Спорт
Барселона на „Џузепе Меаца“, Ајакс го чека Наполи
По репрезентативната пауза, се враќа Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одиграат натпреварите од третото коло во групите А, Б, Ц и Д. Дербито е на „Џузепе Меаца“, каде што Интер ќе ја пречека Барселона.
Интер е во криза, има три порази на последните четири натпревари за разлика од Барселона, која без проблеми победува во Примера. Можно е вечерашниот натпревар да биде последен за Симоне Инзаги на клупата на Интер.
Голем хендикеп за Интер ќе биде неиграњето на Марсело Брозовиќ. Проблеми со ростерот има и Барселона, натпреварот ќе го прпуштат Роналд Араухо и Жил Кунде.
Група А:
Ајакс-Наполи
Ливерпул-Ренџерс
Табела: Наполи 6, Ливерпул 3, Ајакс 3, Ренџерс 0
Група Б:
Клуб Брж-Атлетико Мадрид
Порто-Баерр Леверкузен
Табела: Клуб Бриж 6, Атлетико 3, Баер 3, Порто 0
Група Ц:
Интер-Барселона
Баерн Минхен-Викторија Плзен
Табела: Баерн 6, Барселона 3, Интер 3, Викторија 0
Група Д:
Ајнтрахт-Тотенхем
Марсеј-Спортинг
Табела: Спортинг 6, Тотенхем 3, Ајнтрахт 3, Марсеј 0
Натпреварите Баерн-Викторија и Марсеј-Спортинг ќе почнат во 18.45 часот, сите други дуели се играат во стандардниот термин од 21 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Енис Барди: Шпанците ме споредуваа со Меси
Капитенот на фудбалсата репрезентација на Македонија, Енис Барди, во интервју за „haber61.net“, зборуваше за периодот кога беше во Леванте. Потенцираше дека во еден период бил подбар изведувач на слободните удари од Лионел Меси.
„Навистина, бев подобар од Меси. Постигнав седум гола од 25 слободни удари, а Меси имаше осум од 52, имав многу подбар процент на реализација. Според процентот бев подобар. Да бидеме сериозни, прекрасно беше чувството што луѓето ме споредуваа со еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Се гордеев со тоа“, рече Барди.
Спорт
Клубовите се против – Шведска нема да воведе ВАР
Системот за видео анализа (ВАР) нема да биде воведен во Шведска, откако на оваа идеа се спротивтавиле фудбалските клубови, изјави во петокот претседателот на Шведската фудбалска федерација (SvFF), Фредрик Рајнфелд.
ВАР постојано беше во центарот на контроверзноста во лигите каде што беше воведен, со поплаки поврзани со неговата обемна анализа и одложувања кои често траат неколку минути.
Во јули 2023 година, Шведската професионална фудбалска лига, која ги претставува клубовите во првите две дивизии на шведскиот фудбал, соопшти дека мнозинството клубови во земјата „активно се противат“ на воведувањето на ВАР.
Рајнфелд, кој минатата година рече дека ВАР е „иднината“, беше критикуван од навивачите за неговиот став по ова прашање.
„Ако броев правилно, имаме 18 елитни клубови и два региони кои рекоа дека не сакаат да воведат ВАР. Ние тоа го почитуваме. Поради тоа не излеговме со овој предлог на претходниот состанок, а тоа нема да се случи ниту во иднина. Јас сум за почитување на демократските правила на играта“, изјави Рајнфелд, инаку поранешниот премиер на Шведска.
Спорт
Иџе во поход по нова европска титула: „Очекувам добра трка“
Трикратниот европски шампион, Игор Стефановски Иџе овој викенд со трката во Австрија започнува нова сезона во која ќе се обиде да стигне до четвртата титула во Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC).
Летечкиот Македонец, Игор Стефановски викендов пред нов предизвик. Во Австрија, на патеката Рекбер тој ќе го започне својот најнов поход на Европскиот шампионат на ридски патеки, кој и годинава има 10 трки. Шампионатот започнува на 28.04.2024, а ќе заврши во септември со трката во Хрватска.
Стефановски и оваа сезона не ги крие своите шампионски амбиции, за кои верува дека ќе може да се реализираат, особено затоа што годинава на патеката ќе управува со новиот автомобилски ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
„Очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Би сакал да се заблагодарам на мојот тим, како и на тие кои го препознаа потенцијалот и ме поддржуваат за натпреварувањата во оваа сезона, особено моите спонзори кои веруваат во мојот потенцијал “- вели Стефановски.
Минатата година Иџе во текот на целата сезона беше во сигурна доминација со седум победи на 10 трки.