Спорт
Бернардо Силва: Титулата му ја посветувам на мојот дедо

Манчестер Сити триумфираше во Лигата на шампионите откако во финалето го победи Интер со 1:0.
Еден од најдобрите играчи на „граѓаните“ во текот на сезоната, Бернардо Силва, титулата му ја посвети на починатиот дедо.
„Го направивме тоа за луѓето и за тимот. Многу сум среќен, испишавме историја. Отсекогаш сакав да го освојам овој пехар. Сакав да ме види дедо ми, за жал повеќе не е со нас, овој успех му го посветувам нему. Многу сме среќни, беше тешко, едноставно не можам да опишам, но сето тоа на крајот вредеше. Тимот го заслужува тоа, навивачите го заслужуваат тоа. Подобро не може, сега треба да славиме“, изјави Бернардо Силва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Интер без Павар против Барселона

Фудбалерот на Интер, Бенжаман Павард, ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Барселона поради повреда на левиот глужд, објавија италијанските медиуми.
Павар се повреди во неделата за време на првенствениот натпревар против Рома (0:1) и нема да патува за Шпанија, објавија „Газета дело Спорт“ и „Скај Италија“.
Францускиот фудбалер се повреди при дуел со противнички играч. Откако доби помош, тој се обиде да ја продолжи играта, но набрзо мораше да го напушти теренот.
Италијанските медиуми објавија дека Маркус Тирам, кој ги пропушти последните три натпревари поради повреда на мускулот, би можел да се врати во тимот на Интер.
Во последните осум дена, Интер претрпе три порази, во првенството против Болоња (0:1) и Рома (0:1) и во реваншот од полуфиналето на Купот против Милан (0:3).
До минатата недела, Интер беше во трка за тројната круна, но по елиминацијата од Купот, тоа веќе не е можно.
Тимот се бори за два трофеи, во Лигата на шампионите и во Серија А, во која, по два последователни порази, падна на второто место на табелата со 71 бод, три помалку од водечкиот Наполи.
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Интер и Барселона ќе се игра во вторник од 21:00 часот во Шпанија.
Во второто полуфинале, во вторник во Лондон, Арсенал го пречекува Пари Сен Жермен во 21:00 часот.
Спорт
Сака ќе го продолжи договорот со Арсенал

Букајо Сака ќе ја продолжи соработката со Арсенал во следните неколку дена.
Најголемата ѕвезда на тимот од Лондон се согласи да потпише нов договор со тимот за кој игра практично целиот свој живот.
Се очекува веста наскоро да биде официјализирана, како и финансиските детали и време траењето на новиот договор.
Сака е во Арсенал од 2008 година, а потпиша професионален договор во 2018 година. Досега има одиграно 257 натпревари за „топџиите“.
Оваа сезона, тој има можност да го одведе Арсенал до финалето на Лигата на шампионите за прв пат од 2006 година.
Спорт
Реал подготвува церемонија за збогување и нова улога за Анчелоти

Најтрофејниот тренер на Реал Мадрид во неговата историја, Карло Анчелоти, ќе ја напушти позицијата ова лето, а „кралскиот клуб“ одлучи достоинствено да се збогува.
Анчелоти ќе го напушти клубот една година пред истекот на договорот, а раководството на клубот одлучи да му ги исплати сите плати што му следуваат според договорот, без оглед на тоа што нема да работи.
Во исто време, тој потоа ќе стане почесен амбасадор на клубот, иако најверојатно ќе стане селектор на бразилската фудбалска репрезентација.
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, сака да се раздели со Анчелоти на најубав можен начин, без никаква дамка, како што беше случајот претходно при разделбата на некои клупски легенди.
Перез планира да му приреди на италијанскиот тренер посебна церемонија за време на последниот натпревар од сезоната против Реал Сосиедад, кога треба да му биде одадено признание за сите трофеи што ги освоил и неговиот придонес за клубот.