Спорт
Бекам избрал тренер за Интер Мајами
Новиот тим во американската МЛС-лига, Интер Мајами, чии сопственик е Дејвид Бекам, наскоро ќе добие тренер.
Долго време се шпекулираше кој ќе го предводи Интер Мајами во историската прва сезона. Во игра беа имињата на белгискиот селектор Роберто Мартинез и поранешниот тренрер на Реал Сантијаго Солари.
На крајот изборот, барем така тврдат медиумите, паднал врз тренерот на Ница, Патрик Виера.
Поранешниот играч на Арсенал и на француската репрезентација има искуство со МЛС-лигата. Тој во минатото бил тренер на Њујорк сити.
Интер Мајами се интересни и поради шпекулациите околу составот за новата сезона. Со овој тим се поврзуваат Радамел Фалкао, Луис Суарез, Хамес Родригез, Давид Силва…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Салах влезе во историјата на Премиер лигата, оствари дабл-дабл пред Божик
Мохамед Салах го предводеше Ливерпул до убедливата победа над Тотенхем во Лондон (6:3) и се запиша во историјата на Премиер лигата.
Салах мечот со Ливерпул го заврши со фва гола и две асистенции. Вкупно сезонава постиган 15 голови и забележа 11 асистенции.
Египќамецот е првиот играч во историјата на Премиер лигата. кој пред Божик забележал двоцифрен број на голови и асистенции.
На последните девет натпревари, Салах зад своето има запишал гол или асистенција.
Спорт
(Видео) Спектакл, Ливерпул во Лондон спакува шест гола во мрежата на Тотенхем
Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Тотенхем со 6:3 на гостински терен во 17. коло од Премиер лигата.
На тој начин Ливерпул ја прекина серијата од два меча без победа во Премиер лигата и го искористи неуспехот на Челзи против Евертон и со натпревар понмалку стекна четири бода предност над „сините“.
Тотенхем доживеа дебакл, прими вкупно девет гола од Ливерпул во последните два меча (4:9).
Луис Дијаз го отвори резултатот во 23. минута, кога погоди по асистенција на Александар-Арнолд.
Само 13 минути подоцна на семафорот стоеше 2:0, а стрелец беше Мекалистер. Сепак, тоа не беше крајот на шоуто во првото полувреме.
Во 41. минута Медисон ја намали негативата, но во првата минута од судиското надополнување Собослаи зголеми на 3:1.
Иако се чинеше дека Спарс нема да можат полошо од првите 45 минути, Ливерпул продолжи да доминира и да создава шанси по шанса.
Мо Салах стапи на сцена со два гола во 54. и 61. минута.
Кулушевски во 72. минута, па Соланке во 83. минута, погодија и одеднаш Тотенхем имаше„само“ два гола негатива. Сепак, надежите на домашните навивачи брзо повторно беа уништени.
Дијаз ја запечати судбината на избраникот Анже Постекоглу со својот втор гол во 85. минута.
„Црвените“ сега ќе го пречекаат Лестер на домашен терен на 26 декември, додека Тотенхем истиот ден ќе гостува во Нотингем.
Спорт
(Видео) Голчиште на Мбапе, Реал рутински се справи со Севилја
Реал Мадрид лесно и убедливо ја порази Севилја со 4:2 во 19.коло. Ова беше 12-та победа за тимот на Карло Анчелоти оваа сезона од 18 натпревари. Реал има бод помалку од лидерот Атлетико, со потсетување дека и тимовите од Мадрид имаат натпревар повеќе од моментално третопласираната Барселона.
Реал, кој неодамна ја освои светската круна, лесно се справи со Севилја, во чии редовои легендарниот Хесус Навас, ги одигра последните 25 минути во кариерата.
По првиот дел резултатот беше 3:1 благодарение на головите на Мбапе, Валверде и Родриго. Голот за гостите го постигна Ромеро.
Најсилен впечаток кај навивачите дефинитивно остави голот на Мбапе во 10. минута, кога од 18 метри го погоди горниот десен агол од голот на гостите и му донесе водство на Реал. Тоа беше 14-ти гол за Французинот во дресот на Реал Мадрид, а десетти во Ла Лига
Дијаз во 53. минута зголеми на 4:1, а гостите преку Лукебакио постигнаа уште еден утешен погодок во финишот на натпреварот.
Севилја остана на 12-тото место на табелата во сезона, во која се соочува со големи финансиски проблеми тешко може да смета на подобра позиција.