Спорт
Бензема размислува да стави крај на кариерата
Од Саудиска Арабија пристигнуваат неочекувани вести, дека Карим Бензема наводно размислува да стави крај на кариерата.
Бензема осцилираше во формата откако се пресели од Реал Мадрид во Ал Итихад. Но оваа сезона игра добро, постигна десет гола во исто толку натпревари. „Релево“, тврди дека Бензема „со главата повеќе не е во фудбалот“.
Поради тоа тој размислува да стави крај на кариерата, а наводно веќе имал понуда за работа од Реал Мадрид.
Поранешниот француски репрезентативец би станал амбасадор на Реал Мадрид. Бензема играше за Реалод 2009 до 2023 година.
Кариерата ја започна во Олимпик Лион, таму помина четири години, а потоа се пресели во Реал.
За француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона без Јамал во дербито против Атлетико
Барселона моментално е во резултатска криза во домашниот шампионат. Во последните пет натпревари во Примера, Каталонците забележаа само една победа. Блауграна синоќа доживеа сензационален пораз на домашен терен од Леганес (0:1).
Барселона остана на првото место, но сега ист број на бодови има и Атлетико Мадрид. Реал е на третото место со бод помналку, а треба да се истакне дека двата мадридски клуба имаат одиграно еден натпревар помалку.
Потенцијално поголем проблем за Каталонците е што се повреди нивниот главен играч, 17-годишниот Ламин Јамал. Од клубот преку официјални канали потврдија дека Шпанецот ќе биде надвор од терените околу еден месец, односно три до четири недели поради повреда на лигаментите на скочниот зглоб.
Ова е голем удар за Барселона, која во следното коло ќе игра против Атлетико Мадрид на домашен терен, а потоа следуваат натпреварите од Копа дел Реј против Унион и Суперкупот против Атлетик Билбао.
Јамал потенцијално би можел да се врати за натпреварот од Ла Лига против Хетафе, кој е закажан за 19 јануари 2025 година.
Спорт
Ѓоковиќ и Кирјос ќe играат дубл во Австралија
Новак Ѓоковиќ и Ник Кирјос заедно ќе играат двојки во Австралија. Ова го објави Кирјос на своите профили на социјалните мрежи.
Ѓоковиќ и Кирјос ќе настапат во дубл на турнирот во Бризбејн. Инаку, на овој турнир двајцата ќе играат и сингл.
Ова ќе биде прво вакво партнерство меѓу Србинот и Австралиецот по неколкугодишни најави откако ги надминаа сите несогласувања и станаа големи пријатели.
За потсетување, Новак ќе ја отвори новата сезона во Бризбејн, турнир кој почнува на 29 декември, а ќе се загрева и во сингл и во двојки за Австралија опен, кој почнува на 12 јануари.
Од друга страна, тоа ќе биде прв турнир за Кирјос по долго време. Тој паузира повеќе од една година поради разни повреди.
Спорт
Луис Енрике ги отпишал Коло Муани и Шкриниар
Рандал Коло Муни, во зимскиот преоден рок ќе бара нов клуб. Тренерот, Луис Енрике го известил раководството на клубот дека Коло Муани и Милан Шкриниар не се во неговите планови. За Коло Муани ПСЖ на Ајнтрахт, минатото лето му плати 95 милиони евра, а Шкриниар во Париз пристигна без обесшететување од Интер.
Интерес за Коло Муани покажале клубови од Премиер лигата и Германија. Први во низата се Манчестер јунајтед и Њукасл.
„Црвените ѓаволи“ треба да доведат нов напаѓач, а дали тоа ќе биде Виктор Џекерес или можеби Коло Муани, останува прашање. Од друга страна, Њукасл многу лесно би можел да остане без Александар Исак, а замена гледаат во напаѓачот на ПСЖ, Коло Муани, кој исто така би можел да се врати во Германија каде е заинтересиран Лајпциг.
Во текот на кариерата Коло Муани играше и за Нант и Булоњ. За француската репрезентација одигра 27 натпревари и постигна осум гола.