Спорт
Баварците ги вратија Фрајбург во реалноста
Баерн Минхен стигна до убедлива 5:0 победа над Фрајбург, за да го вратат второпласираниот тим на табелата во реалноста по одличниот старт на сезоната и да најават дека ќе се обидат да не дозволат шампионската серија да сопре оваа година.
По променливата игра на стартот на сезонта, Баерн пред мечот беа само трети со само една победа во последните пет меча, но овојпат на „Алијанц арената“ настрадаа гостите.
Серж Гнабри го отвори резултатот по само 13 минути игра, за Ерик-Максим Чупо-Мотинг да го удвои водството во 33. минута. Баерн потоа ги „нокаутираше“ гостите во три минути на стартот на второто – Чупо-Мотинг му асистираше на Лирој Сане во 53. минута, пред и Садио Мане да се запише во листата на стрелците во 56. минута со мајсторски гол. Во 80. минута, Марсел Забицер постигна уште еден гол за потврдување на „петардата“.
Со победата, Баерн сега се на второто место со 19 поени, четири зад изненадувачкиот лидер Унион Берлин, а Фрајбург сега се трети со поен помалку.
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-42-42268”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сити подготвиле замена доколу Едерсон го напушти клубот
Голманот на Манчестер сити, Едерсон, веројатно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Едерсон на „Итихад“ дојде пред седум години. Тој беше еден од првите фудбалери кои дојдоа во клубот заедно со Пеп Гвардиола.
Едерсон е еден од најважните играчи на Манчестер Сити во последните години и е заслужен успешните резултати на „граѓаните“. Како што пренесуваат некои медиуми, дошло до заситеност и Едерсон размислува за потенцијален трансфер во друг клуб.
Дека Манчестер сити е сериозен клуб говори и тоа што веќе нашле потенцијална замена доколку се случи Едерсон да го напушти клубот. Опција за Сити е голманот на Милан, Мајк Мењан.
Францускиот репрезентативец имаше одлична сезона и со години е еден од најталентираните голмани.
Мењан кариерата ја започна во ПСЖ, па се пресели во Лил, а пред три години стана дел од Милан.
Спорт
(Видео) Венеција се врати во Серија А
Фудбалерите на Венеција се вратија во Серија А по победата над Кремонезе со 1:0 во реваншот од плеј-офот за пополнување на елитниот ранг.
„Лагунарите“ по две години се враќаат во друштвото на најдобрите благодарение на голот на Данецот, Кристијан Гутјер во 24. минута.
На првиот натпревар немаше голови.
GYTKJAER 1-0! 🧡🖤💚
— 𝘍𝘖𝘙𝘡𝘈𝐕𝐄𝐍𝐄𝐙𝐈𝐀🆄🅺 (@ForzaVeneziaUK) June 2, 2024
Тимот на Паоло Ваноли им се приклучи на парма и Комо кои претходно изборија промоција во Серија А.
Дури и реми беше доволно за Венеција да се пласира во елитата, бидејќи беше подобро пласирана во регуларниот дел од сезоната.
Венеција беше трета, а Кремонезе место подолу.
Последен пат овој клуб играше во Серија А во сезоната 2021/2022. кога го зазеде последното место со 27 поени.
Интересно е и тоа што од следната сезона, сега и поради Венеција, чии сопственици се Американци, дури 50% од клубовите од Серија А ќе бидат во сопственост на странци.
Спорт
Анчелоти: Се надеваме дека Крос нема да се пензионира
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека европскиот шампион се уште верува дека Тони Крос би можел да ја продолжи кариерата и по претстојното Европско првенство, кое го најави како последно во кариерата.
Во саботата на Вембли, Реал по 15.пат ја освои Лигата на шампионите. Во финалето со головите на Карвахал и Винисиус, Реал ја победи Борусија Дортмунд со 2:0.
Крос беше заменет во 84.минута и тоа беше неговиот псоледен натпревар во дресот на Реач. Германецот со Реал шест пати ја освои Лигата на шампионите.
„Се надеваме дека Тони ќе го промени своето мислење. Ако тоа се случи, ние сме тука за него. Тој е легенда на Реал Мадрид и сите сакаме да му се заблагодариме за извонредната трага што ја остави“, рече Анчелоти и додаде:
„Не само со неговите фудбалски квалитети, туку и со неговото однесување и професионален пристап. 10 години даваше максимум секој ден“.
Германија е домаќин на претстојното Европско првенство кое започнува на 14 јуни.