Спорт
Бетис и Манчестер јунајтед во преговори за Антони

Најголемото разочарување во тимот на Мачестер јунајтед, во последните 10 можеби и повеќе години, играч за кого клубот летото 2022 издвои 95 милиони евра, во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Бразилецот Антони во Манчестер јунајтед дојде на препорака на тогашниот менаџер Ерик Тен Хаг. Ајакс извлече огромна сума за неговиот трансфер. Антони и Тен Хаг успешно соработуваа во Ајакс, што не се случи во Јунајтед.
Бразилецот, поради лошата форма и скандалите кои го следеа во приватниот живот стана вишок. Најпрвин ја загуби дврбата од Тен Хаг, а истото се случува и кај новиот менаџер Рубен Аморим.
Моменталната вредност на Антони, според „Трансфермаркт“, сега изнесува „само“ 20 милиони евра.
Договорот на Антони истекува во 2027 година, јасно е дека Јунајтед не може да очекува дека некој ќе понуди сума за негов трансфер која ќе ги задоволи клупските челници. Реално е Бразилецот да замине на позајмица, но и тука постои проблем. Неговата плата изнесува 12 милиони евра.
„Марка“, пренесува текст на „АБЦ де Севилја“, во кој се наведува дека Антони ќе биде предмет на „најшокантниот трансфер во зимскиот преоден рок“. Според истиот медиум, Реал Бетис, деветтопласираната екипа во Ла Лига сериозно е заинтересиран за Антони.
Шпанскиот клуб веќе стапил во контакт со Јунајтед за да разговараат за условите на договорот.
Според Шпанците, Бетис предложил позајмица во која би преземале помал дел од платата на Антони од 12 милиони евра годишно. Исто така, тоа би било шестмесечна позајмица со опција за продолжување на уште една година, но само доколку Антони се согласи да се откаже од значителен дел од платата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Скршен, заборавен, но не и поразен – Деулофеу ветува спектакуларно враќање

Жерар Деулофеу (31), некогашниот голем талент на Барселона, веќе скоро две години не одиграл официјален натпревар поради сериозна повреда на коленото. Шпанецот призна дека постои можност да се повлече од активниот фудбал, иако сè уште се надева на враќање.
„Ќе биде многу тешко, но сакам да испишам историја – да бидам играчот кој најдолго бил надвор од терените, а сепак успеал да се врати“, изјави Деулофеу.
По инфекција на ’рскавицата кон крајот на 2022 година, неговата состојба дополнително се искомплицирала. „Борбата е и физичка и психолошка. Понекогаш мислам да се откажам, но моето семејство и мојот тим ме држат во игра“, додава поранешниот фудбалер на Барселона, Евертон, Милан, Вотфорд и Удинезе.
Како инспирација го наведува Санти Казорла, кој по 11 операции успеа да се врати на терен и денес на 40 години игра за Овиедо.
Деулофеу за шпанската репрезентација има четири настапи и еден постигнат гол, а најдобрата сезона ја одигра во дресот на Удинезе во 2021/22, кога даде 13 погодоци.
Спорт
Манчестер Сити го продолжи договорот на младата ѕвезда

Манчестер Сити го продолжи договорот на средниот играч Нико О’Рајли, соопшти клубот. Договорот со 20-годишниот фудбалер е продолжен до летото 2030 година.
„Никогаш нема да го заборавам овој ден. Во Сити сум од осумгодишен и да стигнам до првиот тим и да играм за него е остварување на сон. Потпишувањето на нов договор е навистина нешто посебно“, изјави О’Рајли.
„Многу сум горд на себе, како и мајка ми! Таа многу жртвуваше за да стигнам до позицијата на која сум сега, па радоста е и нејзина, исто како и моја“, додаде младата ѕвезда.
„Искрено, ова е само почеток. Има долг пат зад мене, но сакам да продолжам напред, да се усовршувам секој ден и да станам подобар играч. Тука, во Сити, под водство на Пеп, знам дека можам да го постигнам тоа. Ова е најдоброто место за еден фудбалер“, истакна О’Рајли.
„Сакам да им се заблагодарам на сите во академијата, на моите соиграчи, на Пеп, на тренерскиот тим и на навивачите на Сити, бидејќи без сите овие луѓе кои ме поддржуваа, ништо од ова не би било возможно“, додаде тој.
О’Рајли е производ на младинската школа на Манчестер Сити и има одиграно 27 натпревари за првиот тим на „граѓаните“, постигнувајќи пет голови и остварувајќи две асистенции.
Спорт
Бруно Фернандеш промаши пенал, Јунајтед поразен од Брентфорд

Манчестер Јунајтед повторно разочара, овојпат со пораз од Брентфорд (3-1) во Лондон, во меч од шестото коло на Премиер – лигата. Херој на домаќините беше Бразилецот Игор Тијаго со два погодоци уште во првите 20 минути.
Јунајтед се врати во игра преку новајлијата Бењамин Шешко, кој го постигна дебитантскиот гол и намали на 2-1, но тоа беше максимумот што „црвените ѓаволи“ го покажаа. Во второто полувреме гостите доминираа, но најголемата шанса ја прокоцка капитенот Бруно Фернандеш, откако неговиот пенал го одбрани Каомин Келехер.
И покрај офанзивните измени на Рубен Аморим, Јунајтед не најде решение во нападот, а во длабокото судиско продолжение Матијас Јенсен ја запечати победата на Брентфорд.
Ова е нов тежок удар за Манчестер Јунајтед, кој и натаму ја разочарува својата навивачка армија со нестабилни настапи и порази.