Спорт
Барселона преку Олимпијакос до третото место во Евролигата
Кошаркарите на Барселона го освоија третото место на завршниот турнир во Белград. Дуелот на поразените полу-финалисти, помеѓу Барселона и Олимпијакос заврши со резултат 84:74.
Барселона уште на стартот најави добар натпревар. Олимпијакос одигра лошо на двете страни од теренот, што им донесе предност на Шпанците од 10:2. Дури на крајот од првата делница Грците фатија приклучок. Везенков во последната секунда намали на 20:18.
Во втората четвртина црвено-белите од Пиреја одиграа многу подобра одбрана, но доминираа загубените топки на двете страни.
По 15 минути игра ги имаше дури 13.
Олимпијакос успеа да поведе, но на крајот од првото полувреме следуваше нова серија на Барселона. Сертак Шанли беше одличен, па на одмор се замина со 45:38.
Почетокот на третиот дел беше сличен на почетокот на натпреварот. Барса предводена од Миротиќ успеа да се одлепи на разлика од 15 поени.
Меѓутоа, кога се чинеше дека се е готово, Везенков ги крена на нозе навивачите од Пиреја, а тоа влијаеше на големото враќање на грчкиот тим.
Во решавачката четвртина Олимпијакос се доближја до 68:65, Јасикевичиус побара тајм-аут, а потоа играчите на грчкиот тим со серија грешки им овозможија на противниците да се одлепат на разлика од девет поени и да го добијат натпреварот.
Миротиќ беше најдобар со 19 поени (7/10 за два, 1/1 за три), 4 скока и 4 асистенции, Шанли додаде 16, Хигинс 11, Дејвис 10, а Калатес имаше 9 поени, 8 скока и 13 асистенции.
Во поразениот тим Саша Везенков постигна 20 поени со 11 скока, Слукас запиша 14 и 7 асистенции, Мекисик 11, а Тајлер Дорси 10.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Шокатнтен пораз на Баерн среде Минхен
Фудбалерите на Баерн Минхен, во 19-то коло, го забележаа првиот пораз сезонава во Бундес лигата. Лукалниот ривал од Баварија, Аугсбург, го шокираше шампионот среде Минхен.
Делуваше дека актуелниот шампион ќе забележи уште една рутинска победа кога поведе со голот на Ито во 23-та минута. Сепак, тотален шок следеше во последната фаза од натпреварот, кога гостите ги постигнаа двата гола.
Артур Чавез за 1:1 (76-та минута) и Маенго во 81-та минута.
Баерн се обиде да израмни на крајот, но Аугсбург успеа да ги одбие сите напади и да освои три важни бода во борбата за опстанок. Најдобрата шанса ја пропушти Олисе, кога ја затресе пречката.
Резултати:
Баер Леверкузен – Вердер Бремен 1:0 (1:0)
/Лукас Васкез 38/
Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм 1:3 (1:0)
/Калимуендо 18 – Бургер 52, Кабак 60, Аменда 65/
Мајнц – Волфсбург 3:1 (0:1)
/Тиц 68, Бел 74, Амири 84 пен.- Амура 3/
Хајденхајм – РБ Лајпциг 0:3 (0:0)
/Баку 62, Нуса 68, Раум 71/
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Комо со шест парчиња го честеше Торино
Во италијанската Серија А се играат натпреварите од 22-то коло, а попладнево екипата на Комо го декласираше Торино со 6:0.
Дебаклот на „биковите“ го најави Гркот Дувикас во седмата минута. Само осум минути подоцна, Комо ја дуплираше предноста со прекрасен гол на Батурина.
Серијата голови во вториот дел ја отвори Де Куња од пенал, во 59-та минута. Седум минути подоцна беше постигнат четвртиот гол, по акцијата на Батурина, Дувикас го постигна својот втор гол.
Д крајот по гол за Комо постигнаа Кун и Какра.
Комо сега има 40 бода на петтото место, а Торино е сè уште на 23 бода, по четвртиот последователен пораз.
Foto/ EPA
Спорт
Историски меч – Франција ја прегази Португалија
Франција ја прегази Португалија со 46:38, во првиот мел од второто коло, во Групата 1 на ЕП.
Нестварен меч одиграа Французите, а победата ја најавија по само 10 минути игра. На крајот, Португалците загубија со само осум голови разлика.
Неколку рекорди беа постигнати на овој натпревар. Франција постигна најмногу голови во едно шолувреме (28), го изедначи сопствениот рекорд за најмногу голови на една селекција (46).
Франција и Португалија постигнаа најмног голови во едно полувреме (28:15) и најмногу голови на еден натпревар (84).
Мем со осум и Ричардсон со шест ја предводеа Франција, на спортивната страна со по пет гола се истакнаа Бранкиљо, Роча, Итуриза и Брандао.
Foto/ EPA

