Спорт
Белингем ќе биде наследникот на Модриќ во Реал Мадрид

Реал Мадрид се подготвува за претстојниот преоден рок, во кој главни цели им се Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд и во исто време размислуваат за летниот преоден рок, кој ќе се одржи во 2023 година.
Реал во 2023 година планира на „Сантијаго Бернабеу“ да го донесе играчот што ќе го замени Лука Модриќ. Хрватот и наредната сезона ќе го носи дресот на Реал, а потоа, веројатно, ќе ја заврши кариерата.
„Кралскиот клуб“ мора да најде замена за освојувачот на „Златната топка“ во 2018 година.
Според шпанските медиуми, во 2023 година намерата на Реал е да го ангажира Џад Белингем од Борусија Дортмунд. Во Реал сметале дека според нивните анализи Англичанецот е идеален играч за Реал.
Белингем има само 18 години, во Борусија Дортмунд пристигна од Бирмингем во 2020 година за 25.000.000 евра. Се претпоставува дека Реал за трансферот на Белингем ќе мора да издвои најмалку 100.000.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ферстапен за отказот на Хорнер: Така решија менаџерите и акционерите

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен, изјави дека шефовите имале право да го отпуштат досегашниот директор Кристијан Хорнер и додаде дека одлуката нема да влијае на неговата иднина.
„Менаџментот и акционерите одлучија дека сакаат промена и на крајот на денот, тие го водат тимот, јас сум само возач. Значи, што и да одлучат, тие имаат целосно право да прават што сакаат. И во основа тоа се случи“, рече Ферстапен на прес-конференција во Спа, објави „Скај спортс“.
Хорнер беше ненадејно отпуштен на почетокот на јули по 20 години во Ред Бул. Компанијата Ред Бул не прецизираше зошто Хорнер е отпуштен, а тоа се случи поради шпекулациите дека Ферстапен би можел да го напушти тимот.
„Во исто време, гледајќи наназад на тие 20 години во Ред Бул, мислам дека имавме многу, многу одлични години и многу, многу одлични резултати. Секако, има години кога работите не одат толку добро, и мислам дека последната година и пол не беше како што сакавме и менаџментот одлучи да оди во друга насока. И тогаш сите мора да се согласат со тоа и да гледаат напред“, додаде тој.
Хорнер беше заменет на функцијата од Лоран Макис, кој ќе го води тимот за прв пат на претстојната трка за Големата награда на Белгија овој викенд.
Многумина шпекулираат дека Ред Бул го отпушти Хорнер за да ги зголеми шансите да го задржи холандскиот возач по оваа сезона. Исто така, се претпоставува дека лошиот однос на Хорнер со таткото на возачот, Јос Верстапен, влијаел врз одлуката шефот на тимот да добие отказ.
Фото/ Принскрин
Спорт
Никола Јокиќ ќе игра на Европското првенство

Никола Јокиќ ѕвездата на Денвер Нагетс ќе игра за Србија на претстојното Европско првенство.
Ова го напиша американскиот новинар Иван Сидери, кој работи за Форбс.
„Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог. Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери.
Американските медиуми очигледно знаат нешто, што сè уште не го знаат ниту во Србија, бидејќи дури ни српските репрезентативци не можеа да потврдат дека најдобриот играч на светот ќе игра за репрезентацијата.
Европското првенство ќе се игра од 27 август до 14 септември во четири земји.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Американски милијардер ја купува Риека

Актуелниот хрватски шампион Риека би можел да добие нов сопственик во наредниот период – веќе се преземени одредени конкретни чекори во таа насока.
Хрватските медиуми, поточно „Јутарњи лист“, донесуваат ексклузива, американскиот милијардер Бил Фоли е заинтересиран за купување на Риека.
И не само што е заинтересиран, туку во изминатите неколку дена испратил цел тим соработници во Хрватска да се запознаат со ситуацијата.
„Во сенка на почетокот на квалификациите за Лигата на шампионите, односно подготовките за новото првенство, во Риека се случуваат многу интересни работи. Како што дознавме по телефонски повик од Острва, од колега кој сакал да провери некои информации за Риека, актуелниот сопственик на двојната круна, ХНК Риека, има реална (конкретна) шанса наскоро да ги смени сопствениците“, пишува споменатиот хрватски медиум.
Фоли е сопственик на неколку спортски клубови во Америка, Австралија и Европа. Меѓу другото, Фоли е сопственик на англискиот премиерлигашки клуб Борнмут, португалскиот Мореиренсе, австралискиот Оукленд, а е и ко-сопственик на шкотскиот Хиребнијан и францускиот Лориен.
Богатството Фоли го стекнал во финансиската индустрија, а работел и како адвокат, особено успешен во осигурителниот бизнис.
Преку компанијата „Блек Најт Фудбал енд Ентертејнмент“, тој почнал сериозно да инвестира во европскиот фудбал од 2022 година. Платил 100 милиони фунти за да го преземе Борнмут и ја презел улогата на претседател на клубот. Иако има 80 години, тој е многу витален и посветен на бизнисот.
Пред две години, Форбс го проценил неговото богатство на 1,6 милијарди евра.