Спорт
Барселона ќе го раскине договорот со Циндиќ
Поранешниот ракометар на Металург и Вардар, Лука Циндиќ ја напушта Барселона. Каталонски „Спорт“, објави дека клубот го известил репрезентативецот на Хрватска дека ќе го раскине договорот со него и дека може да си бара друг клуб.
Ваквата одлука на Барселона, пишува „Спорт“, била поттикната од бројните повреди на Циндиќ, а истиот извор ја цитира изјавата на поранешниот легендарен голман на Барса, сега спортски директор Давид Баруфет, дека Хрватот поминал повеќе време на велосипедот за вежбање отколку на теренот.
Исто така, Спорт пишува дека раскинувањето на договорот со хрватскиот репрезентативец значително ќе ја олесни финансиската состојба во клубот. Покрај Циндиќ, Барселона на позицијата среден бек ги има неодамна потпишаниот Пол Валера од Гранољерс и Словенецот Домен Макуц. Дополнително, во Барселона веруваат дека оваа позиција успешно можат да ја покријат Словенецот Блаж Јанц и Французинот Мелвин Ричардсон, па дури и Дика Мем.
Циндриќ во Барселона пристигна во 2019 година од Кјелце и потпиша договор до 2023. Пред три години потпиша нов подобрен договор со Каталонците до 2025 година.
Циндриќ со Барселона досега освои две титули во Лигата на шампионите, три шампионски титули во Шпанија, три Купа на кралот, три Лига купа, сезоната во клубот сигурно ќе ја заврши со уште една домашна титула, а тие се и фаворити за уште еден трофеј во Лига на шампиони.
Циндриќ беше клучен играч на Вардар во походот кон европската круна во 2017 година, а потоа ЕХФ го избра за играч на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Хезоња за својата иднина: „Немам идеја“
Кошаркарот на Реал Мадрид, Марио Хезоња изјави дека се уште нема поим што ќе се случува со неговата кариера во иднина.
Договорот на хрватскиот кошаркар со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната, па прашање на сите прашања е дали тој ќе остане во Мадрид.
„Немам идеја. Флорентино Перез ми се заканува секој пат кога ќе ме види во трпезаријата дека морам да останам овде. Се надевам дека е така. Сите работиме да биде така“, изјави Хезоња за Ел Мундо.
Грчките медиуми го поврзаа со Панатинаикос, а има навестувања и за други потенцијални дестинации за најдобриот стрелец на Реал.
Хезоња сезонава имаше просек од 13,7 поени и 4,4 скока на 36 натпревари во Евролигата.
Хезоња и Реал во петок се соочуваат со фајналфорот во Евролигата, а во полуфиналето во Берлин ќе играат против Олимпијакос, што ќе биде реприза на ланското финале во кое подобри беа избраниците на Чус Матео.
Спорт
Англија со најголемите ѕвезди ќе настапи на ЕУРО 2024
Селекторот на Англија, герет Саутгејт го објави спискот на фудбалери за ЕУРО 2024. На спискот има 33. фудбалери, што значи дека до почетокот на првенството ќе седуммина од кои еден сигурно ќе биде голман.
На ЕП нема да патува долгогодишниот член на националниот тим, Џордан Хендерсон.
Списокот на Саутгејт:
Голмани: Дин Хендерсон, Џордан Пикфорд, Арон Рамсдејл, Џејмс Трафорд
Одбрана: Џеред Брантвајт, Луис Данк, Џо Гомез, Марк Гуеи, Езри Конса, Хари Мегваер, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипиер, Кајл Вокер.
Среден ред: Трент Александар-Арнолд, Конор Галагер, Кертис Џонс, Коби Мајно, Деклан Рајс, Адам Вартон, Џерод Боувен
Напад: Џуд Белингем, Џерод Бовен, Еберечи Езе, Фил Фоден, Џек Гралиш, Ентони Гордон, Хари Кејн, Џејмс Медисон, Кол Палмер, Букајо Сака, Ајван Тони, Оли Воткинс.
Англија на ЕП е во Ц групата заедно со Данска, Словенија и Србија.
Спорт
Димитиревски договорил четири годишна соработка со Валенсија
Репрезетативецот на Македонија Столе Димитиревски од наредната сезона ќе го носи дресот на Рајо Ваљекано. Бројни шапнски медиуми и најпознатиот транфер-инсајдер, Фабрицио Романо, објавија дека голманот со Валенсија потпишал четири годишен договор.
Столе Димитриевски по шест сезони, како слободен играч ќе го напушти Рајо Ваљекано. Од „Ваљехас“ ќе замине како голман со најмногу одиграни натпревари во клупската историја.
Во последното коло, против Атлетик Билбао на домашен терен Македонецот по 192. пат ќе застане на голот на Рајо Ваљекано.
Трансферот на Димитриевски значи дека Валенсија ќе ја напушти Грузиецот, Гиорги Мамрдашвили. Од неговиот трансфер Валенсија треба да заработи 30 или повеќе милиони евра.