Спорт
Бекам не се откажува – преговара со таткото на Меси
Шпекулациите дека Дејвид Бекам ќе направи сè да го донесе Лионел Меси во неговиот нов американски клуб Интер Мајами се зголемија, откако „Дејли мирор“ тврди дека договорил состанок помеѓу неговиот спортски директор Пол Мекдонох со таткото на Лионел Меси за да се преговара за можен трансфер.
Меси, кој уште се бори со повредите, е слободен да си замине од Барселона на крајот на сезоната, откако од клубот потврдија дека во неговиот договор има клаузула со која тој може да си замине кога ќе наполни 32 години.
Во Барселона се надеваат дека ќе го убедат Аргентинецот да остане во неговиот единствен професионален клуб во славнта кариера, а бидејќи неговата форма уште е фантастична, тешко е д се верува дека во Каталонија се подготвуваат за негово заминување.
Бекам, пак, по долги и напорни преговори успеа да го формира својот клуб во Мајами, и проектот секако би добил на сила ако успее да донесе име како Меси.
Messi’s father ‘meets representatives’ of David Beckham’s MLS club Inter Miami| https://t.co/ZWuw1DAOOQ pic.twitter.com/j9ZbryavXR
— Mirror Football (@MirrorFootball) September 14, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови
Ракометната репрезентација на Македонија ќе има тешка задача да избори пласман на Светското првенство. Вечерва во Торшван, Фарските Острови ја победија Македонија со 34:27.
Македонија, во дуелот со репрезентацијата која беше најпријатното изнеандување на последното Европско првенство, во ниту еден момент не беше конкурентна.
Од стартот македонските ракометари му дозволија да го наметне својот стил на игра. Одбраната немаше решение за играчот на Кил, Скипаготу кој постигна десет гола.
Македонија ја рпедводеше Филип Кузмановски со осум постигнати гола, Митев постигна пет, а Никола Костески четири.
Реванш натпреварот во Скопје се игра в недела од 19:00 часот.
Спорт
Салфетката на Меси на аукција достигна цена од 300.000 евра
Започна наддавањето за салфетката на која фудбалскиот клуб Барселона го напиша своето ветување дека ќе потпише договор со тогаш 13-годишниот Лионел Меси. Првите понуди достигнаа речиси 300.000 долари.
Договорот на салфетката е потпишан во декември 2000 година кога Карлес Рексач, тогаш спортски директор на Барселона, се договори со менаџерот Хорасио Гаџиоли, клубот да го ангажира аргентинскиот тинејџер кој подоцна стана најдобар играч и стрелец во клупската историја.
Наддавањето за документот, опишан од аукциската куќа Bonhams како „сино мастило на стандардна шпанска восочна салфетка“, достигна 220.000 фунти (околу 280.000 евра) набргу по отворањето на аукцијата, објави веб-страницата на аукционерот.
„Тоа никогаш не беше правно обврзувачко, но емотивно претставува длабока врска или почеток на длабока врска што Меси ја имаше со Барселона“, рече главниот маркетинг директор на Бонамс, Марк Сендс.
Меси и помогна на Барселона да освои 35 трофеи, со рекордни 782 настапи и 674 голови.
Лионел Меси ја напушти Барселона во 2021 година и сега игра за Интер Мајами.
Онлајн продажбата завршува на 17 мај.
Спорт
Каталес херој – Фенербахче избори место на завршниот турнир
Кошаркарите на Фенербахче обезбедија пласман на фајналфорот во Евролигата, тие го победија Монако во мајсторката од четвртфиналната, по едно продолжение со 80:79. Во регуларниот дел натпреварот заврши 70:70.
Фенербахче и первата екипа во историјата на Евролигата која успеала да го добие петтиот меч на гостински терен. Претходните 19 мајсторки завршувале со победи на домаќините.
Натпреварот во Монако беше исклучително израмнет и драматичен. Во регуларниот дел Вилбекин погоди тројка на влез во последната минута и му донесе на Фенер предност од четири поени, одговори Окобо со четири коша, но истиот играч не успеа со звукот на победа да погоди тројка за победа.
Во продолженијата херој на фенербахче стана Ник Калатес. Гркот кој погоди две тројки, втората на 18 секунди до крајот с која му донесе победа на Феенрбахче.
Калатес и Вилбекин беа најефикасни кај фенербахче со по 14 поени, Биберовиќ постигна 13, а Гудуриќ 10. Кај Монако најефикасен беше Мајк Џејмс со 20 поени, Мотејунас забележа 16 поени и седум скока, а Окоо постигна 15 поени.
Фенербахче во полуфиналето на завршниот турнир во Берлин, на 24.мај ќе игра против Панатинаикос.