Спорт
Барселона мора им ги намали платите на фудбалерите за да може да ги регистрира засилувањата
Барселона напорно работи на засилување на играчкиот кадар пред новата сезона. Клубот веќе се договори со Френк Каси и Андрес Кристенсен, во тек се преговори со Роберт Левандовски, Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо, но на крајот се може да биде залудно.
Финансиските проблеми ги кочат активностите на Блауграна на пазарот, а доколку не ги реши, Барса нема да може да регистрира играчи. Ваков проблем Барселона имаше и минатото лето, поради што од клубот мораше да замине Лионел Меси, а неколку играчи прифатија нивните плати да бидат намалени за 50 отсто.
На ист начин, првиот човек на клубот Џоан Лапорта, ќе се обиде да ги реши финансиските проблеми и ова лето. Барселона ќе мора да ги испегла финансиските книги до крајот на јуни, па затоа „Мундо Депортиво“ пишува за намерата на каталонскиот клуб да им ја предложи идејата за финансиска жртва на играчите за да може тимот да се засили пред почетокот на следната сезона.
Минатото лето беа жртвувани четворицата капитени – Џерар Пике, Серхио Бускетс, Жорди Алба и Серхи Роберто, а овој пат се очекува платите да им бидат намалени на сите од првиот тим. Исклучок ќе бидат фудбалерите кои неодамна ги продолжија договорите: Ансу Фати, Педри и Роналд Араухо, и оние кои пристигнаа во клубот оваа зима Пјер-Емерик Обамејан и Феран Торес.
„Мундо Депортиво“ понатаму во својот текст наведува дека челниците на Барса веќе започнале преговори со одредени играчи и дека во наредните денови во преговорите ќе бидат вклучени и други првотимци.
Што се однесува до оние кои Чави ги пречкрта, ќе мора да најдат нова средина или во спротивно клубот ќе преговара со нив за раскин на договорот со исплата на споменатите 50 отсто од платата.
„Еден од начините за заработка е да ги продадете највредните играчи во тимот“, им порача на луѓето од Барселона, првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас.
Тој минатата недела ја предупреди Барселона дека во овој момент финансиите не ѝ дозволуваат да ги регистрира засилувањата. Наводно, клубот веќе преговара со Манчестер јунајтед за трансферот на Френки де Јонг и за него бара 85.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Линдзи Вон се врати во САД
Американската скијачка Линдзи Вон денес се врати дома во Соединетите Држави, откако помина една недела во болницата во Тревизо. Вон (41), доживеа фрактура на ногата откако падна во олимписката трка во спуст.
„Не сум застанала на нозе повеќе од една недела… Бев имобилизирана во болнички кревет од трката. И иако сè уште не можам да стојам, чувството е прекрасно да се вратам на дома“, објави Вон на социјалната мрежа „X“ со емотикон со американско знаме.
„Голема благодарност до сите во Италија што се грижеа толку добро за мене“, изјави Вон.
41-годишната скијачка имаше најмалку три операции на скршена лева нога во Италија. Претходно беше објавено дека ќе ѝ требаат нови операции во САД.
Вон, девет дена пред почетокот на Зимските олимписки игри ги скина лигаментите во левото колено, на тренингот за спустот во Кран Монтана. И покрај повредата реши да настапи на Игрите во Милано и Коритна.
Спустот го заврши по само 13 секунди, на 8 февруари, по што беше префрлена со хеликоптер во болница. Еден ден подоцна, таа потврди дека претрпела комплексна фрактура на тибијата, за која се потребни повеќе операции за да се поправи соодветно.
Foto/ /depositphotos
Спорт
Винисиус му постави ултиматум на Реал
„Винисиус Жуниор го информираше Реал Мадрид дека сака наскоро да чуе јасен став за нов договор. Доколку не се постигне договор до април, тој ќе размисли за заминување“, објави во вторникот „Ел Насионал“.
Разговорите меѓу Винисиус Жуниор и Реал Мадрид, околу новиот договор, одамна престанаа. Двете страни не можат да се договорат за платата и таа во моментов е причина за сите проблеми.
Бразилецот бара плата каква што има Килијан Мбапе, односно околу 30 милиони евра, додека „кралскиот клуб“ му нуди околу 20 милиони.
Доколку реши да замине, ќе може да бира каде ќе ја продолжи кариерата. Засега како главен фаворит се издвојува ПСЖ.
Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ пред осум години од Фламенго, за сума од околу 50 милиони евра. Одигра 356 натпревари во дресот на Реал, има учинок од 116 голови и 94 асистенции.
Спорт
Пресврт, Влаховиќ сега сака да остане во Јувентус
Душан Влаховиќ сериозно размислува за продолжување на договорот со Јувентус. Овие информации ги пренесоа неколку италијански медиуми.
По месеци шпекулации за неговото заминување, се чини дека српскиот репрезентативец се уште не донел одлука да го напушти Торино, напротив, сите опции сè уште се разгледуваат, а самиот играч покажал интерес да го продолжи договорот.
„Соработник близок до менаџерот на фудбалерот, открива дека Влаховиќ покажал интерес за продолжување на соработката“, вели италијанскиот новинар Даниеле Лонго, потврдувајќи дека самиот Влаховиќ ја разгледува опцијата за нов договор.
Оваа перспектива го менува претходниот наратив, дека напаѓачот нема намера да остане во Јувентус.
Влаховиќ во моментов с годишна плата од 12 милиони евра е најплатениот играч во клубот и еден од најплатените во Серија А. Јувентус му нуди нов, повеќе годишен договор, со помала плата, што барем досега играчот и неговиот менаџер го одбија.
Foto/ depositphotos

