Спорт
Барселона во Белград собори клупски рекорд стар 74 години
Фудбалерите на Барселона убедливо ја надиграа Црвена Звезда на стадионот „Рајко Митиќ“ и ја совладаа со резултат 5:2 во натпреварот од 4. коло од Лигата на шампионите.
Со уште една ефективна партија избраниците на Ханси Флик успеаја да го соборат клупскиот рекорд стар 74 години.
Имено, Барселона на првите 16 натпревари од сезоната успеа да постигне 55 гола во сите натпреварувања.
Претходниот рекорд беше поставен во сезоната 1950/1951 година. кога ја водеше легендарниот Словак Фердинанд Даучик.
Тогаш неговата Барса постигна 54 гола во првите 16 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Слот за повредата на Жота: Тоа е приватна работа
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот не е изненаден од добриот старт во новата сезона и истакнува дека бил многу свесен за силата на тимот што го наследил од Јирген Клоп.
Од 16 одиграни натпревари, Ливерпул победи на 14, има едно реми и еден пораз. На „Енфилд“ се надеваат дека и по саботниот дуел со Астон Вила ќе останат на врвот на табелата во Премиер лигата.
„Не можам да кажам дека сум изненаден, тоа не е добар збор, бидејќи ја знаев силата на овој тим уште пред да дојдам. Но, квалитетот е едно, конзистентноста е сосема друго“, изјави Слот на прес-конференцијата во петокот.
„Понекогаш ви треба и малку среќа. Поголемиот дел од резултатите сезонава беа заслужени, но некои можеа да имаат и поинаков исход. Кога почнав да работам со тимот, видов колку труд вложуваат за да ги постигнат овие резултати“, додаде Холанѓанецот.
Слот потврди и дека се уште не може да смета на Диого Жота кого не го очекува на теренот пред крајот на ноември. Жота се повреди на 20 октомври на дуелот со Челзи. Сепак, тој не сакаше да објасни за што се работи:
„Тој ќе се врати на првиот или вториот натпревар по репрезентативната пауза. Тоа е приватна работа“.
Ливерпул во сабота од 21 часот ја пречекува Астон Вила.
Спорт
Мбапе не ја одобрува тактиката на Анчелоти
Килијан Мбапе деновиве е во центарот на вниманието поради различните случувања на фудбалскиот терен и надвор од него, а шпанските медиуми пишуваат дека Французинот е незадоволен како тренерот Карло Анчелоти го води тимот
Реал Мадрид не блеска оваа сезона. Дека нешто не е во ред укажуваат и поразите од Лил и Милан во Лигата на шампионите, како и дебаклот против Барселона на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Имено, Мбапе не е задоволен од тоа како Анчелоти го води тимот и како Реал изгледа на теренот.
Реал доживеа два тешки порази на домашен терен (Барселона 0:4 и Милан 1:3). Стручњаците сметаат дека Реал нема баланс во играта, а според нив за тоа придонесува и поставката во која Мбапе игра како класична „деветка“, бидејќи десната страна во нападот е резервирана за Винисиус Жуниор.
Мбапе не е е задоволен од позицијата која му ја намени тренерот Анчелоти. Јасно му е дека не е централен напаѓа туку крило.
На Мбапе бргу му стана јасно дека во Реал нема да може да се однесува исто како во ПСЖ, каде го имаше последниот збор, а според француските медиуми дури решавал и за трансфер политиката на клубот.
Спорт
Фенер потпиша со играч од НБА и го испрати на позајмица во Баерн
Онуралп Битим е нов кошаркар на Фенербахче. Битим се врати од НБА лигата каде го носеше дресот на Чикаго Булс.
Поранешниот кошаркар на Каршијака и Бурса потпиша договор со Фенербахче и веднаш замина на позајмица во Баерн Минхен.
Станува збор за крилен центар, во чии договор постои клаузула дека Фенербахче може да го врати кошаркарот во Истанбул доколку Баерн не избори пласман во плеј-офот.
Битим во дресот на Чикаго имаше просек од 3,5 поени и 1,4 скока по натпревар.