Спорт
Барселона поведе дисиплинска постапка против Тер Штеген
Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген одби да потпише согласност Барселона да достави извештај за неговата повреда и операција до раководството на Ла Лига.
Според „Мундо Депортиво“, Барселона покрена дисциплинска постапка против него. Случајот го презеде правниот тим на каталонскиот клуб, а 33-годишниот германски голман речиси сигурно ќе се соочи со казна.
Постапката на Тер Штеген има директни последици за клубот. Доколку се докаже дека неговата повреда е сериозна и дека нема да се опорави во следните пет месеци, клубот би можел да даде 80 проценти од неговата плата на друг играч.
Сето ова е дел од договорот меѓу Барселона и раководството на лигата откако клубот беше речиси банкротиран за време на пандемијата на коронавирусот. Оттогаш, Барселона може да троши колку што заработува и мора да ги држи платите на играчите и персоналот во дадените граници.
Тешката и долготрајна повреда на Тер Штеген би ѝ овозможила на Барселона да регистрира нов голман, станува збор за 24-годишниот Џоан Гарсија.
Нешто слично се случи и минатата сезона, кога клубот во последен момент успеа да го регистрира Дани Олмо, Андреас Кристенсен беше сериозно повреден.
Од Барселона го повикале Тер Штеген на разговор, но тој одбил. Ситуацијата меѓу играчот и клубот е напната, пишува „Мундо Депортиво“.
Германецот е во Барселона од 2014 година и бранел во 422 натпревари. Со клубот ја освои Лигата на шампионите и шест шампионски титули во Шпанија.
Foto/ EPA/Alejandro Garcia
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер го декласира Комо
Фудбалерите на Интер убедливо го победија Комо со 4:0 (1:0) во натпреварот од 15-то коло на италијанската Серија А.
Момците на Кристијан Киву, слободно може да се каже, го декласираа тимот на Сеск Фабрегас, најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната.
Веќе во 11-тата минута, Лаутаро Мартинез ги доведе „нероазурите“ во водство и го најави триумфот на домашниот тим.
Комо се држеше максимално во првото полувреме, имаше неколку можности за израмнување, а потоа гостите се распаднаа во продолжението.
Маркус Тирам ја удвои предноста на Интер во 59-та минута, а точно на истекот на 80-та минута, Хакан Чалханоглу, во свој стил, од работ на шеснаесетникот го зголеми резултатот на 3:0.
Конечниот резултат го постави Карлос Аугусто во 86-та минута.
Интер ја забележа 10-та последователна победа во лигата над Комо, кој не постигна гол во претходните пет меѓусебни средби.
По овој натпревар Серија А, повторно има нов лидер, барем додека Милан не го одигра својот натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Баерн пукна петарда во Штутгарт, Леверкузен загуби во Аугсбург
Фудбалерите на Баерн рутински го победија Штутгарт со 5:0 во 13-то коло од Бундеслигата.
На хартија, ова требаше да биде незгодно гостување за најтрофејниот германски клуб, на крајот, тимот на Винсент Компани успеа да го совлада ривалот без поголеми проблеми.
Во првото полувреме, Лајмер им донесе водство на гостите со асистенција од Олисе.
Штутгарт израмни преку Нарти, но неговиот гол на крајот беше поништен поради офсајд по преглед во ВАР собата.
Кејн го дуплираше водството на Баерн во 66-та минута, .Станишиќ го зголеми резултатот на 3:0, а потоа Кејн со уште два гола го петардираше Штутгарт.
Баер Леверкузен го претрпе вториот пораз во првенството, откако загуби во Аугсбург – 2:0.
Домашниот тим поведе преку Јанулис, а победата ја потврди Каде по асистенцијата на Јанулис.
15-то коло од Бундеслигата
Петок:
Мајнц – Менхенгладбах 0:1 (0:0)
Да Коста 58(над)
Сабота:
Келн – Сент Паули 1:1 (0:0)
/Ел Мала 51 – Џонс 94/
Хајденхајм – Фрајбург 2:1 (0:1)
/Мајнка 59, Шимер 94 – Мансамби 40/
Волфсбург – Унион Берлин 3:1 (2:0)
/Вимер 10, Амура 30, Мајер 59 – Нсоки 68/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Черки танцуваше на „Етихад“, Бруно Гимараеш постигла гол од корнер, нов кикс на Челзи
Борнмут им го распипа максималниот ефект на домаќините, во Премиер лигата. На петте натпревари, четири победи запишаа домаќините, а Борнмут одигра без голови со Челзи. Манчестер Сити, протифитираше од поразот на Арсенал и со победата над Сандерленд (3:0), се доближи на два бода негатива.
„Граѓаните“ го победија Сандерленд со 3:0, со головите на Рубен Дијаш, Јошко Гвардиол во првото полувреме и Фил Фоден во второто полувреме, но централна фигура на натпреварот беше Рајан Черки.
Поранешниот фудбалер на Лион танцуваше, командуваше со средниот ред, забележа две асистенции, од кои една сигурно ќе заврши на листата на најдобрите потези во целата сезона.
Бруно Гимараеш сериозно ќе му конкурира на Черки, тој постигна гол директно од корнер!
Гордон го дуплираше водството на домашниот тим од пенал на крајот од полувремето, а на ист начин, бројчено послабите гости (Лукас Пирес исклучен во 43-та минута) го ублажија поразот преку Зајон Флеминг, во 90+4 минута.
Евертон игра во одлична форма.
„Карамелите“ го победија Нотингем Форест со 3:0 и продолжија да се искачуваат на табелата во Премиер лигата, каде што моментално се наоѓаат на петтото место.
Катастрофата на „шумарците“ ја најави Никола Миленковиќ, кој си постигна автогол во втората минута.
Бари и Дјусбери-Хол ги дотолчија индиспонираните гости.
Foto/ EPA

