Спорт
Бејли го постигна голот на сезоната и ги крена Баер на врвот на Бундеслигата

Баер Леверкузен се само вториот тим во Бундеслигата без пораз и заслужено се на првото место по 11 кола, откако со 4:1 ги совладаа Хофенхајм.
Јамајчанската атракција, Леон Бејли постигна два гола во првите половина час на „Бајарената“, по што Вирц и Аларио ја потврдија победата во второто полувреме, а гостите завршија со девет играчи по црвените картони на Грилич и Пош.
Леверкузен имаат 25 поени на врвот на табелата, еден пред Баерн Минхен и РБ Лајпциг, додека Хофенхајм се на 12. место со 12 поени.
Goal of the season and future Puskas nominee! Big up @leonbailey 👏🏾 and 🇯🇲 pic.twitter.com/4KntcHWda7
— der Sieger ⁶ Keiron (@keironnolan) December 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фојц чекаше цела кариера, па го освои Кицбил двапати во еден викенд!

Беат Фојц по вторпат триумфираше на спустот во Кицбил за само два дена, откако во неделната трка на славната патека Штрајф ги совлада Французинот Жоан Клареј и Австриецот Матијас Маер за фантастичен викенд во австриските Алпи.
33-годишниот Швајцарец претходно четири пати беше второпласиран во Кицбил, каде што се вози „кралот“ на спустовите, за сега два дена по првата победа во петокот да стигне до нов триумф. За разлика од петокот, кога беше сончево на Штрајф, организаторите имаа проблеми со облачното време и густата магла на стартот на патеката, предизвикувајќи 10-минутна пауза во која токму Фојц беше на стартната куќичка.
Ова е 12. победа во спуст од Светскиот куп за Фојц, со што се израмни со сонародникот Дидие Куш и Италијанецот Кристијан Гедина, а исто така беше и 38. подиум во спуст во СК, со што е израмнет на третото место на вечната листа.
За одбележување е и второто место на Клареј, кој стана најстариот освојувач на подиум во спуст во историјата со своите 40 години.
Супер-џи трката, која беше закажана за денеска ќе се оддржи утре наутро.
‘What an amazing ski! The double is on!’
Beat Feuz lays down a marker #FISAlpine pic.twitter.com/DlUFzle6oy
— Eurosport UK (@Eurosport_UK) January 24, 2021
Спорт
Јастремска е во карантин во Австралија, допинг-казната потврдена!

Обидот на украинската тениска ѕвезда Дајана Јастремска да добие „кревање“ на нејзината допинг-суспензија пред Австралија опен беше одбиена од страна на Интернационалната тениска федерација (ИТФ).
Светската тенисерка број 29 беше суспендирана на почетокот на јануари поради позитивен тест на анаболичкиот стероид местеролон, но и покрај тоа реши да патува за Австралија, каде што е во карантин пред стартот на Австралија опен.
20-годишната Јастремска тврди дека не земала допинг-средства и дека се работи за „случај на контаминација“ со додатоци за исхрана. Таа сега може да оди пред Судот за арбитража во спортот (ЦАС), но останува да се види дали ќе добие одговор пред стартот на Австралија опен на 8 февруари.
Спорт
Јокиќ блесна во маратонот со Санс, Дејвис за нова гостинска победа на Лејкерси

Денвер нагетс стигнаа до 120:112 победа над Феникс санс во меч кој имаше две продолженија и во кој повторно имаше блесок на Никола Јокиќ, завршувајќи со 29 поени, 22 скока и 6 асистенции.
Феникс имаше предност во првото полувреме (61:58), и пред последната четвртина, пред Денвер да го крене темпото и Џамал Мареј да обезбеди продолженија во последната секунда со тројка за 98:98.
Во првото продолжение, Јокиќ беше клучниот и во последните 10 секунди постигна поени и беше фаулиран, но Џеј Краудер постигна тројка за 106:106 за продолжување на драмата. Во второто полувреме, Феникс беше ограничен на шест поени за победа на Денвер. Покрај Јокиќ, Мареј додаде 26 поени, Џамајкл Грин 16, додека за Феникс, Краудер и Пол имаа по 21 поен.
Лос Анџелес лејкерс пак, и деветти пат на гости останаа непоразени, совладувајќи ги Чикаго булс со 101:90. Лејкерси почнаа фантастично со 29:17 во првата четвртина, за на полувреме предноста да биде 63:33. Ентони Дејвис имаше дури 37 поени, Леброн Џејмс остана на 17, додека за поразените, Зек Левин беше најдобар со 21 поен.
НБА РЕЗУЛТАТИ
Бруклин – Мајами 128:124
Детроит – Филаделфија 110:114
Минесота – Њу Орлеанс 120:110
Чикаго – ЛА Лејкерс 90:101
Далас – Хјустон 108:133
Феникс – Денвер 112:120
Јута – Голден Стејт 127:108
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот