Спорт
Бекам состави тим од поранешните соиграчи
Поранешниот репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам, состави идеален тим од поранешните соиграчи. Тимот на Бекам изгледа спектакуларно.
Бекам во кариерата играл за Манчестер јунајтед, Реал Мадрид, Милан, ПСЖ и ЛА Галакси.
Голман во овој тим на Бекам би бил Петер Шмајхлел, во одбраната Гери Невил, Алесандро Неста, Паоло Младини и Роберто Карлос.
Рој Кин и Пол Сколс се двајцата дефанзивци играчи во редот за врска, а пред нив се Зинедин Зидан, Луис Фиго и Роналдињо.
Местото во нападот е резервирано за Бразилецот Роналдо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Прашање на време е кога Вокер ќе се пресели на „Сан Сиро“
Кајл Вокер (34), капитенот и легенда на Манчестер сити денеска или најдоцна утре го очекуваат во Милано на медицински прегледи и потпишување на договор за позајмица до крајот на сезоната.
Вокер е во Сити седум и пол години. За клубот одигра 319 натпревари и освои шест трофеи во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.
Вокер има договор со клубот до летото 2026 година.
Спорт
Барселона во Лисабон, Атлетико го чека Леверкузен
По пауза од еден месец се враќа Лигата на шампионите. Вечерва и утре ќе се одиграат натпреварите од седмото коло.
Денешната програма ќе ја отворат натпреварите во Бергамо и Монте Карло, Аталанта и Штурм Грац, односно Монако и Астон Вила од 18:45 часот.
Дербито на колото ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен кои се во директна борба за пласман во Топ 8, додека Барселона ја очекува тешко гостување кај Бенфика. Српскиот шампион Црвена звезда го пречекува холандскиот тим ПСВ.
За потсетување, најдобрите осум екипи директно се пласираат во осминафиналето, додека екипите од деветтото до 24. место ќе играат за преостанатите осум места. Тимовите се рангирани од 25. до 34. место ќе го завршат учеството во Лигата на шампионите.
Од 18:45 часот:
Аталанта – Штурм
Монако – Астон Вила
Од 21 часот:
Атлетико – Баер
Бенфика – Барселона
Болоња – Борусија Дортмунд
Клуб Бриж – Јувентус
Црвена звезда Белград – ПСВ
Ливерпул – Лил
Слован – Штутгарт
Спорт
ПАО ја потврди повредата на Јуртсевен
Панатинаикос има големи проблеми со повреди оваа сезона и тоа е причината што во моментов не е повисоко рангиран во табелата во Евролигата.
Се чини дека најголем проблем е отсуството на првиот центар, можеби најдобриот во моментов во Евролигата, Матијас Лесор, а од синоќа, одреден период ќе паузира и неговата замена, Омер Јуртсевен. .
Јуртсевен се повреди во дербито против Олимпијакос во грчкиот шампионат. Според информациите од клубот тој се здобил со фрактура на стапалото.
„Ќе биде надвор од терените месец или два“, изјави тренерот Ергин Атаман по натпреварот.
Атаман веднаш потврди дека клубот бара нов центар.