Контакт

Спорт

Бензема-шоу во Баскија, Реал „бега“ дури осум во Шпанија!

Објавено пред

Карим Бензема постигна два гола во првите 7 минути игра на „Сан Мамес“ за Реал Мадрид да си замине со 2:1 победа кај Атлетик Билбао, за да избега дури 8 поени пред Севилја на табелата во Шпанија.

dobivaj vesti na viber

Бензема има постигнато неверојатни 20 голови оваа сезона во сите натпреварување за „кралевите“, а еден од најубавите му беше на стартот на гостувањето пред Божиќ со фантастичен удар од далечина. Атлетик одговорија на овој „атомски“ старт на лидерите со голот на Оихан Санцет во 10. минута, но предноста тимот на Карло Анчелоти не ја испушти до крај.

Реал по 19 меча има 46 меча, Севилја е втора со 38 (иако со натпревар помалку), а Бетис се трети со 33. Градскиот ривал Атлетико по четири порази во низа заостанува 17 поени,  а Барселона има 18 поени негатива…

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Спорт

(Видео) Карабаг со играч помалку во 122.минута ја елиминира Брага, нестварен пресврт на Фрајбург

Објавено пред

Нестварни реванши во Лига Европа вечерва се видени на стадионите во Фрајбург и Баку. Пласман во осминафиналето изборија Фрајбург и Карабаг.

dobivaj vesti na viber

Карабаг и Брага одиграа нестварен меч, кој кулминираше во продолженијата, во кои домашниот тим со играч помалку постигна два гола. Брага победи во Баку со 3:2, но доживеа елиминација бидејќи Карабаг во првиот натпревар славеше победа 4:2.

Откако Карабаг во 57.минута остана со фудбалер помалку, Брага ја започна доминацијата на теренот и со головите на Фернандеш и Џало избори продолженија.

Во 102. минута Силва го намали резултатот на преполниот „Стадион Тофик Бахрамов“. Но тука не беше крај на драмата, Банза во 115. минута реализираше пенал и повторно го изедначи вкупниот резултат. И кога сите очекуваа дека пеналите ќе го решат патникот во осминафиналето, во 122. минута Акундзаде предизвика нова експлозија на стадионот за вкупни 6:5 и солзи на тренерот Курбан Курбанов.

Драматично беше и во Фрајбург каде домашниот тим во 92.минута се избори за птродолженија, а во 99. за место во осминафиналето.

Фрајбург го елиминираше Ленс и покрај тоа што францускиот тим имаше предност од два гола, преку Давид Переира да Коста и Ели Ваи.

Унгарецот Роланд Шалај во 69-та го намали резултатот, а во 92.минута со вториот гол го однесе натпреварот во дополнителните 30 минути. Точка на натпреварот стави Австриецот Грегориќ. .

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Динамо го елиминираше Бетис од Конференциската лига

Објавено пред

Фудбалерите на Динамо Загреб се пласираа во осминафиналето, во Конференциската лига. Во реваншот во Загреб, Динамо одиграа 1:1 со Бетис и со вкупни 2:1 го елиминира шпанскиот тим.

dobivaj vesti na viber

Бетис поведе преку Седрик Бакамбу. Камерунецот во 38.минута ја искористи асистенцијата на Руибал и со петица го совлада голманот на Динамо. Претходно капитенот на Динамо, Бруно Петковиќ ја погоди стативата.

Динамо на сличен начин го израмни резултатот, Хоџа го пронајде Јапонецот Канеко, кој на голема радост на домашните навивачи го победи Силва.

Поранешниот македонски репрезентативец, Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за Динамо.

Прикажи повеќе...

Спорт

Еурофарм Пелистер поразен во Кил

Објавено пред

Ракометарите на Еурофарм Пелистер, во 12.коло во Лигата на шампионите, вечерва доживеака пораз во Кил 29:23 (19:10). Шампионот на Македонија и Целје се единствените тимови беа освоен бод во досегашниот тек од лигата.

dobivaj vesti na viber

Еурофарм Пелистер одигра ужасно прво полувреме. Фаворитот Кил натпреварот го отвори со предност 6:1, потоа беше и 11:4, а во финишот на првиот дел разликата беше двоцифрена (17:7).

