Спорт
Барселона има план како од Левандовски да заштеди 26 милиони евра
Роберт Левандовски (36) го напушти Баерн во летото 2022 година и пристигна во Барселона во трансфер вреден речиси 50 милиони евра. Каталонскиот клуб го заштити со клаузула од половина милијарда евра и му даде богат договор. Сега тој договор станува товар и клубот бара начин како да ги намали приходите на полскиот напаѓач.
Бруто платата на ветеранот Левандовски во наредната сезона изнесува . Барселона за нив мора да издвои 33,3 милиони евра, а во 2025/2026, бруто износот за неговата плата ќе се намали на 26 милиони евра.
Барселона ќе се обиде да ја заштеди сумата за последната година од неговиот договор, пренесуваат шпанските медиуми. Тоа ќе може да го направи под услов Левандовски да одигра помалку од 55 отсто од вкупниот број натпревари на Барселона во новата сезона.
Сето ова не изгледа веројатно бидејќи Барселона не беше активна во преодниот рок и нема подготвена замена за Левандовски, кој минатата сезона одигра 49 натпревари, постигна 26 и забележа девет асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола за Алонсо: Мене во Реал би ме отпуштиле по шест месеци
Пред големото дерби помеѓу Реал и Манчестер Сити, во Лигата на шампионите, Пеп Гвардиола зборуваше за моменталната ситуација во која се наоѓа неговиот колега од спротивниот табор, Чаби Алонсо.
Не функционира сè како што треба во „Кралскиот клуб“, поразот од Селта во претходното коло го вклучи алармот, се шпекулира дека Алонсо е пред отказ.
„Тренирањето на Реал Мадрид е најтешката работа во светот на фудбалот.
Јас да ги имав резултатите од минатата сезона како тренер на Реал, ќе ме отпуштеа по шест месеци“, рече Гвардиола пред натпреварот.
Гвардиола и Алонсо се познаваат добро од времето кога работеа заедно во Баерн Минхен, кога тој го тренираше актуелниот тренер на Реал.
„Имам одлично искуство со него. Му посакувам се најдобро. Може да ги сврти работите во Реал“, додаде Пеп.
Foto/ depositphotos
Спорт
Рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина
Аргентинската полиција спроведе голема рација во просториите на Фудбалската федерација на Аргентина (АФА). Рации имало и во повеќе од 30 фудбалски клубови во оваа земја, а сето тоа поради сомневања за перење пари од големи размери зад кои стои финансиската фирма „Sur finanzas“.
Споменатата компанија е еден од главните спонзори на аргентинската „куќа на фудбалот“. Рацијата беше спроведена откако по наредба на федералниот судија Луис Армела се појавија видеа од униформирани полицајци кои влегуваат во просториите на здружението во главниот град Буенос Аирес.
Се прегледуваат документацијата и потпишаните договори, како и електронските датотеки.
„Sur finanzas“ минатата недела издаде соопштение во кое се наведува дека обвинувањата за перење пари се „неосновани“ и дека фирмата ги обезбедува своите услуги во согласност со законските прописи.
Покрај тоа што е спонзор на сите натпреварувања што се играат под покровителство на АФА, оваа компанија спонзорира и бројни клубови од првото и второто ниво на аргентинскиот лигашки систем.
Спорт
Ласо се договорил со Анадолу Ефес
Искусниот шпански тренер Пабло Ласо ќе стане нов шеф на тренерскиот штаб на Анадолу Ефес. Порталот „Баскетфул“, тврди дека тој договорил 18-месечна соработка со клубот од Истанбул. Според овој извр, Шпанецот ќе биде промофиран во нов тренер по дуелот што Ефес треба да го одигра со Валенсија.
Двократниот освојувач на Евролигата, неодамна остана без тренер откако Игор Кокошков беше отпуштен од должноста по серија лоши резултати.
Според извештаите, Ласо ќе го гледа во живо гостувањето на Ефес во Валенсија, а потоа треба да се врати во Истанбул со тимот, каде што ќе ги заврши сите формалности околу потпишувањето на договорот.
Договорот е од таква природа што двете страни можат да ја прекинат соработката на крајот од оваа сезона доколку резултатите не го задоволат Ефес, додека спротивното сценарио би значело дека Ласо би останал во Истанбул до летото 2027 година.
По 15 кола во Евролигата, Ефес има скор од 5-9 и е во група од пет екипи, кои имаат идентичен сооднос на победи и порази.
Foto/ depositphotos

