Спорт
Белингем ќе остане во Дортмунд

Фудбалерот на Борусија, Џуд Белингем, одлучи и оваа сезона да настапува за клубот од Дортмунд.
Англискиот репрезентативец поради тоа ќе биде главна ѕвезда на летниот преоден рок во 2023 година, пренесуваат шпанските медиуми. За младиот англиски фудбалер најголем интерес покажаа Реал и Ливерпул.
Шпански „Спорт“ наведува дека Белингем би бил идеална замена за Лука Модриќ и Тони Крос, чии договори истекуваат на крајот од следната сезона.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп неодамна изјави дека Белингем би можел да го засили клубот од „Енфилд“, но истакна дека единствениот проблем е што англискиот фудбалер не е на продажба.
Белингем (19) пристигна во Борусија од Бирмингем во 2020 година за 25 милиони евра. Неговата вредност се проценува на околу 80 милиони евра. За репрезентацијата на Англија има одиграно 15 натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Енис Барди пред трансфер во Трабзонспор

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е во завршни преговори со турскиот шампион Трабзонспор, откриваат медиумите во Турција. Тој треба да биде едно од последните засилувања за тимот пред настапот во Лигата на шампионите, како и во битката за одбрана на шампионската титула.
Трабзонспор не успеа да го доведе Езгјан Алиоски, но можеби ќе има Македонец во тимот, Енис Барди.
Наводно, фудбалерот веќе ги договорил личните услови и треба да потпише тригодишен договор. Останува Трабзонспор и Леванте да ги договорат деталите за отштета и трансферот да се реализира.
Спорт
Црвена Звезда со нов триумф над Пјуник до плејоф за групите во ЛШ

Српскиот првак Црвена Звезда го совлада ерменскиот Пјуник и на реваншот со 0:2 и со вкупни 7:0 се пласира во плејоф за пласман во групите од ЛШ каде ќе се сретне со Макаби Хаифа.
Гејлор Канга во 44.минута донесе водство од пенал, откако претходно Александар Катаи не успеа да реализира од белата точка. Во вториот дел, Милан Павков во 60.минута со удар со глава го постави конечниот резултат.
Аполон Лимасол го совлада Макаби Хаифа со 2:0, но тоа беше недоволно со оглед дека израелскиот тим победи на првиот меч со 4:0.
Плзен го победи Шериф Тираспол со 2:1, а Жалгирис и Бодо/Глимт ремизираа 1:1.
Спорт
Мората е понуден на „Олд Трафорд“

Шпанскиот интернационалец Алваро Мората би можел да го засили Манчестер Јунајтед. Тој има договор со Атлетико Мадрид до крајот на јуни 2023 година, но ниту во престојната сезона нема да игра за составот на Диего Симеоне. Претходно беше позајмен во Јувентус, но сега Атлетико сака комплетно да го продаде.
Напаѓачот е понуден на „Олд Трафорд“, а „црвените ѓаволи“ бараат напаѓач. Претходно, Болоња ја одби понудата од Јунајтед за Марко Арнаутовиќ.
Мората изминатите две сезони играше како позајмен играч во Јувентус, но и „старата дама“ не сакаше да го откупи неговиот договор.