Во второто полувреме македонскиот шампион го поправи впечатокот. Вториот дел „зелените“ го добија со 13:10.

Богдан Радивојевиќ со шест и Жарко Пешевски со четири гола беа најефикасни кај Пелистер. Дбар меч одигра и голманот Лесјак, заврши со 11 интервенции.

Кај Кил се истакна репрезентативецот на Фарските острови, Скипаготу со осум гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Коалицијата Вреди: Али Ахмети се исплаши од Таравари, Бујар Османи оди курбан

„Изјавата на Ахмети за „големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени...

Македонија7 часа

Застарува предметот „Моќник“, во кој е обвинет Антонијо Милошоски

Предметот „Моќник“, во кој е обвинет пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, застарува, соопшти Кривичниот суд. „Поради интерес на медиумите и...

Македонија7 часа

Синдикатот ги повика пратениците: Не гласајте измени со кои судската администрација нема да добие покачување на платата од 2.000 денари

Претседателката на Независниот синдикат на судска администрација, Јасмина Величкова, ги повика пратениците да не ги гласаат законските измени со кои...

Македонија7 часа

Лекарската комисија не дала прецизно мислење од што треба да се лекува Леонид, Фондот за здравство вина гледа и во законот

Вината за случајот со младиот Леонид, Фондот за здравство ја гледа во првостепената лекарска комисија која го донела конзилијарното мислење,...

Македонија9 часа

Манолева за Леонид Индов: Родителите немаат побарано мислење дали е можно лекувањето или рехабилитацијата да се заврши кај нас

Иако семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјата се исцрпени сите можности за...

Македонија10 часа

Граѓаните се во агонија, време е за женска димензија во политиката, рече Силјановска-Давкова

Сакам jавно да изразам благодарност до сите свои колеги и колешки кои ме уверуваа дека сум добро решение за кандидатка...

Македонија10 часа

Апанажа за Ковачевски и Спасовски во период од една година – ќе добиваат по 2.500 евра месечно

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски...

Македонија10 часа

Мијалков ослободен од обвинението за „Трезор“

Основниот кривичен суд Скопје донесе ослободителна пресуда за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексначалникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и...

Македонија10 часа

Во март ќе им се зголеми платата на сите вработени во здравствениот сектор, потврди Манолева

Лекарите, помошно-техничкиот персонал и административните службеници во здравствениот сектор ќе добијат повисоки плати во март, потврди денес заменик-министерката за здравство,...

Македонија11 часа

Бујар Османи ќе биде кандидат за претседател на ДУИ

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе биде кандидат за претседател на Демократската унија за интеграција, најави лидерот на партијата, Али...

Македонија12 часа

(Видео) Пратеници во инспекција: со стари дипломатски пасоши се поминува граница, со регуларните не

Пратениците Бране Петрушевски и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ со автомобил тргнаа кон македонско-бугарската граница, со цел, како што велат, да...

Свет14 часа

Кучето на Бајден најмалку 24 пати каснало членови на Тајната служба

Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден најмалку 24 пати каснало агенти на американската тајна служба, кои се грижеле за безбедноста...

Свет14 часа

„Политико“: Повеќе од 20 земји сакаат холандскиот премиер да биде новиот шеф на НАТО

Холандскиот премиер Марк Руте обезбеди поддршка од две третини од земјите на НАТО за да ја предводи воената алијанса подоцна...

Свет14 часа

(Видео) Пукање на автопат во Израел, вооружени цивили им возвратија на терористите

Израелската полиција соопшти дека еден Израелец е убиен, а осум се ранети, од кои тројца потешко, во пукотница на автопатот...

Македонија15 часа

Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Димитар Ковачевски покажува дека ниту има демократски капацитет, ниту има култура и елементарно воспитание, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Без никаков повод, само...

Регион15 часа

Четири земјотреси ја погодија Хрватска за помалку од два часа

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Хрватска неколку минути по 7 часот, регистрира Сеизмолошкиот завод...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија1 ден

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија1 ден

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија1 ден

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...