Спорт
Бастианини сака да вози во Херез

Возачот на Дукати, Енеа Бастианини, ќе се обиде да вози на четвртата трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, Големата награда на Шпанија. Во четврток ќе биде познато дали ќе добие дозвола да вози на патеката „Анхел Нието“.
Бастианини се здоби со скршеница на скапулата на првата спринтерска трка сезонава во Португалија, кога Лука Марини од тимот VR46 го исфрли од патеката. Оттогаш Бастианини ја пропушти првата трка од сезоната, како и следните два тркачки викенди, во Аргентина и САД.
Италијанскиот мотоциклист на почетокот на оваа недела извозе десетина кругови на своето Дукати на патеката „Марко Симончели“, што го убеди дека може да вози во Херез.
За да се случи тоа, Бастианини прво ќе треба да помине лекарски преглед за да добие дозвола да биде на патеката од петок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Македонија со победа ги започна квалификациите за пласман на СП

Фото/ ffm.mk
Фудбалската репрезентација на Македонија, според планот, со победа во Лихтенштајн ги отвори квалификациите за пласман на Светското првенство. На „Рајн парк“ стадионот во Вадуц, во првиот меч во Ј групата, Македонија го победи Лихтенштајн со 3:0. Македонија шестти натпревар во низа одигра без приимен гол. Столе Димитриевски е апослутен рекордер, нема примено гол 621 минута.
Македонските фудбалери ја остварија целта, забележаа победа и не се истрошија за следниот меч, кој е за три дена.
Резултатот го отвори Трајковски во седмата минута, кога со глава ја спроведе топата во мрежата по нафрлувањето на Миовски. Трајковски го постигна шестиот гол во дуелите со Лихтенштајн, негов 22. во репрезентативниот дрес.
Предноста ја зголеми Муслиу во 42.минута. По корнерот на Барди, Алими ја префрли топката во петтерецот, а Муслиу во стил на врвен напаѓач со волеј ја испрати во голот.
El GOLAZO de media volea de Musliu para darnos el contundente 2-0. pic.twitter.com/XSZ93X4vNL
— Mecedonia 🇲🇰 (@MacedoniaFC) March 22, 2025
Асистентот за првиот гол Миовски го постави конечниот резултат. Напаѓачот на Џирона, го совлада голманот на лихтенштајн по нафрлувањето со надворешна на Илиевски во 84.минута.
Во 59.минута, македонските навивачи скандираа „Кочани, Кочани“, со што им одадоа почит на трагично починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во овој град на 16.март.
Наредниот меч, Македонија ќе го одигра за три дена, во Скопје против Велс.
Спорт
Мота ќе добие отказ, на неговото место доаѓа Манчини

Тиаго Мота ќе добие отказ од Јувентус, а неговото место барем до крајот на сезоната ќе го заземе Роберто Манчини.
„Газета дело Спорт“, денеска открива дека натпреварот против Џенова најверојатно ќе биде последен за Мота на клупата на Јувентус. Очигледно тешките порази од Аталанта и Фиорентина беа доволни клупските челници да го сменат Мота. Во исто време „Калчомеркато“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека на играчите не им е јасно како Мота се уште е во клубот, по поразите од Аталанта и Фиорентина.
Роберто Манчини е избор на челниците на „страта дама“, тренер кој најголемите успеси ги постигна на клупата на најголемиот ривал Интер. Манчини го водеше Интер во два наврати, од 2004 до 2008 година, кога беше далеку поуспешен, освојувајќи три скудета, додека во периодот од 2014 до 2016 година не освои ниту еден трофеј.
Тој во 2012 година ја освои и титулата во Премиер лигата со Манчестер сити, пет години беше селектор на Италија, а и на Саудиска Арабија, но таа функција ја напушти есента, по година и половина.
Италијанските медиуми откриваат и дека Манчини се согласил во договорот да има клаузула, дека ќе го продолжи договорот доколку Јувентус заврши во топ 4.
Јувентус моментално е петти на табелата со 52 бода, Болоња е четврта со 53.
Спорт
„Дешам ја загуби репрезентацијата, а Мбапе ја подели“

Франција е во тешка позиција да дојде до завршниот турнир во Лигата на нации. Во четвртокот Французите загубија од Хрватска во Сплит со 2:0.
Навивачите, новинарите и поранешните играчи го посочуваат мечот со Хрватска како последен доказ дека репрезентацијата која можеби е најсилната во светот по според имињата што ги има во тимот, долго време игра далеку под нивото на кое треба да биде.
„Франција разочара против Хрватска, но тоа е така долго време. Истиот впечаток го оставија и на ЕП минатото лето, иако стигнаа до полуфиналето. Не е ни чудо што Хрватска победи убедливо“, истакнуваат од „RMC“, пишувајќи за гостувањето на поранешниот голман Лионел Шарбоние во емисијата „After Foot“.
Шарбоние е легенда на Оксер во 90-тите, а по освојувањето на француската дупла круна со тој клуб, ги освои и сите шкотски трофеи со Ренџерс. Има злато и со Франција од СП 1998, иако не одигра натпревар на првенството, бидејќи неприкосновен на голот во тој период беше Фабијан Бартез.
„Дешам го губи тимот. Тоа го видов на Европското првенство. Неговата порака повеќе не допира до играчите. Тој ја изгради својата легенда на обединување на луѓето околу него, но веќе не може да го направи тоа. Главниот проблем е што му ја даде капитенската лента на Мбапе, а тоа е затоа што тој самиот се назначи за капитен. Не го критикувам Килијан и го сакам ДД, но веќе не го препознавам.
„Мбапе е човек кој носи поделба. Франција денес е поделена помеѓу играчи кои се за Мбапе и против него. Во историјата на француската репрезентација, големите капитени беа природно такви. Мбапе не стана таков. Не разбирам како ДД може да стави човек кој ги дели луѓето. Забележливо е дека загубивме многу со заминувањето на Гризман. Мбапе ја доби капитенската лента затоа што ја бараше, а не затоа што ја заслужи. Виновен за тоа е ДД“.