Спорт
Бернардески подготвува шокантен трансфер

Италијанскиот репрезентативец Федерико Бернардески како слободен играч го напушти Јувентус. Бернардески во петтте сезони кои ги мина во Јувентус, не ги оправда вложените 40 милиони евра во неговиот трансфер.
Интерес за Бернердески, бидејќи е слободен играч постои, но како сега стојат работите, тој се подготвува да го шокира фудбалскиот свет со изборот на новиот клуб.
„Скај спорт Италиј“, тврди дека Бернердески сериозно ја разгледувал опцијата да им се приклучи на сонародниците Лоренцо Инсње и Доменико Кришито во тимот на Торонто.
Торонто на Бернардески му нуди одличен договор за три сезони, и поголема плата од онаа што ја имаше во Јувентус. Покрај Торонто, Бернардески се поврзува и со Интер од Мајами, но тешко е да се очекува дека ќе потпише за клубот на Дејвид Бекам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпик Марсеј му приреди победничко деби на Тудор

Олимпик Марсеј победнички го стартуваше новиот шампионат на Франција, со надеж дека може да му парира на ПСЖ. Фудбалерите му приредија победничко деби на тренерот Игор Тудор на „Велодром“ откако со 4:1 го совладаа Реимс.
Фаес си даде автогол на самиот старт на мечот, а Нуно Тавареш зголеми на 2:0 пред полувремето.
Во вториот дел, Луис Суарез беше стрелец на два гола, а почесниот погодок за гостите беше дело на Фоларин Балогун.
Спорт
Левандовски постигна првенец, Барса блескаше на „Гампер куп“

Барселона е подготвена за почетокот на новата сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите. Традиоционално, последниот тест е „Гампер куп“ на „Камп Ноу“, а вечерва каталонскиот гигант го совлада Унам Пумас со 6:0.
Полскиот голгетер Роберт Левандовски погоди во третата минута и го постигна првенецот, а Педри зголеми на 2:0 само две минути подоцна. До крајот на првиот дел погодија и Осман Дембеле и повторно Педри.
Во второто полувреме Обамејанг и Френки де Јонг дадоа глазура на убедливиот триумф.
Спорт
Мората го растури Јувентус, Алегри го сака назад во Торино

Атлетико Мадрид во пријателски натпревар го декласираше Јувентус со 4:0, а првите три гола ги постигна поранешниот, а можеби и иден играч на Јувентус, Алваро Мората.
Тој во десеттата минута првпат ја погоди мрежата на „старата дама“. На 2:0 зголеми во 43. минута, а хет-трикот го комплетираше во 62. минута.
Конечниот резултат го постави Куња во 92. минута.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, се обидува да го врати Мората во Торино, а тој го потсети за каков врвен напаѓач се работи. Сепак, Атлетико ќе се согласи на договор само доколку комплетно го продаде 29-годишниот шпански фудбалер.
Мората последните две сезони ги мина на позајмица во Јувентус, а особено беше успешен во последната. Атлетико бара околу 35 милиони евра за Мората.