5 hours w/ David Woodman (GM of AT&T SN), his wife, Paula & my producer Alison Vigil. pic.twitter.com/UzhlCzclNE
— Kelsey Wingert (@KelsWingert) May 18, 2022
Did this foul ball line drive really hit @KelsWingert? pic.twitter.com/691FpIZLud
— Ben Cary (@Ben_Cary_) May 17, 2022
Спорт
Мбапе за два дена ќе ја обелодени одлуката, ПСЖ или Реал…

Француската мегаѕвезда Килијан Мбапе долго ја бранува светската фудбалска јавност со неговата одлука околу иднината, дали ќе остане во Пари Сен Жермен или ќе замине во Реал Мадрид. Досега одби неколку неверојатни понуди на „светците“ да го продолжи договорот, но секоја понуда е се поголема и се граничи со досега невозможното кога е во прашање платата на еден фудбалер.
Сепак, и понатаму фаворит за него е Реал Мадрид, чиј голем фан е Мбапе од најрана возраст.
Францускиот „Л’Екип“ излезе со информација дека суперѕвездата Килијан Мбапе ќе ја соопшти одлуката за својата иднина за два дена, на 22 мај, и тоа во телевизиската емисија „Телефут“. Тој во живо ќе и се обрати на јавноста и ќе го открие својот иден клуб.
Последното коло од француската Лига 1 ќе се одигра во сабота, а шампионот ќе се соочи со тимот на Мец кој се бори за опстанок. Младиот напаѓач со месеци ја чува во тајност одлуката за својата иднина, но очигледно дека се ближи крајот на сагата.
Спорт
Рома ќе организира заедничко следење на „Олимпико“ на финалето на Конференциската лига

Италијанскиот калчолигаш Рома ги повика сите навивачи кои нема да можат да заминат во Тирана и да го следат во живо финалето на Конференциската лига на УЕФА, да дојдат на „Олимпико“ и заеднички на голем видео-бим да го следат најважниот европски меч за „волчицата“ во последните 50 години.
Фудбалерите на Рома и на Феенорд следната среда ќе играат за првиот трофеј во Конференциската лига на УЕФА. На стадионот во Тирана, се очекува спектакл и интересно финале, но капацитет е сепак само 22.000 гледачи на трибините.