Спорт
Белгискиот чудотворец ќе го преземе Монако
Белгиецот Себастијан Поконоли (38) сигурно ќе биде новиот тренер на Монако.
Француските и белгиските медиуми пишуваат дека Монако веќе презел конкретни чекори за да ја започне сезоната со ново име на клупата по репрезентативната пауза.
Сегашниот тренер Ади Хитер сè уште го води тимот, но, како што се наведува, само прашање на време е кога ќе добие отказ.
Во клубот од Монте Карло не се најзадоволни од начинот на кој оди сезоната, иако резултатите не се толку лоши за да се преземе таков радикален чекор.
Монако е петти на табелата во Лига 1, само три бода помалку од лидерот ПСЖ, но одредени неуспеси и два убедливи порази го наведоа раководството да размислува за смена на тренерската позиција.
Монегаските „Монегас“ беа поразени со 4:1 од Бриж на почетокот од Лигата на шампионите, 3:1 од Лориен во првенството, а последната капка беше нерешено со Ница (2:2) во последното коло во натпревар во кој Монако имаше играч повеќе еден час.
Белгиските медиуми во четвртокот напишаа дека Поконоли веќе може да се смета за нов тренер на Монако, клубот веќе пронајде замена за него (Рик де Мил од Шарлроа), освен тоа, тој дури и не го водеше последниот тренинг на тимот.
Неговиот помошник Кевин Миралас, кој е специјализиран за работа со напаѓачи, ќе пристигне во Монако „во пакет“ со него.
За потсетување, Унион Сен-Жило сензационално ја освои титулата минатата сезона, откако победи на девет од десет натпревари од плејофот во Белгија.
Претходно, регуларниот дел од сезоната го заврши на третото место.
За историскиот успех на клубот и првата титула по 90 години, најголемата заслуга му припаѓа на Поконоли, чија последна сезона беше прва независна во неговата тренерска кариера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

