Спорт
Бекер: Надал начека да го нема Ѓоковиќ во Мелбурн

Осумкратниот гренд слем шампион и поранешен тренер на Новак Ѓоковиќ, Борис Бекер, смета дека Рафаел Надал најмногу профитирал од сагата со откажувањето на визата на светскиот рекет број 1 пред Австралија опен.
„Нема сомнеж дека исклучувањето на Новак Ѓоковиќ целосно го измести овој гренд слем. Рафаел Надал е тој што најмногу доби од ваквата ситуација. Со Ноле во турнирот тој ќе имаше многу помалку шанси да го крене трофејот“, вели Бекер во својата колумна за „Дејли мејл“.
Сепак, тој го пофали Шпанецот за неговите игри во Мелбурн и за новиот камбек на тениските терени.
„Рафа уште еднаш ни покажа дека знае како да се одржува во текот на две недели. Сега неговите противници го чувствуваат притисокот“, додава Бекер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бобан Николов со Шериф Тираспол го освои и Купот на Молдавија

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, кој е член на Шериф Тираспол, освои двојна круна во Молдавија.
По освојувањето на шампионскиот пехар, синоќа Шериф Тираспол стигна и до трофејот во Купот на Молдавија.
Во финалето на Купот, Шериф Тираспол со 1:0 го совлада тимот на Ст. Георге и ја потврди доминацијата во молдавскиот фудбал. Бобан Николов на овој натпревар остана на клупата за резерви.
Спорт
Мајами Хит ја врати предноста на домашниот терен со триумф во Бостон

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Бостон Селтикс со 109:103 во третиот натпревар од финалето на Источната конференција. Избраниците на Ерика Сполстра ја вратија предноста на домашниот терен и сега повторно се во подобра позиција пред продолжението на финалната серија.
Одличен натпревар беше одигран во „ТД Гарден“, во кој домаќинот за малку ќе ја надополнеше негативата од 26 поени. Гостите од Флорида фуриозно го отворија натпреварот добивајќи ја првата четвртина со 39:18, а во вториот дел стигнаа до максимални +26 (46:20).
Тренерот на Мајами беше загрижен кога Џими Батлер мораше да го заврши натпреварот по само 19 минути игра поради повреда на коленото, но подоцна се покажа дека не се работи за сериозна повреда и дека тој веројатно нема да пропушти ниту еден натпревар од источното финале.
Мајами Хит во продолжението од мечот играше без Батлер, а Бостон Селтикс за малку ќе го искористеа тоа за да направат целосен пресврт. До полувремето успеаја да стигнат до пристојно негатива (-15), а потоа имаше и вистинска драма.
Одличниот Џејлен Браун го донесе тимот на само поен од израмнување (92:93). Сепак, Мајами го одби налетот, повторно стигна до водство од 100:93, а Бостон немаше сили за нов кам-бек.
Најефикасен во победничкиот тим беше Бем Адебајо со 31 поен, 10 скока, шест асистенции и четири украдени топки.
Спорт
Пеналите среќни за РБ Лајпциг – „Биковите“ го освоија Купот на Германија

РБ Лајпциг неодамна го прослави 13.роденден, а вечерва го слави првиот трофеј во клупската историја. РБ Лајпциг, по избедувањето на пенали го победи Фрајбург и го освои Купот на Германија.
На Олимпискиот стадион во Берлин, Фрајбург испушти исторска шанса да го освои трофејот.
Фрајбург имаа предност од 19.минута со голот на Егелштајн, а од 57.минута и играч повеќе на теренот. Наместо да ја зголемат предноста им дозволија на ривалите да израмнат. Во 76.минута за РБ Лајпциг погоди Нкунку.
Во продолженијата, Фрајбург немаа среќа, во првото продолженија ја погодија стативата, а потоа Петрсон промаши празен гол, а во второто полувреме гредата го спаси Гулаши.
Во пенал серијата сите од Лајпциг постигнаа голови, додека кај Фрајбург Гитер шутираше над голот,а Демировиќ ја погоди гредата.