Спорт
Бешикташ има нов тренер

Фудбалскиот клуб Бешикташ го доби третиот тренер од почетокот на сезоната. Клубот објави дека нов тренер е Валеријан Исмаел.
Исмаел на клупата го замени Ондер Каравелија, кој доби отказ по само два месеци. Бешикташ, на последните четири натпревари забележа четири порази. Цехот за лошите резултати го плати тренерот.
Инаку, Каравелија, во декември минатата година дојде на местото на Сергеј Јалцин.
Исмаел со Бешикташ потпиша договор до јуни 2023 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милер прогнозира: Ќе биде 2:2, Ливерпул ќе победи на пенали

Фудбалерот на Баерн, Томас Милер, верува дека Ливерпул вечерва ќе стане европски првак. Тој вели дека дуелот помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид може да се реши само со пенали, а на Ливерпул му дава поголема шанса да го освои трофејот.
Милер ќе има по еден поранешен соиграч во секој тим – Тиаго Алкантара во Ливерпул и Давид Алаба во Реал. Иако вели дека верува оти Ливерпул е подобар тим, Милер додава дека не смее да се занемари историјата на Реал во Лигата на шампионите.
„Мојот впечаток е дека Ливерпул е подобар тим. Но, сето она што Реал го направи во Лигата на шампионите го прави тим што никој никогаш не треба да го отпише. Предвидувам дека ќе биде 2:2 и дека Ливерпул ќе победи на пенали“, изјави Милер за германскиот весник „Тз“.
Ливерпул оваа сезона освои две титули на пенали, во Лига купот и ФА купот. Особено впечатлива беше серијата во финалето на Лига купот, која беше решена дури по 11 серии.
Финалето на Лигата на шампионите се игра вечерва во Париз.
Спорт
Официјално заврши ерата на Абрамович во Челси

Роман Абрамович конечно успеа да го продаде лондонски Челзи и сега славниот англиски клуб доби нови сопственици.
Челзи со официјално соопштение во саботата наутро потврди дека преговорите влегле во завршна фаза во петокот навечер и дека клубот е продаден.
Нов сопственик на клубот е Тод Боили, сопственик на безбол клубот Лос Анџелес Доџерс.
Конзорциумот – предводен од Боили, како и Кларк Капитал, Марк Волтер и швајцарскиот милијардер Хансојерг Вис, ќе му плати на клубот околу 4,5 милијарди долари и ќе биде обврзан да инвестира уште 1,7 милијарди долари во него.
Боили, американски инвеститор и бизнисмен, има пријавена нето вредност од 4,5 милијарди долари (3,6 милијарди фунти), според Форбс.
Покрај тоа што е сопственик на Доџерс, тој има удел и во Лос Анџелес Лејкерс, а сопственик е и на женскиот НБА тим Лос Анџелес Спаркс.
„Челзи може да потврди дека е постигнат конечен и дефинитивен договор за продажба на клубот на Тод Боили / Клирлејк Капитал. Трансакцијата се очекува да биде комплетирана во понеделник. Клубот потоа ќе објави дополнителни информации“, се вели во соопштението.
Ова и официјално значи крај на ерата на Роман Абрамович на „Стенфорд Бриџ“. Во ерата на Абрамович „сините“ освоија 19 трофеи од 2004 до 2021 година, меѓу кои пет во Премиер лигата и две во Лигата на шампиони.
Спорт
Страшен инцидент во Инди кар – Леташе со болидот на патеката во Индијанаполис

Американскиот автомобилист Колтон Херта (22) беше дел од еден од најчудните тркачки инциденти во САД. Боолид неконтролирано леташе на патеката во Индијанаполис, откако Колтон со задниот дел удри во ѕидот и целосно се преврте. За среќа, младиот американски возач помина без повреди.
Видеото од автомобилот на „Андрети Аутоспорт“ кој се превртува на патеката на која се вози „Инди 500“, веќе го преплави интернетот.
„Мислам дека влегов во таа кривина премногу брзо“, рече Херта кога се беше готово.
Исто така, младиот возач веднаш по инцидентот разговарал со целата екипа додека се уште бил во автомобилот. Тој бил свесен за се што се случува додека возилото неконтролирано леташе на патеката, а имал среќа што од другата страна можел да го слушне гласот на неговиот татко.
Неговиот татко Брајан е поранешен шампион на Инди кар, кој сега работи како стратег на трките кај својот син. Тој му ги дал клучните упатства, да не го напушта возилото додека не пристигне брзата помош, за да може безбедно да биде извлечен од превртениот автомобил.
Инаку, Колтон е најмладиот победник на трката во Инди кар серијата, а во претходните пет години забележал седум триумфи.
Colton Herta AIRBORNE!
Herta winds up upside down in this crash during #CarbDay practice for the #Indy500. He has been medically cleared. pic.twitter.com/SPHC735E7F
— #Indy500 on NBC (@IndyCaronNBC) May 27, 2022