Спорт
Бекер и Лејвер се согласуваат: Во модерниот тенис сè се врти околу парите
Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер, вели дека во модерниот тенис има преголем фокус на парите, што значи дека спортскиот аспект се става во втор план.
„Мислам дека на јуниорските турнири има преголем фокус на парите. Ако имате 15 или 16 години и сте еден од најдобрите јуниори на светот, тоа ќе ви донесе договор со ’Адидас’ или ’Најки’. Така ќе ги добие гаранциите за иднината и затоа премногу се фокусира на парите. Во наше време не беше така, ние игравме за да победиме. Сега многу јуниори што ги гледам сакаат само да станат богати. Ние сакавме поени за да бидеме повисоко на рејтинг-листата и наградните фондови не беа толку важни“, вели Бекер.
Со него се согласува и Род Лејвер, легендарниот австралиски тенисер, кој останува единствениот што освоил календарски гренд слем.
„Структурата на денешниот тенис е луда. Има толку многу пари и тоа ја менува целата игра“, вели Лејвер.
Тројцата најдобри светски тенисери, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал, може да се пофалат дека се единствените што заработиле над 100 милиони долари само од наградните фондови, без рекламите – Ѓоковиќ (131.710.082 долара), Федерер (124.301.354 долари) и Надал (109.564.738 долари).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Џокерот Шешко за триумф на Јунајтед кај Евертон
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го победија Евертон со 1:0 во последниот натпревар од 27-то коло од Премиер лигата.
Екипата на Мајкл Карик ја продолжи борбата за место во Лигата на шампионите следната сезона. ЈУанјтед се искачија на третото место на табелата со 48 поени, три помалку од третопласираната Астон Вила и три повеќе од Челзи и Ливерпул, кои се на позициите пет и шест.
Натпреварот на „Хил Диконсон“ го реши џокерот на Мајкл Керик, Словенецот Бенјамин Шешко.
Централниот напаѓач, со гол го аврши брилијантниот контра напад на својот тим.
Евертон се обиде во финишот да освои бод, но гостите од Манчестер ги одбија сите напади.Евертон осната на деветтото место на табелата со 37 поени.
Спорт
УЕФА го суспендира Престијани
Џанлука Престијани е суспендиран за реваншот од плејофот на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Денес, УЕФА потврди во официјално соопштение дека фудбалерот на Бенфика е суспендиран поради истрагата што е започната против него.
Познато е дека Винисиус Жуниор го обвини Аргентинецот дека го навредувал на расна основа, УЕФА веднаш започна истрага, и иако таа не е завршена, има право да го суспендира, што го искористи.
УЕФА се повика на правилото од својот правилник дека може да суспендира играч против кого се води истрага, а Престијани нема да може да му помогне на својот тим, во реваншот во Мадрид.
Натпреварот Реал – Бенфика е закажан за среда во 21:00 часот.
Foto/ EPA
Спорт
Берокал: Привилегија е да бидам селектор на Македонија
Од денеска, и официјално, шпанскиот стручњак, Жозеп Мариа Берокал е селектор на машката сениорска репрезентација на Македонија.
Новиот македонски селектор веќе почна со работа, одржа два тренинга и ги изнесе своите први импресии пред претставниците на медиумите:
„Ви благодарам за можноста да бидам тука, привилегија е да бидам селектор на Македонија. Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“.
Берокал ги објасни „конекциите“ преку кои дојде до стартот на оваа, сите се надеваат, долгорочна соработка:
„Што се однесува до македонската кошарка, поврзан сум со неа преку Владо Илиевски, му бев тренер пред 23 години. Некои од играчите во репрезентацијата ги познавам, му бев тренер на Војдан Стојановски во Украина, некои ги знам од Шпанија.
Среќен сум, знам дека на почетокот нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи.
Кое ќе биде нивото што ќе го достигнеме, не знам, но верувам во сите. На кошаркарите им реков дека треба да се натпреваруваат сами со себе, да бидат подобри, да имаат шампионски менталитет. Да не гледаме премногу далеку во иднината, да се фокусираме на она што ни претстои“ – рече Берокал на денешната промоција.
Извор и Фото/ mkd.basketball

