Спорт
Баумгарт го презеде Унион Берлин

Германскиот стручњак Стефан Баумгарт е назначен за нов тренер на Унион Берлин, соопшти денеска клубот од Берлин.
Во соопштението се наведува дека Баумгарт ќе го има првиот тренинг со својот нов клуб на 2 јануари следната година. Тој на клупата го замени Бо Свенсон, кој пред три дена доби отказ по серијата лоши резултати во Бундеслигата.
Унион е поразен шест пати во последните девет натпревари во сите натпреварувања, поради ѓто Свенсон и доби отказ.
Унион Берлин по 15 кола се наоѓа на 12. место на табелата во Бундес лигата со 17 бодови.
Баумгарт (52) претходно беше тренер на Хамбургер, Келн и Падерборн.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Луис Енрике ја скршил клучната коска

Луис Енрике мора итно да се оперира откако вчера доживеа тешка несреќа возејќи велосипед.
Шпанскиот стручњак одлучи да ја искористи репрезентативната пауза за да одмори неколку дена пред новите предизвици што го очекуваат на клупата на ПСЖ.
Минатата сезона, Енрике успеа да направи она што никој пред него не го направил на клупата на Парижаните, ја освои титулата во Лигата на шампионите со ПСЖ.
ПСЖ ја отвори новата сезона доста добро во првенството и покажа дека повторно ќе биде главен фаворит за титулата француски шампион.
Синоќа се појави информација дека Енрике претрпел сериозни повреди предизвикани од пад од велосипедот, и дека итно бил префрлен во болница каде што ќе биде опериран.
Потврдено е дека Енрике ја скршил клучната коска и дека медицинскиот тим одлучил дека мора да се подложи на операција за да се санира повредат. Ова значи дека шпанскиот тренер сега чека подолга пауза.
Се шпекулира дека закрепнувањето ќе трае најмалку неколку недели, а натпреварите на ПСЖ ќе ги водат неговите помошници.
Спорт
Суарез ригорозно казнет за плукањето

Уругвајецот Луис Суарез е суспендиран шест натпревари поради грубо однесување на финалето на Лига купот против Сиетл Саундерс.
Суарез, да потсетиме, плукна во лицето на тренерот на противничкиот тим за време на вербалните навреди и клевети кон играчите на натпреварот. Камерите го снимија испадот на уругвајскиот фудбалер, па дисциплинската комисија на натпреварувањето имаше лесна работа да ги утврди фактите.
Напаѓачот на Интер на тој начин ќе го пропушти следното издание на Лига купот, можеби и следното, со оглед на нокаут форматот на натпреварувањето.
Добрата вест за Суарез и Мајами е дека суспензијата не важи за МЛС лигата, па Уругвајецот ќе му биде на располагање на Маскерано за натпреварите од најважното натпреварување за клубот.
Уште двајца играчи на Мајами – Серхио Бускетс и Томас Авилес – беа казнети за неспортско однесување на натпреварот против Сиетл.
Поранешниот играч на Барселона заработи суспензија од два натпревари поради насилно однесување, додека Аргентинецот доби суспензија од три натпревари, исто така поради учество во инцидентот.
Спорт
Ѓоковиќ немоќен, Алкараз ќе се бори за трофејот на Ју-ес опен

Карлос Алкараз го елиминира Новак Ѓоковиќ во три сета (6:4, 7:6, 6:2), и се пласира во финалето на Ју-ес опен.
Првиот гем одреди во кој оравец ќе оди мечот на „Артур Еш“ стадионот. Алракарз направи бреј во првиот гем, пота Ѓоковиќ имаше шанса, а откако Алкараз не дозволи брејк, до крајот двајцата не ги испуптија своите сервиси.
Брејк на Ѓоковиќ на стартото на вториот сет, кој му даде надеж дека може да изедначи. Сепак Алкараз се врати за 4:4, а потоа во тај-брејкот, Ѓоковиќ го предаде неговиот прв сервис. Пет пати сервираше во тај-брејот Србинот, а освои само еден поен. Конечната капитулација Ѓоковиќ ја потпиша со дупла сервис грешка, на стартото на третиот сет, кога му дозволи уште еден брејк на Шпанецот.
На прес-конференцијата, Србинот зборуваше за натпреварот, а потоа се осврна и на иднината.
Не сакаше многу за плановите.
„Далеку е, Австралија е навистина далеку… Во овој момент од мојата кариера, не размислувам толку далеку. Планирам да играм во Атина, тоа е сигурно, но освен тоа… Голем прашалник за тоа каде ќе играм и дали ќе играм“.
Алкараз во финалето ќе се сретне со бранителот на трофејот Јаник Синер. Италијанецт во полуфиналето го победи Феликс Оже-Алијасим со 6:1, 3:6, 6:3, 6:4.